Колку често се гледате со кумовите?

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување

Колку често се гледате со кумовите?


  • Вкупно гласачи
    220
ја не можам да гласам пошо кумо и кумата ги иам видено само едн`шка у живото, пошо кумо ми е грк (кумата македонка) и сум го видела на 7год коа бев прв и последен пат на одмор у грција. Не е дека неќам да ги видам ама ... не ми фалат:toe: шо значи ич не ги гледам
сакам тоа кумчето да го видам, тогај беше мало... Нико се вика :) ... белки нема да ме мразе оти сум македонка :(
 
па моите кумови се во шветска така да еднаш годишно .. може некогаш многу ретко двапати во годината
 
Ептен ретко.Си тераат тие свои бизниси,моите нивни бизниси и ретко кога ни доаѓаат на гости или кога одиме.Лани знам дека го видов кумот на плажа во Струга,ама глупаво ми беше да отидам да го поздравам,незнаев дали ќе ме познае.:nesvest:
 
Јас моите кумови ги немам видено никогаш, освен најверојатно денот кога ме крстиле. Не ги познавам, но и не се од тука туку од србија, така што немаме никаков контакт.
 
Исто како и членов погоре шо пиша.
И моите кумови живеат во Србија и веројатно сум ги гледала додека на кратко живеев таму. Најмалку 23 години не сум ги видела, не ги ни познавам.
 
Moите кумови живеат тука во истиот град кај што јас живеам.А ги гледам кога сум болна затоа што ти покрај тоа што ни се кумови ни се и семејни лекари.Така да не е она дружење како што би требало да биде ......:toe:
 
Последен пат коа ги видов бев многу мала.Не се сеќавам на нив шо се вика, денес да ги видам на пат може ќе ги одминам.Глупо е шо не одржуваме контакт, ама тоа е ...
 
Кум ми го немам видено од мојата 2ра година.Од тогаш тој се пресели во бугарија и има и син ни тој го немам видено ни сакам да ги видам поради тоа што срамота да не дојдат.Ејјј кумови се.
 
Моите живеат на Тајланд...:toe:
 
Од време на време ќе се деси да се видиме [некогаш и случајно] али ипак мислам дека не е доволно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom