Сликиве како од
Silent Hill
Ако сакаме да го релативизираме проблемот, точно дека магли имаше и порано, посебно околу Св Никола ама магла и смог...
Министерството за животна средина го следи нивото на загадување преку неговата мреж
а на мониторинг станици. Има пет во Скопје, две во Битола, две во Велес, по една во Кичево, Куманово, Кочани, Тетово, Кавадарци и во селото Лазарополе и две во близина на рафинеријата ОКТА (близу селата Миладиновци и Мршевци). Во септември 2011 година се активираа уште две мерни места. Овие станици мерат повеќе загадувачи на воздухот, вклучувајќи ги и важните PM10.
Во 2008 година, просечната годишна концентрација на PM10 во Скопје била 80 микрограми на метар кубен, а во 2011 година пораснала на просечни 130. Ова остро зголемување е загрижувачко. Во земјата во целина, просечната концентрација од околу 70 микрограми во 2008 година ја стави Македонија на околу 70-то место во светот по чистота. За споредба, просечната концентрација во земјите на ЕУ15 е 26 микрограми, што е доста под граничната вредност од 40. Уште позагрижувачки е дека меѓу урбаните области,
во 2008 година, Скопје беше рангирано на 100-то место по загаденост (од околу 1000 градови), а во 2011 беше на 40-то место. Скопје има далеку најзагаден воздух во Европа, следено од Сараево со околу 120 микрограми и повеќе турски градови со ниво од околу 100 и бугарски градови со околу 70. Меѓутоа, годишните просеци не ја кажуваат целата приказна. Дневните вредности се исто така критични. Поради тоа, ЕУ утврдила дневен стандард за PM10 од 50 микрограми кој не треба да се надмине во повеќе од 35 дена во годината. Според овој стандард, квалитетот на воздухот во Скопје е дури и поалармантен.