Колкава е платата во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата elninokv
  • Време на започнување Време на започнување

KOLKU IZNESUVA VASATA PLATA

  • pod 10.000

    Гласови: 42 11,7%
  • 10.000-12.000

    Гласови: 45 12,6%
  • 12.000-15.000

    Гласови: 47 13,1%
  • 15.000-18.000

    Гласови: 50 14,0%
  • 18.000-24.000

    Гласови: 55 15,4%
  • nad 25.000

    Гласови: 119 33,2%

  • Вкупно гласачи
    358
Колкава плата земаат адвокатите и нотарите?
 
Кoлкaвa плaтa земaaт сметкoвoдителите?
 
Кoлкaвa плaтa земaaт сметкoвoдителите?
Релативна работа. Ако немаш никаква лиценца, по нивно чирак, минимална плата 11-12 000 зависи од фирма. Со лиценца имаш повисока плата,цели 15 000, а ако поседуваш лиценца за овластен сметководител би требало уште повисока.
Во глобала како шо сум запознаена со сметководството, ако немаш своја фирма платите се повеќе од мизерни за таа работа што ја вршиш.
По банките и некои големи фирми земаат од 20 000 нагоре.
 
Класната разлика во Македонија!!!

vozni_10.jpg
 
за газда, нели тежок живот

Газдата заработувал повеќе отколку останатите 376 вработени заедно

Првиот човек на една текстилна фабрика во Македонија остварува повисоки примања отколку што заработуваат сите останати 376 вработени.
Нивниот просечен месечен доход изнесува 140 евра или 8.500 денари, додека доходот на шефот на компанијата изнесува 73.000 евра месечно, соопштија денеска од Министерството за финансии кои ја објавија анализата за доходовната нееднаквост во Македонија.
Нееднаквоста во платите е голема и во медиумскиот сектор. В едно новинско издавачко претпријатие 466 вработени лани имале просечен доход од 280 евра, а еден вработен – доход од 21.000 евра.
Педесет проценти од луѓето во Македонија што примаат плата имаат доход под 212 евра месечно, а 70% имаат доход под 297 евра месечно. Од друга страна два посто од луѓето имаат доход што е над 1.044 евра, а еден посто од луѓето доход што е над 1.523 евра. 775-те најбогати во држвата во 2016 година заработиле исто толку пари колку и 210.000 најсиромашни жители, констатираа од Министерството.
..............
 
70% земаат под 297 еур ама битно просечната плата е 369 еур, ех таа наша чудесна земја.
 
Последно уредено:
колкава е платата говори и податокот за минимални месечни трошоци за семејство. На храна трошеле над 40% од платата, а стискале оти се мора, на здравје. ЕУ членките мислам дека за храна трошат по 15-25% негде, што доволно говори за нашите високи плати.
http://tvm.mk/vesti/ohrid/26249-gragjanite-najmnogu-troshele-na-hrana-a-najmalku-na-zdravjeto
Граѓаните најмногу трошеле на храна, а најмалку на здравјето
 
70% земаат под 297 еур ама битно просечната плата е 369 еур, ех таа наша чудесна земја.
да не се оние 1% со 300.000 денари плата не ќе можевме просеко да го кренеме, и после пак плукајте по богатите неблагодарни едни.
 
колкава е платата говори и податокот за минимални месечни трошоци за семејство. На храна трошеле над 40% од платата, а стискале оти се мора, на здравје. ЕУ членките мислам дека за храна трошат по 15-25% негде, што доволно говори за нашите високи плати.
http://tvm.mk/vesti/ohrid/26249-gragjanite-najmnogu-troshele-na-hrana-a-najmalku-na-zdravjeto
Граѓаните најмногу трошеле на храна, а најмалку на здравјето
Нормално дека на храна ќе трошат 15 % од платата кога цените по маркетите се исти и поевтино одколку кај нас.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom