Koлку долго можете да издржите без храна/вода?

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Абе немојте, 3-4 дена без вода и без храна...па не сте вие како оние од Африка, и не зборите од прилика ако немате пробано од искуство. Толку време ако не внесете храна или вода нема да можете да работите никаква физичка работа освен да лежете и седите пред компјутер, а посебно вода бидејќи дехидрацијата знае лесно да ве кутне (да се онесвестите).
Јас еднаш пробав без храна, штрајкував нешто како мал :kesa: и ништо не направив издржав цела ден и малку го пореметив организмот и вечерта надокнадив за тоа...но на крај крај секој организам е различен но не претерувајте со деновите ако не сте пробале да видите како е :nenene:
 
Без Вода ич без јадење месец дена

Читајќи статии по Интернетов, наидов на една интересна математика (што не мора да значи дека е 100% точна), дека човек може да издржи 3 минути без воздух, 3 дена без вода и 3 седмици без храна.

Ме интересира, колку можете вие да издржите без храна и/или вода (отприлика ако знаете)? Или, досега колку долго имате издржано (од разни причини, патувања, диети, болести итн), без јадење и пиење? Како се чувствувавте тогаш?

Според некои истражувања, после долго гладување, човекот ако се обиде да јаде, иако мисли дека би можел да “изеде“ цела продавница, не може да внесе повеќе од 2-3 залака.
Брат ми без вода неможам ни саат време ам без јадење богами и цел месец е сега кога веќе си го поставил прашањето дообјасни и колку и како е тоа без јадење да за тоа без воздух под вода можам целиот олимписки базен да го препливам а вака не сум мерл колку би издржал.
Сум бил на печалба и знам како е без јадење затоа ако сакаш пиши и некој дополнителен услов за издржувањето без храна.
А Д И О . . .:toe::toe::toe:
 
паа без вода би издржала повеќе време ..искрено на ден пијам по една чаша а некад ни толку :S а без храна па шознам помалку од еден ден околу 15 часа (не сум пробала)
 
Без храна би издржала околу 3-4 дена затоа што знам нема да чувствувам глад. А, без вода не можам ни еден ден.
 
2 дена без храна и вода. Не одам во екстримни граници за да дознаам.
 
Можам едно 3-4 часа.

Хаха де бе Мариа.. многу е тоа :pos2: Ме насмеа сега.

А иначе јас не знам, не сум пробувала, ама ете од претпоставка, би можела без храна едно 3 дена, а без вода едвај пола ден... :toe:
 
можам 3-4 дена да издржам без храна а без вода не
 
Никогаш не би знаел со сигурност, бидејќи никогаш не би се ставил под таков тест да издржувам без вода или храна.
Вака "од око" според мене без вода би издржал некаде околу еден ден, ама без да јадам и без да мрдам, доколку би јадел би било помалку (би ми барало телото вода), додека пак без јадење, два саати најмногу!
:)
 
Без храна би можел и до 7-8 часа (зависи), а без вода... Еее, тоа мало сутра, барем по една чаша на секој час морам да се напијам. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom