Кој и што знае да зготви?

  • Креатор на темата Креатор на темата ROZA
  • Време на започнување Време на започнување
Сутлијач! Сум се прејала мх мх :wub: ...
3 шојли вода и една шојла ориз се остават да се сварит убо, па се додават 1 литар млеко, пола шојла отприлика шеќер (или колку сакате по желба) јас му бувнаф и ванилин едно пакетче и ми дојде таман. Се мешат полека и се варит дур не се згуснит убо кејфлиски.:smir:

Сакам да прам баклава, предлог за некоја полесна за почеток? :)

Баклава е лесно да свиткаш и да испечеш, зезнат е шербетот. :jaj: Земи готови кори, (рецепт за 700 грама кори) стави една кора и испрскај ја со малку зејтин и гриз, стави ја втората кора исто малку зејтин и гриз, на третата кора ставаш измешани пола лажица шеќер, ореви (јас ставам многу ореви) и чоколадо рендано, па виткаш и ставаш во тепсија намачкана со масло. Ова го повторуваш додека има место во тепсијата. Оваа баклава е топ! Јас пред некое време правев шербет за баклава со кило шеќер и литар вода, испадна супер, ама следнит пат го зезнав во мерката и... отиде баклавата. :kesa: Ме лажеа дека била убава, додека сите си мљацкаа. Убава беше, ама не ко претходниот пат. Знам кога сум утнала! Не се плаши да згреши, така се учи, само немој често да го грешиш истиот рецепт! :smir:

Ако се дебели корите стави две кори, ако се тенки стави 3 кори. За шербет можеш дури и литар и 200 вода и кило и 200 шеќер, баклавата трпи шербет! :toe:
 
дајте бе предлог за доручек- нешто екстра :smir:
ми се пријаде , ама незнам што:kesa:
 
Чоколадни коцки

За чоколадни коцки ни треба: 140 гр. шеќер, 50 гр. чоколадо за готвење, 100 гр. чоколадо, 100 гр. ореви, 180 гр. маргарин, 4 жолчки, 15 мл. вода, 70 гр брашно и 4 белки

Маргаринот и шеќерот ги матиме додека маргаринот не стане пенаст. Ги додаваме жолчките една по една додека матиме со миксерот. Откако ќе ги додадеме жолчките ги ставаме мелените ореви, чоколадото, брашното и матиме додека не се изедначи. Белките ги матиме за да се направи цврст снег и го додаваме во другата смеса и добиваме пандишпан. Сето тоа истурете го во тава намачкана со маргарин (или масло) и посипана со брашно (за после полесно да се одвои тестото или можете да ставите и мрсна хартија наместо брашно). Пандишпанов го печеме на 180 степени. Откако ќе се испече одозгора му ставаме прелив од чоколадо кој сами си го правиме. :) Едно чоколадо го топиме во растопен маргарин и малку вода, ако сакате да биде поблаго може и лажица шеќер. Откако ќе се соедини преливот го ставаме врз оладеното тестото и го сечеме на коцки.

П.С. Наместо чоколадо во пандишпанот може да ставите какао, ама поубаво е со чоколадо.
 
hahaha ti si znajsh x) poubaj nemash jadeno GARANTIRAM!!! hhaha x)

Еј, можда праени на малку невообичен начин ама ко реков многу убај озбилна бев!:back:

--- надополнето ---

Баклава е лесно да свиткаш и да испечеш, зезнат е шербетот. :jaj: Земи готови кори, (рецепт за 700 грама кори) стави една кора и испрскај ја со малку зејтин и гриз, стави ја втората кора исто малку зејтин и гриз, на третата кора ставаш измешани пола лажица шеќер, ореви (јас ставам многу ореви) и чоколадо рендано, па виткаш и ставаш во тепсија намачкана со масло. Ова го повторуваш додека има место во тепсијата. Оваа баклава е топ! Јас пред некое време правев шербет за баклава со кило шеќер и литар вода, испадна супер, ама следнит пат го зезнав во мерката и... отиде баклавата. :kesa: Ме лажеа дека била убава, додека сите си мљацкаа. Убава беше, ама не ко претходниот пат. Знам кога сум утнала! Не се плаши да згреши, така се учи, само немој често да го грешиш истиот рецепт! :smir:

Ако се дебели корите стави две кори, ако се тенки стави 3 кори. За шербет можеш дури и литар и 200 вода и кило и 200 шеќер, баклавата трпи шербет! :toe:

Еее фала ти, да си ми здрава и жива! Викендов ќе земам кори и ќе пробам да ја напрам, па ќе пишам резултати.:smir:
 
Брза мини проја

Потребни состојки:
- 1 чаша пченкарно брашно
- 1 чаша бело брашно
- пола чаша зејтин
- 300 мл. јогурт или млеко
- 1 јајце
- 1 прашак за печиво
- 200 гр. сирење
*користиме чаша од 200 мл

Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и сипете ја смесата во калапи за мафини (намачкани со маргарин и малку брашно за да можете лесно да ги извадите после печење) кои ќе бидат 2/3 исполнети.
Печете на температура од 200 степени, 30 минути.
 
Читам вака и сфаќам дека освен да спржам јајца, да сварам макарони и такви некои работи друго ништо не знам.
Еден ден мајката на една моја другарка ни кажа да не се замараме да готвиме уште сега, зашто цел живот ќе го правиме тоа. Сега дома само тоа и го зборам на мама.
 
Се шо јадам сам можам да си напрам.Ама кујната е после хаос
 
Шпагети, варени и пржени јајца, тост, пржени компирчиња,пире и толку :)
 
За љубителите на тиквички, рецепт за плескавици од тиквички :)

Потребни состојки:
- 1 тиквица
- 1 главица кромид
- 1 шоља (за кафе) брашно
- 1 пециво
- 1 јајце
- зејтин
- малку презла и бибер
- вегета и сол по вкус

Подготовка:
На крупната страна од рендето изрендајте ја тиквицата и истискајте ја со раце да излезе водата. Потоа исецкајте го кромидот и додајте го заедно со јајцето, брашното, пецивото. Посолете и зачинете по вкус. Треба да добиете средно густа смеса. Со супена лажица земате од смесата и ставате да се пржи во тава со загреан зејтин. Со лажицата формирате облик на плескавица. Бидејќи тиквиците испуштаат многу вода, доколку имате проблем со разредување на смесата при пржење, додадете и презла во смесата или брашно.
 
вака од готвење знам јајца на око, гравче да напрам сите врсти на манџи, салати
само омиленото јадење ;) не знам да си го направам сам а тоа ми е мусака со тиквички ќе треба да си барам невеста со шо ќе знае да ми го готви ова јадење :) ,
--- надополнето: Jul 20, 2011 7:46 PM ---
Шпагети, варени и пржени јајца, тост, пржени компирчиња,пире и толку :)

па не е малку ретко кое женско готви гледам по сестрами готован невиден е :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom