Кој и што знае да зготви?

  • Креатор на темата Креатор на темата ROZA
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека до сега немало ваква тема.....
Што за прв пат зготвивте? Што сакате да готвите? Кој ве научи?....... Едноставно споделете се за храната :)
 
Се научив гледајки ја мајка ми додека готви и јас покрај неа...Така два три пати и следен пат сама ке го направев истото јадење...
Се научив и од гледање на емисии за готвење...разните списанија кои ги имам дома во голем број.Ме интересирало од секогаш готвењето...Многу сакам да го поминувам времето во кујна.Сакам се да готвам...Од тестенини до разни салати и сосови...
За десерти?Ех,махер сум за десерти...Тортите и колачите се мојата најдобра страна...
Сакам да пробам да ги готвам Мексиканските јадења но некои потребни работи за тоа не можам се уште да ги најдам...
Ке продолжам да ги барам...Сакам да подготвам нешто што до сега го немам вкусено. :D
 
Јас за првпат зготвив леб,зденка и салама, а после кога стварно научив да готвам направив omlet du fromagge :)
 
Знам да правам речиси се, ама знам некогаш и да уплескам и да фрлам во канта.
 
Јајца на око, и знам да си сварам или испржам виршли.
 
Првото нешто што ,,научив" да го готвам беше пржени лепчиња со јајце или кришки како год им е називот, имав 13 год кретенче мало, дојдов од школо мртов гладен... мислев дека знам како се пржи гледајки ја мајка ми, баба ми итн.... И ми се запали зејтинот :( место да го поклопам со нешто јас му дотурив вода... И до ден денес си носам спомен на рака од моето прво готвење... Како и да е денес ги правам ммммм мх мх мх како што би рекла Алачки :D
Инаку италијанската кујна ми е слабост така да од лазање, шпагети, тортелини, макарони, равиоли.. на 1001 начин, господ да ги поживи велики кувар и youtube :)
 
Јајца и секакви нивни варијации:пржени, варени, на око, омлет итн итн :D. Знам и готови работи како макарони и шпагети и некои лепчиња со кашкавали, салами у микро и тоа е тоа:icon_mrgr:.
Инаку се токмам одамна малце да ги проширам знаењата, пошто стварно сакам да научам да готвам, крај на крај, нема ништо поубаво од тоа сам да си зготвиш нешто :)
 
Само виршли знам да пржам,а често ми загоруваат..самоук сум инаку...
 
Првото нешто што го зготвив беа макарони и тоа татко ми ме учеше по телефон, а втора работа после макаронити научив палачинки- исто по телефон :pos:...
 
Пржењето виршли, јајца, и слично не го сметам за готвење, логично е секој да знае да го направи тоа, ако си јадел пример пржена виршла, знаеш како изгледа и готово. Нема филозофија.
 
Пржењето виршли, јајца, и слично не го сметам за готвење, логично е секој да знае да го направи тоа, ако си јадел пример пржена виршла, знаеш како изгледа и готово. Нема филозофија.
Пржењето виршли, јајца, и слично не го сметам за готвење, логично е секој да знае да го направи тоа, ако си јадел пример пржена виршла, знаеш како изгледа и готово. Нема филозофија.
Можеби имаш право, ама треба и да знаеш како да ги подготвиш :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom