Која серија повеќе ја сакате и зошто? (Fear the Walking Dead vs. The Walking Dead: World Beyond)

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    8
И двете серии ми се подеднакво добри, ама сепак се разликуваат во некои нијанси. Кај 3rd Rock ми се допадна тоа што имаат интересна, речиси-сај-фај приказна, нешто нетипично за сит-ком. Плус, Џон Литгоу - цар, неверојатно чувство за комични моменти, изрази на лицето, дикција.

Во секој случај, гласам за Spin City. Гласот се должи најмногу поради разновидните ликови, нивната интеракција и хемијата помеѓу нив. Плус и фактот што на сатиричен начин ни прикажува средина која најчесто важи за сериозна и досадна. Ми беше криво кога Мајкл Џ. Фокс си замина, ама Шин испадна достојна замена. Единствено на серијата можам да и' замерам тоа што ја уфрлија Хедер Локлир и нејзиниот глуп, клише карактер.
 
Имам гледано 2-3 сезони од Third rock from the Sun, ок серија, има светли моменти ама у глобала е просечна серија.
Гласам за Spin City, дефинитивно серија на место :) Дури не ми играше преголема улога дали е Џи Фокс или Шин, секоја чест и на двајцата, ама другите ми беа далеку посмешни :)
Епизоди кои би ги одвоил во моментов се кога Стјуарт ќе пишува сценарио за порно филм и градоначалникот кога ќе се здружи со локален рапер.
Да не се заборават и постојаниот ремет што го трпеше Картер за кучето Регс и секако следниов лик:
 
Ауууу не очекував оволку убедливо да тепа Спин Сити.
И мојот глас оди за нив.....Третиот камен е класика, такво сценарио друг сит-ком тешко да види. Литгоу прави партали, едноставно најпогодена личност за во серијата.
Ама Спин Сити си има некоја посебна друга хемија меѓу ликовите. Картер, Стјуарт и Пол се едни од најдобрите разработени ликови и секој во секое време може да ја украде епизодата на Мајкл или на Чарли. Серијава ја имаше најдобрата замена на главниот лик, Чарли го продолжи ликот и делото на Мајкл. Како што кажаа погоре кога Мајкл се простува од публиката една од најтажните сцени во историјата на сериите е тоа.
А и Мајкл ми е меѓу омилените актери, човекот има некоја посебна харизма, и дава елан на секоја епизода/серија/филм. Да не му се случеше тоа со болеста човекот ќе беше незаменлив во сит-ком.
Така да дефинитивно Спин Сити, која на некоја моја листа на најдобри сит-коми е сигурно во топ 5.
 

Tретиот камен од сонцето глас од мене. Според мене најперфектна хемија помеѓу актери има баш во оваа серија. Од година на година повторно се навраќам да гледам по неколку епизоди и никогаш не ми здосадуваат.
 
Во секој случај, гласам за Spin City. Гласот се должи најмногу поради разновидните ликови, нивната интеракција и хемијата помеѓу нив. Плус и фактот што на сатиричен начин ни прикажува средина која најчесто важи за сериозна и досадна. Ми беше криво кога Мајкл Џ. Фокс си замина, ама Шин испадна достојна замена. Единствено на серијата можам да и' замерам тоа што ја уфрлија Хедер Локлир и нејзиниот глуп, клише карактер.

Тоа и јас сакав уште во првиот пост да го напишам, ама викам ај... Хедер ми беше деклинација покрај сите останати. Колку ми е беа јаки сите 5-6 кои беа како група, кога дојде она се размлитаве малце серијата. И Мајк требаше да си остане со Ники.:(
 

И мојот глас иде за Спин... Се кажавте, касно ја видов темава, само ќе се повторувам.
 
Тежок избор ама сепак Spin City.
Ме изненадува колку убедливо води SC
 
Третиот камен.Дик Соломон е убедливо најдобриот лик кој сум го видел во ситком.Барни,Шелдон,Чарли и дружина можат вода да му носат.
 
SPIN CITY
1.Io
2.Bateman
3.Rocknrolaa
4.Dee_Jay
5.AntiZionist
6.Дарксајдер
7.Crazy in Love
8.Stewie Griffin
9.Pluh
10.Kocka
11.Storms
12.VLJ
13.CrashoverRide
14.Iceboy
15.bene
16.Dragonsky


3rd ROCK FROM THE SUN
1.Ilumious
2.Psyside
3.Lincoln Burrows
4.Biggus Dickus
5.Max Legend
6.Mjolnir

Има време за 3rd Rock да даде посериозен отпор :)
 
Koга бев изолиран од интернет просторот, ја гледав 3rd rock на наша тв или една од тие цел месец, се додека не почнаа да ги повтараат. Серијата е интересна, оригинална ама од тоа што видов јас - просек. Можеби цела да ја прегледав пред писи ќе имав друго мислење. Вака ја планирав да ја симнам, ама подзаборавив. Spin City е класика, (уште кога идеше на а1?), нејсе не ги капирав сите шеги тогаш, па ја гледав цела на писи. Според мене една од најдобрите комедии. Ако се смета мојот глас - Spin City.
 
И јас сум за Спин сити. Ја обожавам и третиот камен, се имам изгледано по неколку пати, ама
Спин така некако ми е останата во срцето. И колку плачев кога Мајк си отиде.:oops:
 
Чарли Шин е толку познат пошто господ го мрази Мајкл Џ Фокс. :D
 
Ако се смета мојот глас - Spin City.

ПРОСЕК !?!
images


Сериозно тебе те перципирав за фан на Третиот Камен од Сонцето. Искрено изненаден сум што поголем одзив има за Spin City отколку 3rd Rock.
 
ПРОСЕК !?!
images


Сериозно тебе те перципирав за фан на Третиот Камен од Сонцето. Искрено изненаден сум што поголем одзив има за Spin City отколку 3rd Rock.
Остај го, секогаш се шлепа со победниците :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom