Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Најнов рецепт!
Многу мали вкусни пити:
1кг. компир, 200 гр. шунка (може и повеќе зависи од вкусот), 100 гр. путер (јас го правам со кристал маргарин, оти другите вкусови може да дојдат повеќе до израз), 2 јајца, 50 гр. презла, 1 жолчка, 50 гр. брашно, 100 мл масло, сол и бибер.
Сварените компири се гмечат или пасираат (`ко за пире само треба да биде цврсто), се додава омекнатиот маргарин (сматен со миксер), јајцата и малку сол. Тестото добро се меша да стане компактно, а потоа се сече во дебелина од еден сантиметар и се прават коцкички. Шунката ситно се сече (или се ренда кој како сака и како му е полесно), се додава жолчка и малку презла. На половина од коцките, т.е. во средината, се става малку фил и се покрива со друга коцка. Ги правиме како мали погачи. Краевите се притиснуваат да се залепат и ги ставаме во јајце, брашно и презла пред да ги пржиме во загреано масло. Превкусно е!
За да не биде сувосупер иде со прелив од павлака, краставички и мајонез.
п.с. ако сака некој, може да се стави и сирење или кашкавал внатре заедно со шунката, супер е и така, ама јас повеќе си ги бендисувам вака :smir:
Најнов рецепт!![]()
Каде може да се проба овој најнов рецепт , ми изгледа вкусен . :mist:
Денес е Свети Никола и кај на дома си имаме обичај за ручек да имаме риба, ем да се одбележи овој голем празник, ем дека е посно (н.з. се пости за Божиќ :back. Јас не сум многу по рибата. Риба јадам само кога ептен мајка ми ќе ми запне, ама обожавам икра и млеч. Значи, во рибарница никако не им дозволувате рибата да ви ја исчистат, освен крлушките. Си ја носите рибата дома и ако има икра или млеч ги делите на поголеми парчиња, ги превртувате во малку бршно и ги пржите во зејтин. Откако ќе ги испржите ги сечете на помали парчиња, и им ставате лимон, сос од кисели краставички, бело вино, павлака и мајонез и се убивате од јадење.
п.с. во рибарница мислам дека има млеч и икра да се купат посебно, мислам дека се 250 или 300 денари кило, ама не сум сигурна.
Ова вкусно јадење иде со бело вино. :smir: