Која серија повеќе ја сакате и зошто? (Fear the Walking Dead vs. The Walking Dead: World Beyond)

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    8
Охохо, еве ја мојата серија.

Фрејзер 200%, 300% море. Имам кажано може на темиве, Фрејзер за мене е најдобар ситком кој го имама гледано, подобар и од Пријатели, а не па од “Два ипол мажи“.

Едноставно, тој специфичен хумор, неверојатната глума на Келси Гремер, па остантите ликови- Дафне, Најлс и останатите, неповторливо.

Како и што беше случајот за Биг Бенг Тиори, и овде хуморот може нема да го разбере секој, за разлика од површниот Чарли Шин кој е забавувач за широки маси, едноличен и повторлив, во сите серии е истиот лик- самиот себе- големото ебачиште. Не викам дека 2ипол мажи е ептен лоша серија, ама во конкуренција со Д.р Крејн, нема шанси.

Ептен ме интересира исходот од овој дуел.
 
Тежок дуел.
Ќе гласам за Фрејзер затоа што без Шин 2ипол мажи не е тоа тоа. И сепак севкупно по смешна ми е Фрејзер.
Едноставно ликовите се некако поинтересни. По блиски до обичниот гледач.
 
Мојот глас оди за Фрејзер.
Еве зошто...
Ова е мојот најомилен сит ком на сите времиња.Серијата има неверојатно интелегентно сценарио како за сит ком. Вообичаено сит комедиите се водат по оние „гуфи“ ситуации кои се урнебес, ама нешто и не те замислуваат. Фрезјер е вистинска реткост зашто го прави токму тоа. Иако е неверојатно смешна, те тера да размислиш за теми како семејството, потоа вечната потрага по љубовта, професионалните проблеми со кои се соочува човек итн итн. Дури би рекла, ова е единствена американска серија која има еден тип англиски хумор.

Освен тоа има страшно добро обработени ликови како главни така и споредни (Нил, Булдог и Гил Честертон). Веројатно станува збор за еден од најдолговечните серијали од овој жанр со дури 11 сезони. Јас оваа година ги изгледав пак и веројатно некогаш во животот ќе ги гледам повторно. Едноставно не старее шмекот на серијата, дури и кога човек го гледа Фрејзер во 1993 година со смешната фризура.

Два и пол мажи е Чарли Шин. Него го нема, исто како да ја нема серијата. Јас бев противник на тоа да му се става сопка на Качер на невидено, но кога загледав неколку епизоди на човекот видов дека преголеми се чевлите на Шин за некој да ги пополни.
 
Ок, морам да кажам дека од Два и пол мажи имам гледано далеку помалку одколку од Frasier, ама сепак дефинитивно гласам за Tossed Salad And Scrambled Eggs... т.е. Frasier. ;)
Едноставно, многу пософистициран хумор, пореалистична, сценарио на ниво итн. 2 1/2 се супер ама премногу се повторуваат настаните и некако фрустрирачки е да ги гледаш секоја ден со нова манекенка. :D
 
Кој сака да му се брои нека се изјасни како што треба.

Мене првата не ми е гледана така да не гласам. 2.5 првите сезони додека малиот беше мал ми беа закон. Понатаму сеуште е добра за сите почитувачи на ликот и делото на Чарли Шин. Со Ештон немам ни намера да гледам. Ако повеќето од нас знаеме колку беше тешко Чарли да го замени Мајкл во Спин Сити, Ештон како замена за Чарли е mission imposible.

Почни да ја гледаш Фрејзер, ќе видиш дека е боња и од Френдс.

Јас гласам за Фрејзер. 100 пати за Фрејзер. Ги имам гледано и двете серии комплет, ама Фрејзер е незаменлива. Од подобри споредни ликови, посимпатични главни, цел маратон од познати личности, сцената со телескопот во радиото, ехеее, Два и пол мажи може вода да носи...

Плус, Два и пол мажи обработуваат секојдневни ситуации. Двајца браќа кои си го протнуваат животот со заебанции. А Фрејзер, не само за разлика од Два и пол мажи, туку и од сите други серии, обработува нормално семејство, пореално. Бар ја така мислам.
--- надополнето: 27 јуни 2012 во 21:19 ---
И уште нешто - Фрејзер се смета за една од најдобрите амерички комедии од на сите времиња, барабар со Френдс и со Seinfeld.
Грев е да се споредува со Two and a half men.
 
Two and a Half Men е добра, но имам подобри спомени од Fraiser.
Мојот глас пишете го за Fraiser.
 
Јас сум до 4та сезона на дваиполмажи, и веќе знам што ќе кажат следно сите карактери, а и ептен е еднолика серијата, само Чарли и Чарли, и чат-пат братму ќе го убацат во некоја ситуација и толку.

Не ме смее скоро ич, идеа брзо првите 2 сезони, следните ги гледам само за да не ми отидат за џабе потрошените гигабајти...
 
Некој прашања не заслужуваат одговор :). Се разбира дека Фрејзер, интелегенцијата на хуморот е неспоредлива, нормално според моите стандарди :)
 
Јас кога гледам комедии не ми е поентата да извлечам животна поука или да си го мачам моето малечко мозоче за да мислам. Сакам да се насмеам. А за да се насмеам не ми треба его-буст дека сум поинтелигентен од другите со тоа што гледам интелигентни ситкоми. А темите што Фрејзер ги обработува не ја издвојуваат од другите ситкоми (семејни проблеми, професии, љубов - главните три теми што скоро сите серии ги имаат)


Мојот глас оди за 2.5 мажи.
-Stupid & uncool people 4evah!
 
A да туревте нешто полесно?:)
Јас ги сакам и двете серии, Два ипол мажи уште си ја гледам, па и со Ештон ми е интересна, Алан не може а да не те насмее. Ама Фрејзер... Памтам со мајка ми ја гледавме на времето, леле колку сме се смееле до солзи, еве сега кога ми текнува пак си се насмевнувам. Фрејзер, Најлс, за Мартин па и да не зборам колку симпратичен лик ми е, ми се незаменливи.
Си пуштам понекогаш некоја рандом епизода да си се посмеам.
Затоа гласот оди за Фрејзер.
 
Frasier дефинитивно. За мене серијата е повеќе од обичен сит-ком. Има урнебесни ситуации, нормално, жанрот е комедија, но има и моменти кои можат да те замислат и кои совршено го пресликуваат реалниот живот. Од Two and a Half Men ги имам гледано првите четири сезони, а потоа ми стана досадна. Не дека не ми беше смешна, ама не ми е нешто посебно. Друго нема што да кажам, а да не се повтарам со претходните постови.
 
Frasier дефинитивно. За мене серијата е повеќе од обичен сит-ком. Има урнебесни ситуации, нормално, жанрот е комедија, но има и моменти кои можат да те замислат и кои совршено го пресликуваат реалниот живот. Од Two and a Half Men ги имам гледано првите четири сезони, а потоа ми стана досадна. Не дека не ми беше смешна, ама не ми е нешто посебно. Друго нема што да кажам, а да не се повтарам со претходните постови.
Јас денеска ја догледав четвртата и дефинитивно ја прекинувам. Доста и беше, нема никаков тек серијата...

Се надевам ИОсоно ќе каже на крај кој реков дека ќе тепа :)
 
Фрејзер.

Не ми е најомилена серија, не ми е најнај... интересна серија, ок, си гледам по некоја епизода некогаш така, ама ништо специјално. Сепак, секогаш, секоја серија би ја гласала пред 2 и пол мажи. Серија со поглуп хумор во животов немам гледано, на една епизода се немам ни насмевнато, камо ли па насмеано. Чарли Шин ми е ок, ми беше ок во Spin City, но во серијава ме нервира.

Така што иако се работи за две серии кои не ми се нешто баш драги, ама во секој случај едната не можам ни да ја смислам, така да гласот оди кај Фрејзер. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom