Кој е подобар ,,Х'' или ,,Y'' [Овонеделен дуел: Жулио Цезар vs Петр Чех]

Овонеделен дуел:


  • Вкупно гласачи
    99
Гласам за Чех. Мислам дека е доста подобар од Цезар, не дека Цезар е лош ама Чех е далеку подобар.
 
Да бидам искрен, Чех не го пратам многу како брани, но знам дека станува збор за исклучително многу добар голман, но сепак мислам дека Цезар сеуште е меѓу топ 3 голмани на светот. Кај Цезар последната година падна малце формата исто како кај многумина играчи на Интер, после сето тоа достигнување ланската сезона, но ако сакате да ги споредиме за 2010 и натака тогаш Цезар сигурно дека заслужува поголеми оценки од Чех. Некој сега ке вика па Цезар имаше киксови, да имаше, но кажете ми кој голман не праи киксови, некој повеќе некој помалце, но треба повеќе да обрниме внимание кој што одбранил.
 
Повеќето ќе гласаат за Чех, затоа шо од Интер гледале само две утакмици, и тоа тие две, против Баерн. Исто, повеќето тука гледаат англиски, а Телма уште на телевизор ја немаат меморирано. Не викам дека Цезар е подобар, туку само кажувам. :toe:

Искрено, јас од Челзи ова сезона сум гледал сила 5-6 утакмици и тоа вака на компјутер и ќе се свртам ко ќе имат шанса/гол (освем со Манчестер во ЛШ и пред тоа ко ја свртиа 2-1 во Премиер) и неможам да го оценам Чех од толку како брани ова сезона.

Цезар е најголем "виновник" (заедно со Ето) затоа што Интер е сеуште во трка за скудетото... Или беше. Во еден од најважниот момент за скудетото, против Палермо, фати пенал на 1-2. И самите знаете шо значи тоа за играчите колку мотивација им дава. Гарантирам дека ќе изгубивме таа утакмица ако не го фатеше пеналот. Истата утакмица на 3-2 за Интер, имаше перфектна одбрана во 88-89минута, како само ја фати таа топка, само тој знае. Со Бреша исто фати пенал во 80 и некоја минута на резултат 1-1... Со Милан последнава утамкица, да не беше тој (и да знаеше малце Робињо), абе 6-7 не ни бегаа да изгубиме...

И викате лани бил во подобра форма Цезар отколку ова. Yeah, right. Лани заради него ќе ја изгубевме на крајот титулата поради грешките со Рома и Фиорентина, заради него Рома дојдоа пред Интер и само чудо т.е. чудо наречено Пацини, го спаси од тој "срам" Цезар и се да му се заборави. Ова сезона не памтам да има некој поголем кикс, освем тие со Баерн. Ево нека кажат другите интераши дали има, бидејќи мене искрено не ми текнува.

Цезар никогаш не бил во ранкот со најдобрите голмани од поново време во своите најдобри сезони како Кан, Буфон, Касиљас, Ван Дер Сар и според мене, тешко дека ќе го достигне тоа шо го направиле овие четворица. Додека Чех, слободно можеше да се каже дека беше во ова "елита" се дури од повредата.

Се на се, според мене Цезар > Чех моментално.
 
Веднаш после Пинто е Касиљас..
PintoJoseManuel.jpg

Видиш како си знаеш :)

Иначе јас го преферирам Цезар пред Чех.
Чех никогаш не ме импресионирал, за разлика од него Цезар доста пати.
Мислам дека Цезар е подобар голман од Чех. Можеби прави повеќе киксови, ама ако зборуваме само од голмански аспект е многу подобар од Чех.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Me2
ABE OVA E PRVA ANKETA vo koja ne mozam da glasam zatoasto isti se ama IC NE SE RAZLIKUVAAT i dvajcata KIKSERI :pos2:
 
Чех пред да дојде во близок контакт со Хант беше во то"б" 3 во светот,сега е друга приказна.
 
ABE OVA E PRVA ANKETA vo koja ne mozam da glasam zatoasto isti se ama IC NE SE RAZLIKUVAAT i dvajcata KIKSERI :pos2:

Вака сега..Има голман што не направил кикс?? Кој го рачунаш за најдобар голман? Касиљас, Ван Дер Сар, Нојер..? Они не направиле кикс??

Споредбава е глупава затоа што според мене други голмани се на врвот, ама кога би бирал од овие двајца, би го избрал Чех. Едноставно научен сум од ситуацијата во Арсенал што беше дека не се само битни рефлексите. Многу важно е да го владее својот простор како и нафрлените топки.
 
Не дека сум навивач на Челзи, али мислам дека Чех е најдобар моментално во свет. Штета што Челзи нема добра одбрана.
 
Не дека сум навивач на Челзи, али мислам дека Чех е најдобар моментално во свет. Штета што Челзи нема добра одбрана.

Во право е дечкото...ајс искрено да бирам дрим-тим моментално сигурно за голман би го ставил Чех пред Касиљас и Цезар токму поради причината што ја напиша картер погоре!
 
Мислам дека Чех не може да дава се од себе на натпреварите поради повредата на главата. Изгледа се плаши да не се удри во стативите при некоја интервенција. Пред повредата човекот бранеше феноменално и со сигурност беше број 1 во светот..Од кога се врати не е истиот,но според мене е во топ 3 голмани со Касиљас и ВДС.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom