Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Можеби денес не се греат на дрва или јаглен сите, ама и сега горењето дрва (и ѓубре) е најупотребуван метод за греење. Само што сега бројката на оџаците е барем пет пати зголемена од тогаш.

Додај го и фактот дека денес луѓето помалку домаќински размислуваат, јас лично знам неколкумина кои (влажни) дрва купија помалку од месец дена пред грејната сезона. Наместо да купат дрва на пролет или лето, за да имаат време дрвата убаво да се исушат и да горат поефикасно.
Ле,ле колку напишам ми се избриша.
Само што се вратив од прошетка по село и населба Г.Лисиче.
Иако таму сите се греат на дрва,нема денес такво загадување како вчера,дали тоа некое ветре дувнало ноќеска и денеска. И провидноста е добра.
Ни еве и што друго видов. Тамошни жители,земаат од тамошните столари дрвена струготина што останува од сечењето. Таа потоа ја ставаат врз распалено огниште во шпоретите а таа пак потоа полека гори,поточно чади и така ја одржава топлината.
Дали е ова добро и дозволено незнам.
 
А да ставиме два големи вентилатори? Еден во Ѓорче, еден во Автокоманда. Тој од Ѓорче ќе внесува, тој од Автокоманда ќе го вади воздухот. Таков ветер ќе се создаде...ни чад, ни честичка нема да остане. Ќе отворам тема за ова во Наука, ама да не испадне немаме физичари, па џабе муабетот да биде. Шала на страна, цело Ѓорче е на дрва и супер се дише. Не кажувајте приказни дека само во зима е проблемот.
 
Можеби денес не се греат на дрва или јаглен сите, ама и сега горењето дрва (и ѓубре) е најупотребуван метод за греење. Само што сега бројката на оџаците е барем пет пати зголемена од тогаш.

Додај го и фактот дека денес луѓето помалку домаќински размислуваат, јас лично знам неколкумина кои (влажни) дрва купија помалку од месец дена пред грејната сезона. Наместо да купат дрва на пролет или лето, за да имаат време дрвата убаво да се исушат и да горат поефикасно.
Не пет пати него и педесет пати е поголема бројката на оџаците во околината на Скопје од сите четири страни.
На пример,зборам за пред 50 години за да одиш до Кадино село,поминуваш Маџари па ПЕТ КИЛОМЕТРИ ливади и бавчи па потоа неколку куќи во Белимбегово и повторно ПЕТ КИЛОМЕТРИ ливади и бавчи а богами и лозја и вртиш десно за Кадино село.
А денес е се тоа куќа до куќа (300-500 кв плац) поточно Скопје е обиколено од источната страна со овие куќи на број колку било кој друг град во Македонија.
Така е и на сите други страни на пример на западната,за да стасаш во Сарај или во Волково да наполниш кисела вода во тоа лозјето пред 50 години,го поминуваш Тафталиџе и долно Нерези со по некоја куќа а потоа повторно пет километри немаш куќа да видиш. А сега таму е се куќа до куќа,на број ако ги имаме значи оџаци Од преку Вардар па до Тетово ако биле најповеќе 1000-2000 ,е сега се 10 пати повеќе.
Е тука го гледам проблемот Скопје е обиколено со илјадници домашни оџаци од сите страни,додека сега од Влае до Фон на прсти ќе изброиш колку се греат со дрва. Ама пак во овој 20 км дел пак сега преку цел ден и цела ноќ чурат некои други оџаци блиску до задното тркало кои се и на брои повеќе и допринесуват за загаденоста на воздухот. Сега секој оџакот си го носи со себе под газ, јасно.
И не е до фабриките секако и точка.
Загаденост на воздухот:30 % од несоодветни печки на несоодветни дрва .
..........................................40’ % од оџаци под секој газ и дење и ноќе.
..........................................10 % од местоположба на градот,котлина,протисок,ветер.
...........................................10 % од висококатници и затварање на природен провев.
............................................10% од индустриски капацитети и неисправни филтри.
 
Нема фабрики за да биде од нив. Несоодветни печки и дрва жими... Па и во лето е загадено, престанете веќе со тоа греење. Не можеш да смениш местоположба на град, ама затоа можеш да оставиш природен проток на воздух. Кој к*р изградија Порта Влае? Знаеш? За господата во Карпош да не им дувал ветер од Шар Планина! Е, кога е така, гушете се сега. Глупаци едни. А и целиов муабет е наопаку. Под загадување на воздух не се подразбира само чад. Каде е хемија, каде е прашина, каде е радијација и јонизирачко зрачење? Или тоа не ве учеле во школо...
 
Знам јас и подобро,но може и да се направи еве анкета со овие парашања па ќе добиеме некои проценти од што е тоа бар од нас членови на Кајгана.
Инаку прво ставив оџацине под газ 60 %,ама треба и избор демократија за глас.
 
Затоа што маглата се состои од природни пм10 и пм2.5 честички?!??

Oh, wait...

Јак аргумент. Јас не ти барав состав на маглата, ниту пак што значи. Туку ја номинирав како пример, како метеоролошка појава која се јавува воглавно на зима.

Зошто ги отфрлаш сите климатски особености како фактор, како режим кои се надополнуваат при проблемите на градот и животната средина.

Бидејќи се зафати за зиме - лете принципите.

Еве, кажи ми нешто околу тоа, зошто имаме поинакви атмосферски појави, поинакви воздушни маси и било какви климатски режими на зима, него во останатиот период во годината.

Ти викам, kill the poor tonight...
 
Нема фабрики за да биде од нив. Несоодветни печки и дрва жими... Па и во лето е загадено, престанете веќе со тоа греење. Не можеш да смениш местоположба на град, ама затоа можеш да оставиш природен проток на воздух. Кој к*р изградија Порта Влае? Знаеш? За господата во Карпош да не им дувал ветер од Шар Планина! Е, кога е така, гушете се сега. Глупаци едни. А и целиов муабет е наопаку. Под загадување на воздух не се подразбира само чад. Каде е хемија, каде е прашина, каде е радијација и јонизирачко зрачење? Или тоа не ве учеле во школо...
Еве малку времеплов.Повеќето го познавате Аеродром,сегашниов Аеродром.
Но до пред 40 + години Аеродром беше аеродром. Крајот на градот на таа страна беше тогаш кај што е сега воениот базен а беше и тогаш. Или поточно кај-до стариот пазар.
Од таму па се до недоглед беа ливади и дрва. И многу далеку таму некаде едно село,Горно Лисиче,значи село а тоа значи неколку куќи.Можете ли сега тоа да го замислите,зелен простор колку Прилеп на источната страна од градот. И последното парче земја на оваа страна,нивата со бостан карши Мирко ја претворија во згради.
Сега зградите се до оградата на тие куќи од Самоков,Бистрица,Ропотово,Слепче. За кого е пак се тие згради е друго прашање.
 
Јак аргумент. Јас не ти барав состав на маглата, ниту пак што значи. Туку ја номинирав како пример, како метеоролошка појава која се јавува воглавно на зима.

Зошто ги отфрлаш сите климатски особености како фактор, како режим кои се надополнуваат при проблемите на градот и животната средина.

Бидејќи се зафати за зиме - лете принципите.

Еве, кажи ми нешто околу тоа, зошто имаме поинакви атмосферски појави, поинакви воздушни маси и било какви климатски режими на зима, него во останатиот период во годината.

Ти викам, kill the poor tonight...
Остај ги ти кенедиевците, и кажи какви/кои климатски феномени предизвикуваат загадување со пм10 честици?
Макар избаци некоја теорија... било што логично, било која метеоролошка појава што би предизвикувала до 10 пати зголемени концентрации на пм10 и пм2.5 во зима (за разлика од лето)??!?

Сакаш јас да се обидам... еве торнадо ветрови теоретски можат да го направат тоа. Кога последен пат си видел торнадо во Македонија?

Од друга страна отвори прозор и изгледни се шансите дека и во комшии имаш оџаци. Оџаци кои чурат густ чад богат со пм10 и пм2.5, заради тоа што се употребуваат печки со неефикасно согорување.

Затоа следен пат кога ќе си испееш рефренот за сиромашните, сети се дека тие неефикасни печки им прават економски зијан на власниците, и не трујат сите во градов. Со поефикасни печки, ќе заштедат неколку пати на потрошувачка на дрва, и нема да го трујат градот. Такви печки се прават и во сопствена изведба, за многу малку пари.
Само со ваква еколошка свест на рајава овде, прво требаат регулации и закони да ги поттурнат работите во права насока.
 
КУРир, Република, Шител не знам шо ги линкувате.....
МТВ во дневникот во 5 имаше прилог поштетен и од самото загадување: разговор со учката-министер, Ванглештјан плачеше по Катлановско Езеро кое го исушиле клетите комуњари, посета со инспекторите во цементара o_O:facepalm::place: и врв на глупоста - како и другите европски градови биле многу загадени, па Париз загаден, па Будимпешта, па Сараево.....може скопскиов прдеж да им го пакуваме во кеси уште пари да праиме од него....
 
Да, во сите вести суптилно напомнуваат, во тој и тој европски град се мачат со загадување на воздухот. Не дека гледам вести (било кои) ама чекав второ полувреме од ракомет утакмицата Вардар и Металург.
Треба секаде да се исмеваат ваквите провидни мачкања на очи на јавноста.
 
Абдулаќим Адеми : Доколку сега излеземе на булевар ќе видиме дека во секое возило се вози само возачот, не се користи јавниот превоз и не се пешачи.

a потоа следи препорака:
Прозорците затворени, на работа пеш
Загаденоста во градот Скопје една недела е над дозволеното, а локалната самоуправа излезе со препораки до граѓаните да не престојуваат на отворено, да не проветруваат, да не ги користат автомобилите ако не е неопходно. Меѓу препораките се и да не се користат апарати за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасен одвод на димните гасови, граѓаните и правните лица да ги одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и слично.
:facepalm:
И прашањето ми е:како ќе пешачат без да престојуваат на отворено?
--- надополнето: 17 декември 2013 во 19:57 ---
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C1F619CA98C5F94CB3CA465E6B975754
 
Извор: http://kajgana.com/vladata-usvoi-merki-i-preporaki-za-zagaduvanjeto
----
Владата усвои мерки и препораки за загадувањето

Текст: Макфакс
Македонија | 17 декември 2013

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, децата да не се изнесуваат надвор, градежните работници да работат од 11 до 17 часот, а здравствените установи да бидат во полна приправност и да обезбедат доволен број капацитети.
vladata-usvoi-merki-i-preporaki-za-zagaduvanjeto-163689.jpg

Ова се клучните препораки што ги донесе денеска македонската влада за скопскиот, тетовскиот, битолскиот и кичевскиот регион, каде е забележано присуство на поголеми од предвидените концентрации на материи во воздухот.

Со оглед дека во наредните денови не се очекуваат ветрови и врнежи, мерките ќе важат до сабота, за кога владата ќе изврши реоценување на ситуацијата.

Според податоците за состојбата со воздухот што ги презентираа министерот за животна средна и просторно планирање Абдилаќим Адеми и владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, неколку дена имало надминување на среднодневната гранична вредност Скопје, Тетово, Битола и Кичево.

Покрај претходно наведените мерки, владата наложи и 13 други препораки ги кои се во насока на намалување на емисијата на честички во воздухот.

Меѓу другото се препорачува на Скопје Тетово, Битола и Кичево да забранат движење на товарни возила во централно градско подрачје од 7:00 до 19:00, освен за возила за снабдување со леб и лекови.

Градските служби во овие четири града секојдневно и интензивно да ги чистат улиците, особено околу градилиштата

Товарните моторни возила, чија крајна дестинација не е градот Скопје, да се насочуваат преку обиколницата на градот

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во соработка со овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори на Градот Скопје и другите општини да вршат секојдневна контрола во инсталациите кои подлежат на А и Б интегрирани еколошки дозволи.

Се задолжува ДИЖС во соработка со инспекторатите на Градот Скопје и другите општини да вршат секојдневна контрола во автосервисите и другите помали компании за кои имаат сознанија дека користат употребувано масло за греење.
----
 
Додека е вака мирно времето, Скопје ќе си биде во магла.
Ветер и снег се решение за загаденоста. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom