Macedonia2007
RED DEVIL
- Член од
- 20 декември 2007
- Мислења
- 1.273
- Поени од реакции
- 3
- Возраст
- 35
- Веб-сајт
- cresevo.myminicity.com
Кољо Дијамантот
Николас Константинидис, алијас Кољо-дијамантот е во бегство. По него веќе еден месец трага македонската полиција.
Осомничен е дека украл доверливи документи од Битолската болница, каде се лекувал татко му. Барал да му го дадат досието за болеста на неговиот татко, но вработените одбиле.
„Во еден момент тој ги грабнал историите кои биле на масата на административниот работник, но историјата од татко му ја зел, практично ја украл од клиничката болница“, изјави Димче Кузмановски, директор на медицинскиот центар-Битола.
МВР претпоставува која била целта на насилното одземање на документите.
„Веројатно мислел дека на тој начин нема да треба да ги подмири болничките трошоци за неговото лекување“, рече Иво Котевски, портпарол на МВР.
Откако настанот бил пријавен во полиција, еден час подоцна неговиот татко досието го вратил во болница.
Кољо-дијамантот за прв пат пред јавноста се појави во селото Радуша, на прославата на годишнината на ОНА. Го поканиле челниците на ДУИ. Со години го сметале за грчки новинар со албанско потекло.
„Во продолжение го поканувам гостинот од Грција, почитуваниот господин Николас, да земе збор“, вели Талат Џафери, ДУИ (14.08.2007).
„Се чувствува како Албанец од Грција и ние му дадовме збор“, изјави Рафиз Алити, ДУИ (14.08.2007).
Беше и на прославата од 6-годишнината на Охридскиот договор во Гостивар.
По прилозите на А1, во нашата редакција се јавија неколку ресенчани со поинакви сознанија за тоа кој е всушност грчкиот новинар.
„Тој е по татко Младен, дојден е од Куманово. Мајка му Јорданка е почината, Бог да ја прости“, рече жител на Ресен.
Во Ресен го познавале и по насилно однесување.
„Имаше испади, еден со нож го дупна, после еден гробар во Ресен со чекан го удри, нешто му згрешил, му рекол, не знам што му направил, овој го фрлил чеканот и го удрил“, вели жител на Ресен.
Неговите сограѓани сметаат дека Кољо намерно бил злоупотребен во политички цели.
„Некои луѓе немислејќи на последиците ги употребуваат некои други лица во одредени моменти за постигнување на одредена цел. Се надевам дека ќе им се врати како бумеранг, по нивната глава“,
Но, дали поради лажно претставување, Кољо-дијамантот ќе добие уште една кривична пријава.
„Во врска со тој случај се уште не е пријавена некоја оштетена страна и не е утврдена некаква кривична одговорност во врска со неговото лажно пријавување“, додаде Котевски.
МВР се уште трага по Николас Константинидис, алијас Кољо-дијамантот, но го нема во државата. МВР претпоставува дека тој веќе еден месец се крие во соседна Грција.
преземено од А1 телевизија
Значи човекот е како да кажам нема човек како него во Македонија
[media]http://www.youtube.com/watch?v=IjL0N5VlpCM[/media]
[media]http://www.youtube.com/watch?v=QM4duVQrvuE&feature=related[/media]
[media]http://www.youtube.com/watch?v=SIgYcbySnYo&feature=related[/media]
[media]http://www.youtube.com/watch?v=sK32XiGUtjY&feature=related[/media]