Кој е подобар ,,Х'' или ,,Y'' [Овонеделен дуел: Жулио Цезар vs Петр Чех]

Овонеделен дуел:

  • Вкупно гласачи
    99
Не знам зашто сите ја спомнувате таа "покомлетност" и зашто тоа што насри може да игра на повеќе позиции го гледате како предност за него,тука ја споредуваме техниката/шут/дриблинг...?
Да си кажам јас значи,Насри е многу добар техничар,одличен дриблер шутер ,доста добро игра и со двете нозе,Нани има супер дриблинг,одлична стартна брзина ,феноменален асистент,малку забегава левата нога ама има време,ќе се поправи.Не знам...не можам да кажам дека едниот е подобар од другиот...ама ќе гласам за Нани..знаете зошто.
Двајца ги сметам за едни од најдобрите играчи во ПЛ...
Па за да играш на повеќе позиции,треба да си покомлетен играч од оној што игра на една позиција.Тоа ти оди едно со друго :))
Нани има феноменален центаршут,па од таму асистенциите,ама за феноменален асистент може да се каже дека се Цеск,Гигс,Чави...:)). :toe:
Насри работи за тимот,а тимот работи за Нани,така некако му иде..:))
 
Ама треба и добро да играш на сите тие позиции.. И јас можам да играм на 11 позиции, ти на една ама да си дупло појак.. :)

Не велам дека Насри не игра добро, напротив.. Ама тоа не значи дека е поарен од Нани.. Јас искрено не би можел да кажам кој е подобар.. Значи, многу се блиски во квалитет и многу значајни за екипите во кои играат.. Кажав и пак ќе кажам.. Нани е крило и ништо друго.. И на терен се понаша како класично крило, прави финти, крши кичми на противничките играчи, на супер начин си ослободува простор за шут, само што е десначар, а моментално ради отсуството на Валенсија, игра десно и мора да шутира со лева.. :):)

За Насри, искрено не знам ептен многу да кажам оти и не го гледам кој знае колку Арсенал.. Или пак и не му обрнувам вниемание кога го гледам.. :):) Знам само оти Насри кога го гледам повеќе ми личи на плејмејкер.. Значи, Насри според мене е тимски играч и ја креира играта на тимот.. Не ми делува играч од видот на Нани.. Што знам.. Ако грешам исправете ме.. :)

Едит: И да, тимот не игра за Нани.. Нани си игра сам за себе.. (ама игра и за тимот :))
 
Џабе анкета коа Арсеналовци си гласаат за насри , а ние Манчестеровциве за Нани така да се знае тие шо имаат повеќе фанови тој фудбалер ќе победи во "тркава"...
 
Де бе па што е важно кој ќе победи, дискутирајте си :)
 
Џабе анкета коа Арсеналовци си гласаат за насри , а ние Манчестеровциве за Нани така да се знае тие шо имаат повеќе фанови тој фудбалер ќе победи во "тркава"...
Па има и навивачи на Челзи, Ливерпул, Милан, Интер, Јуве, Рома, Баерн, Барса, Реал, Валенсија, Лион...итн, итн...
 
Ама треба и добро да играш на сите тие позиции.. И јас можам да играм на 11 позиции, ти на една ама да си дупло појак.. :)

Не велам дека Насри не игра добро, напротив.. Ама тоа не значи дека е поарен од Нани.. Јас искрено не би можел да кажам кој е подобар.. Значи, многу се блиски во квалитет и многу значајни за екипите во кои играат.. Кажав и пак ќе кажам.. Нани е крило и ништо друго.. И на терен се понаша како класично крило, прави финти, крши кичми на противничките играчи, на супер начин си ослободува простор за шут, само што е десначар, а моментално ради отсуството на Валенсија, игра десно и мора да шутира со лева.. :):)

За Насри, искрено не знам ептен многу да кажам оти и не го гледам кој знае колку Арсенал.. Или пак и не му обрнувам вниемание кога го гледам.. :):) Знам само оти Насри кога го гледам повеќе ми личи на плејмејкер.. Значи, Насри според мене е тимски играч и ја креира играта на тимот.. Не ми делува играч од видот на Нани.. Што знам.. Ако грешам исправете ме.. :)

Едит: И да, тимот не игра за Нани.. Нани си игра сам за себе.. (ама игра и за тимот :))
Добро зборот ми беше,Нани не може да како плеј,зашто ја нема таа визија,што ја има Насри,го нема тој пас што го има Насри.За шут,Насри подобар,не само што може да шутира и со двете нозе,туку и дека е попрецизен.:))
Во дриблингот,според мене тука некаде се,Нани само прави по циркузантски потези,но незначи дека е поефективен..:)),единствено на ниво,па и две да кажам е подобар во центрирањето.Бонус е тоа што Насри е доста поефективен мислам/ретко неискористува шанси,а плус создава доста за тимот,за разлика од Нани,кој кога сум го гледал/а и според вашите коментари,доста шанси упропастува....

--- надополнето ---

Џабе анкета коа Арсеналовци си гласаат за насри , а ние Манчестеровциве за Нани така да се знае тие шо имаат повеќе фанови тој фудбалер ќе победи во "тркава"...
Со оглед на тоа што сигурно ве има едно 3/4 пати повеќе,не е лош резултатот.:tv:
 
Добро зборот ми беше,Нани не може да како плеј,зашто ја нема таа визија,што ја има Насри,го нема тој пас што го има Насри.За шут,Насри подобар,не само што може да шутира и со двете нозе,туку и дека е попрецизен.:))
Во дриблингот,според мене тука некаде се,Нани само прави по циркузантски потези,но незначи дека е поефективен..:)),единствено на ниво,па и две да кажам е подобар во центрирањето.Бонус е тоа што Насри е доста поефективен мислам/ретко неискористува шанси,а плус создава доста за тимот,за разлика од Нани,кој кога сум го гледал/а и според вашите коментари,доста шанси упропастува....
Ама коа ќе видиш на крај, пола од головите од Нани паднале.. :):) И обично си дозволува повеќе слобода кога имаме водство од 2 разлика на пример..
 
Џабе анкета коа Арсеналовци си гласаат за насри , а ние Манчестеровциве за Нани така да се знае тие шо имаат повеќе фанови тој фудбалер ќе победи во "тркава"...

Е да си ми жив и здрав :) И Гибсон vs Вилшер ќе заврши со победа на Гибсон :)
 
А,да обелодениш зошто според тебе Нани е подобар од Насри не би било лошо.
Освен што наведе дека е себичен друг аргумент не видов.

Ете јас на пример викам дека е Насри подобар играч.И сега што ќе прајме :)?

Ај сега ко децата во 5-то одделение:
-Нани има подобар шут, подобар центаршут, подобар дриблинг.
-Насри има подобар пас.

Па за да играш на повеќе позиции,треба да си покомлетен играч од оној што игра на една позиција.Тоа ти оди едно со друго :))
Нани има феноменален центаршут,па од таму асистенциите,ама за феноменален асистент може да се каже дека се Цеск,Гигс,Чави...:)). :toe:
Насри работи за тимот,а тимот работи за Нани,така некако му иде..:))

John O'Shea - The best player ever. :je:

Добро зборот ми беше,Нани не може да како плеј,зашто ја нема таа визија,што ја има Насри,го нема тој пас што го има Насри.За шут,Насри подобар,не само што може да шутира и со двете нозе,туку и дека е попрецизен.:))
Во дриблингот,според мене тука некаде се,Нани само прави по циркузантски потези,но незначи дека е поефективен..:)),единствено на ниво,па и две да кажам е подобар во центрирањето.Бонус е тоа што Насри е доста поефективен мислам/ретко неискористува шанси,а плус создава доста за тимот,за разлика од Нани,кој кога сум го гледал/а и според вашите коментари,доста шанси упропастува....

А Нани не може да шутира со двете нозе? Попрецизен? И Роналдо не беше најпрецизен, па тоа значи дека Насри има подобар шут и од него? Не заебавај, и Нани и Насри се одлични играчи, многу мали нијанси одлучуваат за тоа кој е подобар, ама ако во нешто дефинитивно е подобар Нани од Насри тоа е шутот, а пак ако Насри дефинитивно е подобар во нешто од Нани тоа е пасот.
Да, Нани е себичен, упропастува доста шанси, ама креира 3 пати повеќе, не за џабе е најдобар асистент и еден од најдобрите стрелци во лигата. Речиси половина од головите на Јунајтед сезонава беа со директно учество на Нани (гол или асистенција). Нани моментално е најдобар играч во ПЛ, а за да биде најдобар во свет ќе треба да поработи уште малку, а да ја намали и себичноста. И мене ме нервира на моменти, така ме нервираше и Роналдо, ама на тој начин се станува најдобар на свет, и на тој начин се создава играч кој кога на тимот нема да му оди добро ќе ја земе топката и сам ќе реши натпревар.
Поради сето ова, Нани е подобар играч од Насри, за мене. Не мора да се сложите со мене, заради тоа и постои темава, за да се дискутира. Добро изберен дуел, сепак ова се играчи кои се тука некаде со квалитет, глупо ќе беше да споредуваме Меси - Волкот, или пак играчи што играат на тотално различна позиција, вака мислам дека можат да се развијат интересни дискусии. :)
 
Не,Ебуе е. ;)
Објаснив убаво подоле зошто така напишав. :))

Да,Нани шутира со двете нозе,ама јас имам подобра лева од него.:tv: Инаку да,има подобар шут оти игра за Утд :))) Единствено нешто во што дефинитивно е подобар Нани е центаршутот.
На редкафе велат дека Насри е најдобар сезонава,на форуми на Тотенхем,на спортски веб сајтови,фудбалски новинари,ама не,Нани е подобар.:back:
 
Е да си ми жив и здрав :) И Гибсон vs Вилшер ќе заврши со победа на Гибсон :)
Нема шанса... Сигурно (голем) дел од навивачите на Јунајтед ќе гласат за Вилшер, ем има и други членови на форумов.. Не сме ние повеќе од 50%, а сите други помалку :)

--- надополнето ---

Не,Ебуе е. ;)
Објаснив убаво подоле зошто така напишав. :))

Да,Нани шутира со двете нозе,ама јас имам подобра лева од него.:tv: Инаку да,има подобар шут оти игра за Утд :))) Единствено нешто во што дефинитивно е подобар Нани е центаршутот.
На редкафе велат дека Насри е најдобар сезонава,на форуми на Тотенхем,на спортски веб сајтови,фудбалски новинари,ама не,Нани е подобар.:back:
Е сеа и ти претера.. 70% од головите на Нани оваа сезона му се со лева.. :) Ама затоа процентот шут/шут во гол му е под 50.. :) Ама ако си упорен ќе успееш, не? :Р
 
Да де, затоа од 10 голови, 7 ги постигна со лева...

Тебе ти е важно што велат на редкафе, не можеш да процениш сам?
Читаш форуми на Тотенхем? :pos:
На спортски вебсајтови пишуваат луѓе како тебе и мене, немој да мислиш дека се некои експерти, ама дај ако имаш некој линк, баш ме интересира кај си прочитал дека е Насри најдобар сезонава.
Тоа за новинарите кај си читал? :)

И кај може да биде Ебуе подобар од О`Ши, кога нема играно како голман, а верувам ни како напаѓач? :icon_lol:
 
--- надополнето ---

Е сеа и ти претера.. 70% од головите на Нани оваа сезона му се со лева.. :) Ама затоа процентот шут/шут во гол му е под 50.. :) Ама ако си упорен ќе успееш, не? :Р
Левата ми е како на Ван Перси бе. :tv:
Да де, затоа од 10 голови, 7 ги постигна со лева...

Тебе ти е важно што велат на редкафе, не можеш да процениш сам?
Читаш форуми на Тотенхем? :pos:
На спортски вебсајтови пишуваат луѓе како тебе и мене, немој да мислиш дека се некои експерти, ама дај ако имаш некој линк, баш ме интересира кај си прочитал дека е Насри најдобар сезонава.
Тоа за новинарите кај си читал? :)

И кај може да биде Ебуе подобар од О`Ши, кога нема играно како голман, а верувам ни како напаѓач? :icon_lol:
Не читам ни редкафе ни форуми на Тотенхем,имаше линкови на арсенал-маниа,некаде на полусезоната кога се дискутираше кој е најдобар,па така забележив,не дека ми е важно,туку од љубопитност и имало реални навивачи..:)) Таму имаше и линкови од сајтовите,ме мрзи да барам :)),знам ми текнува од гол.ком имаше анкета за кој е најдобар играч/Насри над 70 посто имаше од гласовите.
Од новинарите,на твитер пишуват а и коментаторите на скајспортс :)) :helou:
И да, Еубе има играно како напаѓач,само како голман не :)) нема веза, он истворемено на теренот е и фудбалер и комичар,не го може тоа секој :)))))
 
Има разлика помеѓу полусезона и 26-27 коло. На гол.ком пред две години имаше анкета кој е најдобар играч во ПЛ. Победи Џерард.
Пак ќе кажам, се работи за разлика во нијанси, секој си има свое мислење. Иако чисто се сомневам дека навивач на Тотенхем би кажал дека Насри е подобар од Нани, колку и да е реален. Освен ако тоа не се случило по голот на Нани против нив, на ОТ, кој беше невообичаен, но не и нерегуларен. :)
Од коментаторите не сум слушнал да каже некој дека Насри е најдобар сезонава, ама не е ни важно, мош се некои експерти ко Трпе наш. Мене ме интересира ти што мислиш, не некои си коментатори на СкајСпортс. :)

Ебуе откако ќе заврши со фудбал, преведувач ќе биде...
 
Нани е според мене подобар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom