Колку е битна висината?

Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Ајде да размениме мислења колку мислите дека е битна висината на човекот денес. Дали има предрасуди кон пониските / повисоките? Дали би ви пречело доколку имате пониска девојката (пр 150 цм) или дечко (пр 170цм)? Инаку интересно е дека највисока група луѓе во светот се Црногорците каде девојките се просечно високи 176цм а мажите 187цм.


Едит од модератор:
- Пред да отворите било каква тема,размислете за развојот на нејзиниот тек.
За да се развие дискусија поставете јасни прашања. За да може таа воопшто да се развие.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Висок сум 186, имав девојка висока 160 така да нема врска тоа.

Уствари, што е тоа мода и убавина?

Јес да седи облеката поубаво на повисоки луѓе. Но сепак не е се до висината.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Значи, ајде да ја насочиме дискусијата.
- Колку сметате дека висината влијае на надворешната убавина на човекот?
Дали сметате дека е битна во тој поглед и зошто? Слободно наведете и примери, слики, експерименти. :pipi:
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
па кога бев црна гора... котор... бевме у дискотека... братеее се чуствував ко џуџе... јас сум 180цм... и сакам барем да сум 185...
мислам дека е битна... барем у мојот живот....
ако имам пониска девојка нема да ми пречи... се дури изгледа добро... :):)
предрасуди немам... само не ми изгледа убо... :toe:
 

Spore

Kalabangaa
Член од
11 јануари 2009
Мислења
148
Поени од реакции
3
Ниските луѓе се полни со злоба и завист. Сите диктатори во историјата како на пример Сталин, Хитлер, Черчил ... биле со низок раст и склони кон зло.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Па поубаво човек да е висок, него низок. :pipi:

Не за џабе постојат чевлите со висока потпетица кај девојките. Така девојката изгледа повисоко, поженствено и посекси.

Но не е нешто пресудна убавината со висината. Постојат девојки низ светов метро и жилет како Кајли Миног, Ева Лонгорија и уште многу други кои без разлика на висината се прекрасни.
Но има и високи девојки за кои може само да се сонува. Пример ангелите на Викторија Сикрет. Сите се над 175 високи, слаби и згодни.

Најбитно девојката/момчето да си ја сака висината.
Знам високи девојки кои не сакаат што се високи, кои си набиле комлекси дека сите ги гледаат чудно зашто се високи, не можеле дечко да си најдат, поубаво би се чуствувале ако се ниски.
А знам и ниски девојки кои се би дале за да пораснат некој сантим.
Сакај си се каков што си и колку си висок толку.

Јас сум висока 178 па може и 180 не знам точно и си ја обожавам висината.
Не знам од ниско да гледам јас :icon_lol:
A и си носам штикли и ич не ми е гајле. Не ги носам за да изгледам повисока него посекси е девојка во чевли со висока потпетица и поженствена.
Па ако некој му смета тој нека се жали што е низок, мене ич не ми смета што сум висока. :)

А во последно време се почесто има парови каде девојката е повисока.
Ништо чудно. Нели за љубовта нема граници, нема возрасни граници ... па зашто да е битна висината:)
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Мене лично не ми смета воопшто.Мегутоа имам некои другари/другарки кои се преоптеретени со тоа партнерот да биде од нив многу повисок односно понизок.
Јас сум висок околу 173-175 и сум задоволен, а се надевам дека ке потпораснам уште малку.


. Нели за љубовта нема граници, нема возрасни граници ... па зашто да е битна висината:)
Точно така:pipi:
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Сакај си се каков што си и колку си висок толку.
Ништо чудно. Нели за љубовта нема граници, нема возрасни граници ... па зашто да е битна висината:)
Да да ,паметно кажано..Се согласувам целосно со ова..

Јас сум висока 178 па може и 180 не знам точно и си ја обожавам висината.
Не знам од ниско да гледам јас :icon_lol:
Леле леле се утепа од фалење ..:)
Има и повисоки од тебе ..:helou::smir:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Леле леле се утепа од фалење ..:)
Има и повисоки од тебе ..:helou::smir:
Не се фалам :icon_eek:
Што има фалење во тоа да си ја кажеш висината :icon_roll

Само и погоре кажав и да си 150 цм и да си 200 цм треба да си ја сакаш висината и да не ти претставува пречка. Како што кажав дека јас си ја сакам :icon_cool

А точно има далеку повисоки од мене. Имам видено кошаркарки и по 195 кои се :) Е јас нив ги гледав како од марс да се паднати :icon_lol:

Јас не реков дека сум највисока, него само дека сум висока.
Али сепак не ме примаат во Tallest member на кајгана :ne_zboram
 
Член од
12 август 2008
Мислења
501
Поени од реакции
30
Јас сум висока 174 а имав дечко висок 172 и неможев да носам штикли така да битна е висината,тогаш скапав во патики ама па затоа сеа си носам штикли од едно 15 см:vozbud::vozbud:
За женско не одговара ниско машко а за машко одговара ниско женско :)
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Не се фалам :icon_eek:
Што има фалење во тоа да си ја кажеш висината :icon_roll

Само и погоре кажав и да си 150 цм и да си 200 цм треба да си ја сакаш висината и да не ти претставува пречка. Како што кажав дека јас си ја сакам :icon_cool

А точно има далеку повисоки од мене. Имам видено кошаркарки и по 195 кои се :) Е јас нив ги гледав како од марс да се паднати :icon_lol:

Јас не реков дека сум највисока, него само дека сум висока.
Али сепак не ме примаат во Tallest member на кајгана :ne_zboram
Добро де се шалам само.. no hard feelings :smir:
немам ништо против твојата висина.. баш убаво што си висока..
иако ги има ,некако ретки се девојките со над 175 висина.. а за уште повисоките и не праиме муабет..уште поретки.
Иначе да и ја кога ке видам некој повисок од мене пример 205 или 210цм и мене ми е чудно,иако ја сум 192-3 :vozbud:
Ако некад го сретнам Јао Минг со неговите 230цм тоа ке биде ..:nesvest:
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
28
Поени од реакции
1
jas sum visoka nad 170cm, a moeto momce e nekoj cm, ponizok od mene. misalm deka najbitno e so partnerot da se soglasuvate, a ne da patite od predrasudi koj e povisok. i uste edna rabota redovno si nosam stikli i mislam deka sekoja zena e polegantna ako nosi visoki potpetici.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Шо знам, не е многу битна. Иако, морам рака на срце да признаам дека обожавам високи машки, многу ми се некако мажествени. Ама пак ќе кажам, нема врска, немам такви предрасуди. Нема висината некоја голема улога.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Јас па многу се нервирам девојка ми ко ќе стави штикли,што е повисока некој сантим од мене:)
А јас сум висок,180:)
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
За повисоки машки подобро седат свечени облеки,
али тоа униформата кога ќе ја обелечев уф!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom