Значи ти беше гностик атеист , тврдиш дека не постои таков поим како Бог.
А дефиницијата за бог ми ја даваш од википедија и речникот.

)))
Сепак ќе заглавиме околу дефинирање и недефинирање на поим.
Нема излез во тој случај.
Бев во право. Се' ова оди надолу.
Ако сакаш со некого да полемизираш, мора најпрвин
да се сложиш околу елементарните термини со кои бараташ во дискусијата. Твоето избегнување да се сложиш со некаква
објективна дефиниција те прави манипулатор и опортунист, а јас со такви луѓе или не дискутирам или сум многу агресивен и нетолерантен.
Поимите
се веќе дефинирани. Ако во својата немоќ да изградиш валиден аргумент ти постојано се навраќаш на дефинирање на почетните поими, тоа тебе те прави недостоен соговорник.
Има излез, друже, ама до излезот не се стига со суета и застранување. Ако сакаш да дискутираш стварно, ослободи се од товарот на егото. Ако дискусијата оди во правец кој не ти одговара, гризни метак и истрпи. Од све се учи.
Дали ја верувам или не верувам во бог нема да го промени фактот дека човекот
исконструирал еден таков поим. Тој поим е
дефиниран. Оние кои веруваат дека тој поим
реално постои се викаат теисти. Оние кои порекнуваат реално постоење на таков поим се викаат атеисти.
И уште една твоја случајна или подмолна подвала: Јас никаде не викам дека не верувам во
поимот Бог. Јас ти викам дека Бог или Богови
не постојат. Исто како што не постојат Дедо Мраз, еднорози, штрафтасти носорози со говорна маана или разведени самохрани снегулки.
Мислам дека сега треба да подразмислиш малку пред да постираш одговор. ОК?