Кој е подобар ,,Х'' или ,,Y'' [Овонеделен дуел: Жулио Цезар vs Петр Чех]

Овонеделен дуел:

  • Вкупно гласачи
    99
Буквално во секој поглед, Ето е подобар од Ибрахимович. Можеби босанецот има само посилен шут, ама не и подобра техника на шутот.
Ибрахимович само во Италија може да игра на ниво(и тоа против Бари, Чезена и сл.). ЛШ е пропала приказна за него, неможеше да ја освои со најдобриот тренер Мурињо(само шо си отиде, Мурињо одма ја освои), не можеше да ја освои со најдобриот клуб Барселона.

Нема потреба да се потенцира за кого гласам, греота е да се споредува Ето со Ибрахимович. Не гласам за тоа што Ето даде многу на Барса, а Ибрахимович и зеде на Барса. Најобјективно, Ето треба да се споредува со Руни, а не со Ибрахимович, кој не му е ни до колена.
Ето барем 2 класи погоре од Златан.
 
Јас искрено се согласувам со Марли...иако сум за Интер што по дифолт треба да го преферирам Ето како подобар напаѓач..сепак мислам дека овие двајца класа играчи си имаат свои квалитети каде невозможно е туку така едноставно да се споредат двајцата и на прва да се кажи кој е подобар како индивидуалец..реално како што потврди Марли Ето ги освои тие титули поради тимовите каде што играл и карактерот што го има како играч и секако квалитетите му се неспорни и него...Ибрахимович сака да биди главен во тимот и сите топки да одат преку него..реално Ето се има и тоа како повеќе докажано и дефинитивно е човек за големи натпревари..но јас повеќе ги преферирам напаѓачите како ибрахимович...посебно кога тука би го споредиле шутот на двата тогаш се е кажано:helou:
 
Ибра е поатрактивен од Ето,знае да направи убави потези но Ето ја завршува својата работа наједноставно.
За карактерот на Ибра не треба ни да се зборува сите знаеме каков е...и каков карактер има Ето...вистински воин,се бори со се што има до крај,и последните атоми на сила ги троши за тимот.

Мојот глас оди за Ето,бидејќи е покорисен за екипата.
 
Подобро да споредуваме Ето vs Инзаги, него ли Мувлахимович...

Ете, видете што направи во Барса, споредете со барем една сезона на Ето во Барса и се ќе ви биде јасно. Порелевантна споредба - АМИН!

Прегледај го приврзокот 41550
 
Attachments

  • 188515_189825244385852_100000751341933_397325_4088121_n.jpg
    188515_189825244385852_100000751341933_397325_4088121_n.jpg
    65,7 KB · Прегледи: 0
Ето, дефинитивно. Не дека Ибра е лош - одличен играч кој скоро секој тренер го посакува во екипата. Ама човекот едноставно е роден само за во Сериа А. Тотално се губи на натпревари од ЛШ (освен ако не игра против екипи од ранкот на Бешикташ).
 
Најлесно за типување кој ќе победи на анкетава, 1.01 коефициент за Ето. :icon_lol:

На терен покажуваат кој е подобар, а според мене Ето е и подобар индивидуалец и подобар тимски играч, и во Барселона и во Интер беше меѓу 2-3-цата најзаслужни за многуте освоени титули, што знам... Ето е класа за Ибрахимович, во секој поглед.
 
Гледам пишувате за тоа како Ибра не бил тимски играч, а Ето партали правел на ова поле. Статистика оваа сезона покажува нешто друго : Ибра 11, Ето 6 асистенции.

еве и за 2008-2009 што пишува

Ibrahimović's form in the season had been eye-catching, with clever movement on and off the ball, and his passing had been outstanding.

Да, Ето може да е подобар играч... но не туку така лупајте без факти.
 
Гледам пишувате за тоа како Ибра не бил тимски играч, а Ето партали правел на ова поле. Статистика оваа сезона покажува нешто друго : Ибра 11, Ето 6 асистенции.

еве и за 2008-2009 што пишува

Да, Ето може да е подобар играч... но не туку така лупајте без факти.
Вистина е, сезонава во Милан се растури од асистенции, или дава гол или асистира, барем тие утакмици што сум ги гледал на Милан.
 
Гледам пишувате за тоа како Ибра не бил тимски играч, а Ето партали правел на ова поле. Статистика оваа сезона покажува нешто друго : Ибра 11, Ето 6 асистенции.

еве и за 2008-2009 што пишува

Да, Ето може да е подобар играч... но не туку така лупајте без факти.
Тимски играч не значи само колку асистенции имаш, туку и колку се залагаш за тимот...

Иначе гласав за Ето, затоа што се снајде многу подобро од Ибрахимовиќ во Барса... за други не ме интересира!
 
+1

Не гледајте само ебана статистика, да гледаме само статистика Инзаги би бил најдобар играч на сите времиња.
 
Ето и тоа со тапија.
Човекот остана најголемата грешка на Гвардиола. Ибрахимовиќ не е за друг фудбал освен за шпанскиот. Не дека беше толку слаб он во Барса, ама се гледаше дека не се вклопува во екипата и сакаше да биде прва виолиона, а пред него имаше многу многу луѓе.
 
Бесмислена е споредбава, а и анкетата ќе си го докаже тоа. Ето се разбира. Ибрахимовиќ е одличен индивидуалец, ама фудбалот е тимски спорт.
 
Ето предности во однос на Ибра: брзина,тимска игра и покажување на својот квалитет во големи мечеви.
Ибра предности во однос на Ето: јак шут, подобар слободен удар, подобра игра со глава, други карактеристики како голови со различни делови од телото ..
Али она што го прави Ето подобар во однос на играта е скромноста така да се изразам. Ибра сака да биде главен во тимот, секој гол да оди преку него, за разлика од него пак Ето знае и да биде многу поголем тимски играч. Во моментов гласам за Ето бидејќи моментално е најдобар играч во Италија и ја игра својата најјака сезона. Не велам дека и Ибра не игра добро во Милан, но во последниве неколку меча, со Тотенхем 2-та дуели, и неколкуте игри во Серија А не се покажа најдобро.

Омилен потег на Ето :
Омилен потег на Ибра:
 
+1

Не гледајте само ебана статистика, да гледаме само статистика Инзаги би бил најдобар играч на сите времиња.

И тоа шо викаш инзаги џабе давал голови кога другите трчаат по 15км и се борат за тимот,тоа се брои а не головите .. пфф :)
Болје некој да ти трча и да подава него голови да дава :)
 
Гласав за Ето само затоа што е тимски играч, но и Ибрахимовиќ и те како е добар играч, поготово во Италија растура дечкото...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom