Кољо дијамантот rocks!:)

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Кољо Дијамантот

Николас Константинидис, алијас Кољо-дијамантот е во бегство. По него веќе еден месец трага македонската полиција.
Осомничен е дека украл доверливи документи од Битолската болница, каде се лекувал татко му. Барал да му го дадат досието за болеста на неговиот татко, но вработените одбиле.
„Во еден момент тој ги грабнал историите кои биле на масата на административниот работник, но историјата од татко му ја зел, практично ја украл од клиничката болница“, изјави Димче Кузмановски, директор на медицинскиот центар-Битола.
МВР претпоставува која била целта на насилното одземање на документите.
„Веројатно мислел дека на тој начин нема да треба да ги подмири болничките трошоци за неговото лекување“, рече Иво Котевски, портпарол на МВР.
Откако настанот бил пријавен во полиција, еден час подоцна неговиот татко досието го вратил во болница.
Кољо-дијамантот за прв пат пред јавноста се појави во селото Радуша, на прославата на годишнината на ОНА. Го поканиле челниците на ДУИ. Со години го сметале за грчки новинар со албанско потекло.
„Во продолжение го поканувам гостинот од Грција, почитуваниот господин Николас, да земе збор“, вели Талат Џафери, ДУИ (14.08.2007).
„Се чувствува како Албанец од Грција и ние му дадовме збор“, изјави Рафиз Алити, ДУИ (14.08.2007).
Беше и на прославата од 6-годишнината на Охридскиот договор во Гостивар.
По прилозите на А1, во нашата редакција се јавија неколку ресенчани со поинакви сознанија за тоа кој е всушност грчкиот новинар.
„Тој е по татко Младен, дојден е од Куманово. Мајка му Јорданка е почината, Бог да ја прости“, рече жител на Ресен.
Во Ресен го познавале и по насилно однесување.
„Имаше испади, еден со нож го дупна, после еден гробар во Ресен со чекан го удри, нешто му згрешил, му рекол, не знам што му направил, овој го фрлил чеканот и го удрил“, вели жител на Ресен.
Неговите сограѓани сметаат дека Кољо намерно бил злоупотребен во политички цели.
„Некои луѓе немислејќи на последиците ги употребуваат некои други лица во одредени моменти за постигнување на одредена цел. Се надевам дека ќе им се врати како бумеранг, по нивната глава“,
Но, дали поради лажно претставување, Кољо-дијамантот ќе добие уште една кривична пријава.
„Во врска со тој случај се уште не е пријавена некоја оштетена страна и не е утврдена некаква кривична одговорност во врска со неговото лажно пријавување“, додаде Котевски.
МВР се уште трага по Николас Константинидис, алијас Кољо-дијамантот, но го нема во државата. МВР претпоставува дека тој веќе еден месец се крие во соседна Грција.
преземено од А1 телевизија

Значи човекот е како да кажам нема човек како него во Македонија
:pos:

[media]http://www.youtube.com/watch?v=IjL0N5VlpCM[/media]
[media]http://www.youtube.com/watch?v=QM4duVQrvuE&feature=related[/media]
[media]http://www.youtube.com/watch?v=SIgYcbySnYo&feature=related[/media]
[media]http://www.youtube.com/watch?v=sK32XiGUtjY&feature=related[/media]
 
Дај бе луѓе шо се чудите сигурно не е овај единствен ваков во нашава UNIQUE Македонија, Дијамантов наш со сигурност може да се рече дека е еден од БИСЕРИТЕ.... хихихи
 
Уапсен Кољо Дијамантот - осомничен е за силување на дете

Кољо Дијамантот и е познат на македонската јавност по тоа што им се претставуваше како грчки новинар на челниците на ДУИ. Неговото претходно име е Никола Михајловски.
Извор

Кољо Дијамантот мислам дека е наместен од дечките од ДУИ, за да му вратат за реметот кој им го удри. Инаку, ова е многу интересен лик. Ептен испадна ербап, им појде на дечкиве од ДУИ, ги направи будали пред цела јавност и си го испратија со огромни почести, додека не сфатија дека го утнале човекот. :pos:

Аљи сега че го пука од радост, море хеј... :violent1:
 
Штета,можеше да биде гувернер човеко..
 
Штета,можеше да биде гувернер човеко..

Нц, како тргнал Кољо Дијамантов за Преседник на Влада, како предлог од ДУИ. :pos: Само ќе мора и дпмне и сојузов да најдат соодветна конкуренција. :pos:
 
Нц, како тргнал Кољо Дијамантов за Преседник на Влада, како предлог од ДУИ. :pos: Само ќе мора и дпмне и сојузов да најдат соодветна конкуренција. :pos:
Ти комшике како во странЦво да живејш а не јас ,па пред некој ден дпмне избација против кандидат на Кољо дијамантот.
Кољо бико :)
koljo-bikceto.jpg
 
Ти комшике како во странЦво да живејш а не јас ,па пред некој ден дпмне избација против кандидат на Кољо дијамантот.
Кољо бико :)
koljo-bikceto.jpg

Ах, за малку ќе помислев никој нема да се сети на Коле бикчето од Битола. Сум имала чест да го запознаам лично :pos: Слободно можам да кжам дека е јака конкуренција е на Кољо Дијамантот! Само, морам да нагласам дека: Коле бикчето си ја сака Македонија! Додека Дијамантов малку тера сеир. :pos: Може да е до името! :smir:
 
Овој е идното решение за министер на одбрана имавме Паун,Елен, сега е Коњ ,на ред е Бик ,ги бираме по кинески хороскоп :pos:
 
Ах бре страм е за градот во кој живеам бе ::@:@:@:
Само ова:pishtoldz и ова за него :pop:
 
Нц, како тргнал Кољо Дијамантов за Преседник на Влада, како предлог од ДУИ. :pos: Само ќе мора и дпмне и сојузов да најдат соодветна конкуренција. :pos:
Не ништо смешно во девојко.....

чудно ми е како стигнал до чувар на театар кога се знаело дека имал психички проблеми,кој му ја доверил таа работа??жално е....
 
Не ништо смешно во девојко.....

чудно ми е како стигнал до чувар на театар кога се знаело дека имал психички проблеми,кој му ја доверил таа работа??жално е....

Ама ти како да не занеш кој е Кољо Дијамантот! Ај не го вреѓај другарот на Аљи, оти одма ќе ти ја с`сне ОНА. Пази Карловиќу, ОНА не е многу пријателски расположена, да не стане од играчка плачка... :pos:
 
Ти комшике како во странЦво да живејш а не јас ,па пред некој ден дпмне избација против кандидат на Кољо дијамантот.
Кољо бико :)
koljo-bikceto.jpg

Трио фантастико
Кољо Дијамантот---Кољо Бико-----Кољо Лопатаро
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom