mean
:пипи:
- Член од
- 12 октомври 2008
- Мислења
- 587
- Поени од реакции
- 24
Замисли, во текот на една вечер во некој клуб, од 10 машки кои ти пришле 5 од нив ти почнале муабет на ист начин , “Здраво мала.Многу си убава, јас сум Столе,ти како се викаш?“
И после како да не бидам кучка со некој што ќе ми се „пушти“ на ваков начин?!
Сите приоѓаат на различен начин, така да и јас ќе одбивам на различен начин. Ако вака сељачки ми пријде ќе го отерам у п.м., а може нема ни да го погледнам, едноставно ќе го игнорирам. Ако пријде како нормален човек, зависно од тоа дали ми се допаѓа типот или не, ќе разврзам муабет со него во позитивна насока, или пак, ќе го одбијам на културен начин, па ако треба и ќе подлажнам дека имам дечко или нешто слично.
Јас, лично, не би се ставила во ниеден кош од овие. Материјалистка или спонзоруша во никој случај не сум, воопшто не ми е битно типот да биде богат; кучка кажав во кој случај сум; следува дека најмногу одговарам во вториот кош, затоа што најмногу нешто што ценам кај дечко е да ме почитува, да ме сфаќа, да ме сака, да биде искрен со мене, да има разбирање и добра комуникација помеѓу нас и секако да ме прифати таква каква што сум. Единственото нешто поради кое не би спаѓала во овој кош е тоа што не сакам претерани романтики.:smir:
За кучките уште нешто. Би додала дека сите ние сме кучки, и машки, и женски. Тоа е непишано правило. Тие што ти трчаат по г`зот, што се` ти удоволуваат, што секогаш оставаат да биде по твое и не ни се многу привлечни. Па сите сакаме некогаш да имаме конкуренција, не само ко што ќе кажеме ние, така и да биде. А пак, кога некој не` игнорира, не не` приметува, тоа уште повеќе не` тера да преземеме нешто со него, да му пријдеме, да дознаеме уште нешто за него/неа.
Забегав јас.
