Колку е битна висината?

  • Креатор на темата Креатор на темата sajSiGa
  • Време на започнување Време на започнување
Ниските луѓе се полни со злоба и завист. Сите диктатори во историјата како на пример Сталин, Хитлер, Черчил ... биле со низок раст и склони кон зло.
:pos2::tapp: За мене висината не влијае на убавината на човекот. Мислам дека цртите на лицето како и конструкцијата на телото играат улога во физичката убавина. Јас сум висока 170 cm како и мојот партнер. И замисли, никогаш не сум помислила дека е полн со злоба и завист. Фала ти што ми ги отвори очите.

Јас сум висока 174 а имав дечко висок 172 и неможев да носам штикли така да битна е висината,тогаш скапав во патики ама па затоа сеа си носам штикли од едно 15 см:vozbud::vozbud:
За женско не одговара ниско машко а за машко одговара ниско женско :)
Да знаеш уште како и може. Само треба малку попрогресивен поглед и секој да си копка во својата нива. Со дечко ми сме иста висина. Немало вечерно излегување да сум под осмица штикла, а некогаш и осумнаеска. И знаеш колку ми е гајле што мислат луѓето на улица за нашата ,,некомпатибилност во висината"? Волку -->:bip: Бидејќи многу од компатибилните во висината, тежината, бојата на очи, коса, социјален статус и марка на облека, се доста промашени во психичката синхронизација. Тоа е тоа... И грешат ако мислат дека во оваа духовна некомпатибилност другите луѓе не можат да ѕирнат.
 
Ниските луѓе се полни со злоба и завист. Сите диктатори во историјата како на пример Сталин, Хитлер, Черчил ... биле со низок раст и склони кон зло.

оуууу..врз основа на шо го заклучи овоа?? лоша предрасуда..

ја сум едвај 150цм и не ми прече шо сум нискичка.иам бааги предности,ама има си и маани,као на пр коа не ми веруват дека сум полнолетна,па и лична карта одвај ги убедува :pos2:

висината е нешто шо е најмалку битно у врската според мене. доколку постое љубов,страст,поштовање,уфф не би си ги ускратила тие задоволства за некој понизок..(у мојо случај чисто сумњам дека има таков :))) или за некој доста доооста повисок,па демек не личило,леее француски пар,лее оваа да се каче на мердевени нема да го стигне..и то.
 
Не ти пречи што треба да се качиш на столче да го бакнеж дечкото ? : )


Зш да и пречи,тој ќе се навали и среден проблем,а за вкревет не е битна висината :D....А за темата не личит некои парови кои се со огромна разлика,а особено женското да е повисоко од машкото,но ако можат тие зошто мене би ми пречело...
 
:pos2::tapp: За мене висината не влијае на убавината на човекот. Мислам дека цртите на лицето како и конструкцијата на телото играат улога во физичката убавина. Јас сум висока 170 cm како и мојот партнер. И замисли, никогаш не сум помислила дека е полн со злоба и завист. Фала ти што ми ги отвори очите.


Да знаеш уште како и може. Само треба малку попрогресивен поглед и секој да си копка во својата нива. Со дечко ми сме иста висина. Немало вечерно излегување да сум под осмица штикла, а некогаш и осумнаеска. И знаеш колку ми е гајле што мислат луѓето на улица за нашата ,,некомпатибилност во висината"? Волку -->:bip: Бидејќи многу од компатибилните во висината, тежината, бојата на очи, коса, социјален статус и марка на облека, се доста промашени во психичката синхронизација. Тоа е тоа... И грешат ако мислат дека во оваа духовна некомпатибилност другите луѓе не можат да ѕирнат.


Абе не дека ме интересира за другите што ќе речат, најмалку тоа, него јас не можам да се замислам со дечко понизок од мене, нити па моја висина. Сакам многу висок дечко, поубаво јас се чувствувам. И високи штикли да облечеш, и пак да е тој повисок. За кого како, мене ми е битна висината, поубава слика дава машкото да е повисоко, во спротивно ми делува смешно, али не се замарам за другите, кој како си милува.:pipi:
 
Хехе, како викаат што понизок толку попаметен! се зезам, мислам дека висината не би требало да преставува нешто од кое би требало да се срамиме или да си набиваме комплекси бидејќи никој не е крив што е пренизок или превисок. Не ми преставува проблем да иам 20цм повисок или понизок партнер.
 
Висок сум околу 180цм и до сега сум немал повисока девојка од мене.А и ретко да видам некоја повисока(има и повисоки ама многу малку).А јас да сум понизок од девојката нема теорија.Глупаво би ми било на мене девојката да е повисока.Башка и ако опне штикли бурек на глава.Не дека ми е глупаво дека ќе ме гледаат други,глупаво ќе се чуствувам самиот јас.Така да преферирам пониска девојка од мене.

Шознам, не ми е многу битна баш. Висок сум некаде 186-187 последниот пат кога се мерев. За разлика меѓу машко и женско во висина, би било идеално машкото да е барем 10 цм повисок од женската, ама не гледам никакви проблеми и да е повисоко женското од машкото.

Батка ти тешко да најдеш повисока девојка од тебе:):smir:
 
мене не ми смета разликата ама за мене...изгорена сум за повисок дечко, шознам посигурно се чувствувам со некој таков до мене ... убаво ми е ЧД
 
Ја па мислам дека е битно!
Шо имав една девојка беше висока 164 и коа шетавме на улица она ми беше како керкичка,пошо ја сум висок 202!
 
Ајде да размениме мислења колку мислите дека е битна висината на човекот денес. Дали има предрасуди кон пониските / повисоките? Дали би ви пречело доколку имате пониска девојката (пр 150 цм) или дечко (пр 170цм)? Инаку интересно е дека највисока група луѓе во светот се Црногорците каде девојките се просечно високи 176цм а мажите 187цм.

Во Црна Гора имам видено човек 2,10 најмногу беше 2,15 ... беше повисок една глава од мене а јас сум доста висок 1,94 ... во маркет беше ова. Се осеќав најкомотно во дискотеките скоро сите беа колку мене црногорците релативно бевме тука ... а женските не беа високи не видов таква :)
 
Па дека не е пресудна висината се сложувам ама дека не е воопшто битна незнам колку е точно. Јас сум негде околу 1.83 и сум имал пониски девојки ама не би сакал да одам со некоја од 1.50. Замислете се појавуваме ние двајца такви низ град и луѓето ќе паѓаат од смеа кога ќе не видат. Што не личи не личи. Не велам дека ако нема 1.75 не правиме моабет, ама треба двајцата да личат на пар. Исто така како што не личи девојка од 1.90 со момче од 1.70. Значи зависно од висината треба да се бара и партнерот.


мене не ми смета разликата ама за мене...изгорена сум за повисок дечко, шознам посигурно се чувствувам со некој таков до мене ... убаво ми е ЧД

Па ако си толку изгорена дојди кај мене и 100% ќе ти ги залечам изгорениците а башка и многу сигурна ќе се чувствуваш, ти гарантирам, освен ако си повисока од мене (тогаш ништо од бизнисот) :pos2::pos2::pos2:
 
Ја па мислам дека е битно!
Шо имав една девојка беше висока 164 и коа шетавме на улица она ми беше како керкичка,пошо ја сум висок 202!



Знам какво е чувството кога се шеташ со нешто што моеш во секоја секунда да го загубиш :pos2::pos2::pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom