Колку често сте болни и најчесто од што?

  • Креатор на темата Креатор на темата superboy
  • Време на започнување Време на започнување
ноооогу ретко сум болна... сериозно болна последен пат бев у... 3то или 4то имав воспаление на бубрези, мочни канали... а бе смрзнав на една екскурзија до Ѓуриште, утепа ме ветерот... и шо е најжално 1 недела имав ненормални грчеви и ме спремаа за операција на слепо црево и после една недела укапираа дека сум преладена целата ... али битно тоа беа болкииии... од тогаш наваму, ретко кога ме заболе мешето од настинато ... друго ништо...
 
Во последно време, ако поседам на промаја, веднаш ми настинуваат мускулите. Внимавам да не закачам некоја реума...
 
Порано се разболував многу али сега последниве 2 години се разболев само еднаш
 
Многу ретко. А кога сум тоа е фатено грло и лоша кашлица.
 
па знам зимно време да заглавам со ангина, тон антибиотици ама не ме дрзи многу... за едно чудо!!! а настинки и у сред лето ме факаат. летово толку настинав,засипнав и едвај зборев!!!! ама тоа ти е..:toe:
 
Не сум бил болен скоро 7-8 години(без да ги рачунам ритуалните,еднодневни настинки кои се случуваат пред почетокот на школската година) и веќе забораив како изгледа тоа.
Некогаш се чудам како може сите околу мене да се испоразболат и ја очекуам да ми се случи истото и болеста ме одминува мене.Не ми е јасно тоа.
My Goddess is watching over me.
Втора работа е тоа што имам преголема фобија од игли и шприцови,за да си дозволам да одам и да примам инјекции.
Уште нешто,сеуште сум под ебан педијатар и немам матичен лекар.
Катастрофа:pos2:
 
Последен пат кренав некоја опасна температура пред месец дена... Се испоразболев од веспана. Од таа веспа и кичма ми се фати и колена и синуси и се...
Инаку температури кревам еднаш до два пати годишно, на опасни мислам, по 3 дена да не можеш вода да се напиеш и да немаш сила да ги помрднеш ни мускулите на лицето.
Инаку онакви обични настинки, често се случува. Носот ми тече од првото ветре во октомври, па до првото сонце во мај :pos: Скоро постојано. Ама тоа не е страшно, не го сметам за болест.

А да... Ни ја немам матичен лекар и одам кај педијатарот уште :pos: Тој не знам зошто ме прима коа сум стара више... :icon_lol:
 
премногу често се разболувам секоја вотра недела јас сум настината исто така патам од бубрзи јајници бешика и така скоро секогаш сум на лекар и многу внимавам да не ми се влоши ситуацијата секако дека све сум испитала и што не сум пиела но таков организам имам
сколна сум на честа настинка скоро секој ден конзумирам чаеви витамин ц б6 и сл работи колку толку да бидам добро
 
ретко се разболувам не да се фалам ама од 4-то кога имав бронхит се неам разболено освен раката скоро ја скршив....а и имав еден проблем кој ме мачеше подолго време ама се реши-то не беше болест туку несреќа и се повредив:toe:
 
многу ретко се разболувам и во случај да се разболам тоа се некои вообичаени настинки...да не се подречам до сега сум немала посериозни проблеми од една обична настинка и во живот имам примено само една инекција со исклучот на сите тие вакцини...
 
Како помала до осмо одделение некаде бев болна 80% од времето.
речиси секоја година лежев во болница бар еднаш годишно ако не и повеќе и тоа во скоро сите одделенија имам поминато.
Потоа почнав да тренирам и ми зајакна имунитетот па поретко од тогаш иако со алергијава што ја влечам исто како да сум хронично болна.
Моментално сум болна, настинка некоја, ама не можам баш да си ја дозволам па се преправам дека сум здрава.
 
фала богу најцесто настинувам и не дај Боже да е подалеку од тоа :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom