Колку е чист воздухот во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
За климата не знам, едино да прогуглам ама тоа не е тоа. Ако морам, ќе се обидам. Од само еден предмет учен пред скоро 30 години не можам да кажам каква е скопската клима.
Сега тебе да те прашувам -Се грееш со дрва, нафта или централно парно? Дали ги прочита податоците за Скопско, слабостите, планираните активности и препораките во акционите планови?
Лурц, пак избегнуваш коректна дискусија. Мора да студираш метереологија за да знаеш дека во зима се ниски температурите?
За тоа како се загревам, друг пат. Во меѓувреме следниот дел од постот се однесува и на тебе.


@Vanlock
Да не погодуваме туку да ги сочекаме резултатите од мерењата
Има мерења. Истите велат дека во зима загадувањето е и до 10 пати поголемо. Индустријата и сообраќајот не се 10 пати поголеми во зима.

Што останува да направи разлика... зима, зима... ладно, ладно... oh wait, па да бе: чадот од греењето со дрва (и секакво ѓубре), е факторот што го има во зима а го нема во другите годишни времиња.
 
Лурц, пак избегнуваш коректна дискусија. Мора да студираш метереологија за да знаеш дека во зима се ниски температурите?
За тоа како се загревам, друг пат. .
според она што го постираш за загревањето на дрва претпоставувам дека не си по тој спорт со дрва или ете нафта.

Заради неактивноста на градот да го дотоплифицира овој дел од Скопје и на државата да се гасифицираат и домаќинствата, непланските градби за кои најверојатно не е земено предвид проветрувањето (грешка која еднаш делумно беше направена во СРМ) како и малиот проток на сообраќајниците и сеуште слабостите во јавниот превоз...сето тоа си го прави своето. Во плановите, анализите и заклучоците се пишува. Таму е објаснето со податоци како и што е тоа што требаше Македонија да направи и со топилница и со Окта и Железара и со домаќинствата и инфраструктурата, од пред околу 20 години.
И што ако некој каже, да од дрвата е? Ништо, возот ќе си врви, ние ќе се гушиме ама мора и да се греме. А такви ризични и по многу нешто неадекватни печки не се решение.
 
Пред себе имам бројки и денови ... Скопје уствари бил загаден град подолго време.

Нема врска ова со греењето со дрвја, да завршиме со тоа.

Лисиче 210-290 денови во текот на годината е ЗАГАДЕНА НАСЕЛБА... не знам јас дека грејната сезона трае 7-10 месеца.
210-290 денови во текот на годината има поголема концентрација на суспендирани честички од дозволеното.

Оваа зима изгледа се работи за преголема загаденост , иначе не мислете дека дишеме чист воздух. (чист не е никогаш, но мислиме кога е под онаа граница)
 
И што ако некој каже, да од дрвата е? Ништо, возот ќе си врви, ние ќе се гушиме ама мора и да се греме. А такви ризични и по многу нешто неадекватни печки не се решение.
Не е сеедно да се каже и да се знае од што е загадувањето, ним нема да им биде сеедно. Карванот си врви кога луѓето се неуки, исплашени и пасивни.

Народот треба да се разбуди, и да разбере дека за својот глас може да бара работи. Треба да се излезе на протести кога ќе најават поскапување на струјата. Кога ќе најават поскапување на лебот.
Не, кога ќе ги повикаат на митинг крлежите кои се одзиваат на името Грујо, Бранко, или кој и да е следен крлеж кој ќе дојде да цица од крвотокот на луѓето.


Такви како нив мора да има во оваа фаза на еволуција на човечкото општество. Но на многу работи може да се влијае, со правото на глас и со барање работи за тој глас.
Ним не им е сеедно дали на следните избори ќе гласаме за нив. На нивните конкуренти не им сеедно за кој ќе гласаме. Тогаш зошто да не се организираме, не како партии, туку како гласачи?
Еднаш ако те заебе некој, тој што те заебал е буљаш. Втор пат ако те заебе, епа тогаш Ти си буљаш. Со барање работи за својот глас, многу работи може да се решат во било која држава.


Едукација Лурц, и вистина. Соочување со вистината, и зајакнување на кичмата. Тоа му фали на овој народ.

И помалку демагогија и лицемерство. Ако дел од проблемот со загадувањето на воздухот е и горењето дрва, тогаш не треба да се цмиздри зошто прво фабриките не затвараат. Треба на врат да им се качиме и за фабриките и за горењето дрва, и за се друго.

Вака со барање влакна, и карање што прво треба да се реши, ништо не правиме.
СЕ ТРЕБА ДА СЕ РЕШИ.
Сите загадувања, и сеедно по кој редослед.
 
Оф леле, без информации, како начешма.
Код, Лупевска, Железарница и другите големи загадувачи
http://www.youtube.com/watch?v=Ma43ua8Fv2Y

Ќе постирам некои реакции и текстови

Еве нека воведат рестрикции во сообраќајот. Но мора да се обезбедат повеќе автобуси за јавниот превоз барем во ударните часови кога се оди/враќа од работа. Еве јас сакам да користам јавен сообраќај (иако возам на плин кој е многу мал загадувач во споредба со другите горива), но во 16:30 е тотално нехумано и егзибиција да се влезе во автобус, дури и сега кога нема никакви рестрикции. Не е поентата само да се даваат препораки, треба да се обезбедат и услови, а не да се чека саат време за да се вратиш од работа. Ова е само колку да се каже дека се дадени некои препораки.

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=32078
Според министерот за животна средина, Абдулаќим Адеми, бројките се алараматни, а штетните честички во атмосферата се за 3 до 5 пет зголемени во општините: Карпош, Аеродром, Гази Баба и Тетово, но само во одреден дел до денот, за што законски не се предивени активности.
„Граѓаните да успеат да ги заменат автомобилите со велосипеди. ...
... „Ова што се случува со постојаното сечење дрва во главниот град е неконтролирано исо далекусежни последици. Властите не успеа да ги предомсилат ниту протестите ниту аплеите од граѓаните. Останува на надлежните да се смилуваат и да го остават зеленилото, или белите дробови на Скопје“, смета Никола Нешковски од „Еко-логик“
„И кога би се охрабриле граѓаните да возат велосипед немаат каде. Кога се гради и се реконструира не се планира простор за велосипедска патека, а таа обврска е на локалната и градската власт“, додава Нешковски
- Вкупната емисија на ПМ10 годишно во Скопје изнесува 3.918 тони. Најголемо учество од 78 отсто има индустријата, потоа домаќинствата и останатите потрошувачи на кои отпаѓа 17,8 отсто и енергетскиот сектор со 4,1 отсто - се вели во ЛЕАП.
Сезонските варијации во климата и појавата на инверзија го засилуваат загадувањето од индустриските емисии кои не секогаш се според стандардите, а за ова во голема мера придонесува и се поголемиот волумен на сообраќајот.

Гасификација или загадени зими
 
Има мерења. Истите велат дека во зима загадувањето е и до 10 пати поголемо. Индустријата и сообраќајот не се 10 пати поголеми во зима.

Што останува да направи разлика... зима, зима... ладно, ладно... oh wait, па да бе: чадот од греењето со дрва (и секакво ѓубре), е факторот што го има во зима а го нема во другите годишни времиња.

Kill the poor tonight.

Еве, рецимо, ко за старт, земи ја климата и климатскот фактор и режим во однос на животната средина. Разликата од лето и зима, recimo.

Пример, зошто на лето нема магла?

Oh, wait.. ќумбињата...
 
А зошто никој не го постави до сега прашањето:нели за Скопје се работи.
На пример какво беше загадувањето на Скопје и дали некои воопшто го спомнал тогаш ова прашање на пример во 1963-64 година точно пред 50 години а тогаш беше градот Скопје со 200 илјади жители.( е не навлегувам тука повеќе иако знам повеќе)
Е колку семафори имаше во Скопје тогаш,ајде да чуеме.
Такси возила,верувале или не сигурно дека на прсти се броеле.
Железничка во центар со постојани „запалени“возеви на јаглен.
Сите училишта,институции и други поголеми објекти имаа свој котли за парно на јаглен. Јас бев ложач на еден таков котел во една интитуција две-три сезони во центар. Колку имаше тогаш капацитет ТЕ-ТО,и каде беше и во кои населби испраќаше пареа. Сите скопски маала а сите беа околу центарот,беа од индивидуални мали куќи и сите се греева на дрва и јаглен.
Поточно Скопје беше,тогаш толкаво,колку што е сега центар.
Значи од Водно (населба водно,беше карши државна) па до Чаир, и од Рампа до универзална сите се греева на дрва и јаглен. И, и немаше вакво загадување.
Ама тогаш,тогаш немаше пред Ибни Пајко и пред железничка такси автомобили туку
се уште беа АМАЛИТЕ со дворачните дрвени колички кои ги буткаа или влечева.
Ама тогаш Лисичани и Кадиноселци,со коњски коли доаѓаа на зелен и бит пазар и тоа преку ноќ,за да и преку ноќ се вратат назад. Тоа беше некаде до 1971 година.
Па еве ако е до фабриките,па тие сега 80% не работат, а кои работеа на времето.
Железара уште маршалот кога беше жив,работеше со сите оџаци и печки,а и многу други фабрики кои сега не работат,ама во 1980 има ли податоци какво и колкаво беше загадувањето,а тогаш веќе си беа оформени околните ск-македонски градови.
Имаше магла,ја паметам баш тие години ама магла беше тоа а не ова како што е сега да не се диши и да ти смета,тогаш само си можел да се изгубиш во маглата.
 
Еве, рецимо, ко за старт, земи ја климата и климатскот фактор и режим во однос на животната средина. Разликата од лето и зима, recimo.

Пример, зошто на лето нема магла?

Oh, wait.. ќумбињата...


Затоа што маглата се состои од природни пм10 и пм2.5 честички?!??

Oh, wait...
 
Еве што владата презема во врска со загадувањето:

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/141165-Vladata-so-interventni-merki-za-zagaduvanjeto
http://www.kurir.mk/makedonija/vest...bili-pomagaat-vo-namaluvanje-na-zagaduvanjeto
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/141152-Cela-Evropa-se-maci-so-vozduhot
http://www.kurir.mk/makedonija/vest...bili-pomagaat-vo-namaluvanje-na-zagaduvanjeto
http://www.kurir.mk/svet/vesti/141193-EEA-Preku-90-od-urbanite-evropski-gradovi-se-izlozeni-na-seriozno-zagaden-vozduh
http://www.kurir.mk/makedonija/vest...bili-pomagaat-vo-namaluvanje-na-zagaduvanjeto
http://www.kurir.mk/makedonija/vest...bili-pomagaat-vo-namaluvanje-na-zagaduvanjeto

Ете, тешете се и на другите им било лошо, ќе ја споредуваат селендрата Скопје со градови со десетици милиони жители како Лондон и Париз.

Патетика, еднаш у сите овие години не беа луѓе од образ да кажеа, да погрешивме ќе пробаме да поправиме, не бе, одма педерската татика, друг е крив, не е само кај нас, ништо не можеме ние.
 
...какво беше загадувањето на Скопје и дали некои воопшто го спомнал тогаш ова прашање на пример во 1963-64 година точно пред 50 години а тогаш беше градот Скопје со 200 илјади жители.( е не навлегувам тука повеќе иако знам повеќе)
...
Па еве ако е до фабриките,па тие сега 80% не работат, а кои работеа на времето.
Железара уште маршалот кога беше жив,работеше со сите оџаци и печки,а и многу други фабрики кои сега не работат,ама во 1980 има ли податоци какво и колкаво беше загадувањето,а тогаш веќе си беа оформени околните ск-македонски градови.
Имаше магла,ја паметам баш тие години ама магла беше тоа а не ова како што е сега да не се диши и да ти смета,тогаш само си можел да се изгубиш во маглата.

Можеби денес не се греат на дрва или јаглен сите, ама и сега горењето дрва (и ѓубре) е најупотребуван метод за греење. Само што сега бројката на оџаците е барем пет пати зголемена од тогаш.

Додај го и фактот дека денес луѓето помалку домаќински размислуваат, јас лично знам неколкумина кои (влажни) дрва купија помалку од месец дена пред грејната сезона. Наместо да купат дрва на пролет или лето, за да имаат време дрвата убаво да се исушат и да горат поефикасно.
 
Ете, тешете се и на другите им било лошо, ќе ја споредуваат селендрата Скопје со градови со десетици милиони жители како Лондон и Париз.


Тие градови се и 10 пати поголеми, така да исто му доаѓа.
 
Од такви работи и си патиме, на другите им било лошо... Ме заболе за другите искрен да бидам, ние треба во нашиот двор да си гледаме. Демек мене/нас многу ќе ми/ни смени ако Лондон е позагаден од Скопје.
 
Е така де, и јас тоа викам, будали не прават, ќе се споредуваме ние со десетмилионски метрополи.
 
Како не, домаќинствата криви. Тоа што се возат кршови по улици, се точи нафта со Ш квалитет...се градат високи објекти и со тоа се затвора природниот проток на воздух...не е важно. Само домаќинствата се криви за се. Не, грешка. Пушачите се најголем загадувач. Сега ми е јасно зошто воведуваа мерки за намалување на пушењето :mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom