Кој е подобар ,,Х'' или ,,Y'' [Овонеделен дуел: Жулио Цезар vs Петр Чех]

Овонеделен дуел:


  • Вкупно гласачи
    99
Хаха добри сте со провокацииве...него кога ешли ќе го направи ова ондак? :icon_lol:

http://therepublikofmancunia.com/wp-content/uploads/2011/01/Evra-European-Cup.jpg

Во секој случај се работи за двата најдобри леви бека на светот, факт. Не можам да правам разлика помеѓу нив двајца бидејќи и евра и кол кога играат на ниво ја држат цела страна под нивна контрола и колку што се ефикасни во одбрана, се и во напад...искрено, кол според мене е можеби за нијанса подобар во одбрана од патрис, кој според мене е класично лево крило, но тоа е само мое мислење...гласам за евра од причина што е играч на мојот тим и во никој случај не е површно/излишно, бидејќи сепак патрис е бекчиште невидено!
А да, ќе заборавев, ме нервира шутот на евра, споредено со ешли кол кој е каде каде поконкретен, но ич го нејќам (причините ги знаете).

Тоа би било да не должиме многу.
 
Затоа што модераторот е зафатен, преземам обврска да го сменам дуелот за оваа недела - Петр Чех или Жулио Цезар?

Бујрум.
 
Гласав за Чех. Има висина, има телесна градба перфектна за голман најпрво. Иако некои викаат дека после тоа со главата не е на исто ниво, наводно се чува да не ја тресне главата од статива, сепак го има рефлексот, за мене пак е во топ 5 голмани во светот, во ПЛ со ВДС најдобри. Солиден е при истрчувања, ретко греши кога има директни удари кон гол, освен ако не се одбие некоја топка...
Додека Цезар прави киксови, несигурен е. Има и тој добри одбрани но мое мислење е дека минатата година се истакна поради Самуел - Лусио тандемот пред него. Не велам дека се е поради нив, но секако и тоа има влијание.
 
Сте можеле порамноправен дуел да одберете :) Чех го јаде Цезар во секоја смисла!
 
Не е ова моја одлука :))
 
Чех е бољи, и Цезар е добар ама повише кликисови прави од Чех е посигурен голман од бразилецот така да мојот глас оди за Чех
 
Цезар е како Дида на времето,кога ќе одбрани одбрането е ама кога ќе усере.......
 
Да беше ова лани ќе гласав за Жулио и против Лав Јашин да беше у дуел!

Но годинава му опадна драстично формата, и прави киксови невидени, и лани му се дешаваше но не беа фатални за тимот! Годинава се!

А Чех не е ни тој сјаен сезонава но за нијанса е подобар и постабилен од Жулио !

Така да мојот глас иде за Чех!
 
Копилето Хант од Ридинг рак да фати ! За малку не го уби Чех ...
После таа повреда Чех не е истиот :toe:
 
Чех пред повредата беше еден од најдобрите голмани, . . . ако не и најдобар. Цезар беше само добар голман, кој понекогаш ќе заблескаше со по некоја добра одбрана. После повредата Чех имаше голем пад во формата . . . додека Цезар претходните 2 сезони ги одбрани перфектно, ама сезонава прави ненормални киксови.

Би рекол дека и двата голмани се добри, но не се константни во својата форма!!
 
чех во првите 2 сезони (пред повредата) беше звер, паметам дека само папа буба диоп му имаше дадено гол надвор од шеснаесетник, растураше ама после повредата опадна формата страшно, сега се подобрува го гледам одлично брани сезонава, само да не истрчува на празно на секое нафрлување,
цезар годинава а и минатата година направи киксови кои за малку ќе ги изгубевме титулите,сепак беше добар сезоната 2008/09 и бранеше страшно, му давам предност на чех
 
Овие двајца голмани во различен период ги поминаа своите најдобри времиња... Чех беше најдобар голман во светот пред онаа фамозна повреда на главата, тоа беше пред 4-5 години мислам, тогаш беше во одлична форма... додека кај Цезар е обратна ситуацијата, тој не беше нешто посебно на почетокот кога почна да брани, но со тек на времето стана супер голман и неговиот врв беше последните 2-3 години... сега и двајцата се добри, си држат некое ниво, некоја константност, Цезар можеби му се случува некогаш да направи некој кикс, но затоа некогаш брани се што оди во неговиот гол... се на се тука некаде се и двајцата, нијанси одлучуваат, јас лично повеќе ми се допаѓа Цезар, но ги сваќам и оние кои што мислат дека Чех е подобар.
 
ne glasam za nikoj bidejki i na dvajcata mu e mnogu padnata formata
a inaku i dvajcata bea dobri pred 3 4 godini,moze cex za nijansa podobar
 
Повреда или не Чех може да го учи Цезар за бранење. Да бидеме реални мислам. Да и во голем процент гледано тука големо влијание има и одбраната на двата тима, но како и да е според мене Чех е подобар од Цезар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom