Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Тебе баче ти посочив неколку студии за ефектите на чадот од дрва врз човековото здравје... кои студии очигледно е дека не си ги ни разгледал.

Ќе ги погледам по неколку дена сега сум зафатен со друго. Благодарам
 
Ти благодарам и тебе што ќе го направиш тоа.
Во меѓувреме, би било фино да се воздржиш од тврдење дека не е штетно, нешто што е докажано како штетно.
 
Ти благодарам и тебе што ќе го направиш тоа.
Во меѓувреме, би било фино да се воздржиш од тврдење дека не е штетно, нешто што е докажано како штетно.

Немој да се лутиш, веднаш ќе ги прочитам. А ти за тоа прочитај прочитај за
New York City steam system

http://en.wikipedia.org/wiki/New_York_City_steam_system
Погледни колку гасни турбини имаат
 
Значи дојдовме тоа дека смогот не е загадување кое преку цела година се складира во почвата, за баш во зима да се вивне во воздухот?

Ако исклучиво загадувач на воздухот е индустријата (и автомобилите) кои како загадувачи се активни преку цела година... како тогаш во зима загадувањето на воздухот е зголемено до (и над) 10 пати повеќе?

Тоа ти е како да прашаш зошто голфската струја има такви циклуси или зашто сега кај нас е 3 а Стокхолм 6 степени.

Се мигољиш Лурц, мрдаш наваму натаму... ама не те оставам да не одговориш на прашаното.

Каква врска има температурата со загадувањето на воздухот со пм10 честички? А?
Несакајќи идеш накај одговорот.


Кога заземаш став или образложи го или остави ја дискусијата кога ќе те побијат со факти. Ваке не е ни културно ни продуктивно. ;)
 
Пред неколку години и Железара - (Макстил, Скопски Легури и Митал Стил) и Цементара и Топлани и стари автобуси и што уште не имаше и работеше во Скопје, воздухот тогаш каков беше или не ви текнува.
Скопје одсекогаш си било и ќе си биде загадено/задушливо , котлина без ветар што очекувате.
Железара не работи скоро месец дена , Цементара добиле еколошка дозвола и пак загадено е Скопјево.
Спас : Ветерници па да го вртат воздухот :)
 
@Vanlok
Ги прочитав и еве што ми остави впечаток:
Health effects of wood smoke

Most healthy people recover quickly from exposure to wood smoke and do not suffer long-term effects. It is not known how low the level of fine particle pollution must be for it not to affect health.
 
New York City steam system

http://en.wikipedia.org/wiki/New_York_City_steam_system
Погледни колку гасни турбини имаат
Изгледа ефикасно, а инаку некое општо знаење за инфраструктурата на цевките имам од неколку филмови.

Кажи нешто подетално за Те-То. Не се наоѓаат лесно конкретни технички информации, најчесто се некои дневно-политички написи.
Ако работи на природен гас, не гледам каде е проблемот. Многу чисто согорување има гасат... поправи ме ако грешам.
--- надополнето: 16 декември 2013 во 21:09 ---
@Vanlok
Ги прочитав и еве што ми остави впечаток:
Health effects of wood smoke

Most healthy people recover quickly from exposure to wood smoke and do not suffer long-term effects. It is not known how low the level of fine particle pollution must be for it not to affect health.
Со други зборови да не се замараме со смогов, нека го запрат мерењето на концентрација на пм10 честици и сите удри бригу на весеље?

BTW За ова време како стигна макар и апстрактите да ги прочиташ? ;)
 
Изгледа ефикасно, а инаку некое општо знаење за инфраструктурата на цевките имам од неколку филмови.

Кажи нешто подетално за Те-То. Не се наоѓаат лесно конкретни технички информации, најчесто се некои дневно-политички написи.
Ако работи на природен гас, не гледам каде е проблемот. Многу чисто согорување има гасат... поправи ме ако грешам.

Е не е така
Природниот компримиран гас е во најголем дел метан СН4 и поради малата количина на јагленород се смета дека не придонесува до настанување на „ ефектот на стаклена градина “ инаку другото загадување останува
--- надополнето: 16 декември 2013 во 21:14 ---
Со други зборови да не се замараме со смогов, нека го запрат мерењето на концентрација на пм10 честици и сите удри бригу на весеље?

BTW За ова време како стигна макар и апстрактите да ги прочиташ? ;)
Во Скопје загадувањето не е предизвикано од дрва
 
А ТЕ - ТО произведува струја, не само за Македонија туку и за Косово, за Албанија, Јужна Србија и кој знае за кого друг.
Запрашајте се: Дали мораше таква грдосија да се постави во најстрогиот центар на Скопје? Зарем не постоеше ниту едно друго место?


Вака малку можи глупо прашање, ама што е тоа ТЕ-ТО? Топлификација?
 
Вака малку можи глупо прашање, ама што е тоа ТЕ-ТО? Топлификација?

Да... ТЕ - ТО е Топлификација
За ова сум пишувал многу пати во темата Топлификација и нејзиниот....
Да беа тие луѓе на кој им битно нешто за општо добро на граѓаните на Скопје. никогаш нешаме да го изградат ТЕ - ТО, а камо ли да го стават во најстрогиот центар на Скопје
 
Мене ме интересира дали се почитувале струењето на воздух, ружи на ветрови по објекти и дали со објектите покрај Вардар (од зградите кај Орце, преку ѕидот зад стадионот, зградите во центарот до Аеродром и новите згради кои постојано се градат покрај Вардар и на Водно) нема да има дополнително последици врз ветерот кој и така е скоро никаков во Скопско.
Се мигољиш Лурц, мрдаш наваму натаму... ама не те оставам да не одговориш на прашаното.

Каква врска има температурата со загадувањето на воздухот со пм10 честички? А?
Несакајќи идеш накај одговорот.


Кога заземаш став или образложи го или остави ја дискусијата кога ќе те побијат со факти. Ваке не е ни културно ни продуктивно. ;)
За климата не знам, едино да прогуглам ама тоа не е тоа. Ако морам, ќе се обидам. Од само еден предмет учен пред скоро 30 години не можам да кажам каква е скопската клима.
Сега ако може прво некое прашање -Се грееш со дрва, нафта или централно парно? Дали ги прочита податоците за Скопско, слабостите, планираните активности и препораките во акционите планови?
 
Да... ТЕ - ТО е Топлификација
За ова сум пишувал многу пати во темата Топлификација и нејзиниот....
Да беа тие луѓе на кој им битно нешто за општо добро на граѓаните на Скопје. никогаш нешаме да го изградат ТЕ - ТО, а камо ли да го стават во најстрогиот центар на Скопје

Најверојатно заради дистрибуцијата е сограден на тоа место, ама би требало да користи филтри кои ги задоволуваат некои еколошки стандарди.
Инаку проблем на Скопје е што во времето на бивша Ју се централизирале некои работи како рафинеријата која што првенствено била да се изгради во Гевгелија од причина што нафтата се носела од солунското пристаниште.
Потоа исто така и металопреработувачките капацитети биле предвидени за да бидат во Демир Хисар во близина на рудникот, и евентуално да се носат работници од останати градови ако недостасуваат, ама тогашниот естаблишмент немал слух за тие работи.

Инаку кривицата покрај природната местоположба е подеднакво и во досегашните власти и во жителите кои немаат никаква еколошка свест.
 
Најверојатно заради дистрибуцијата е сограден на тоа место, ама би требало да користи филтри кои ги задоволуваат некои еколошки стандарди.
Не
За потребите на затоплување на Аеродром, дел од Центар и Ново Лисиче, Автокоманда, кои гравитираат на Топланата Исток доволни се 20 - 30 MW. А тоа значи когенеративна централа со електрична моќност максимум 10 - 12 MW.
Овде се работи за лакомост ТЕ - ТО има преку 200 MW
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom