Кој е најдобриот гол што го имате видено во историјата на фудбалот? (Објасни зошто)

  • Креатор на темата Креатор на темата Kobe Bryant 24
  • Време на започнување Време на започнување
Каков Зидан какви бакрачи...за еден натпревар Ривалдо ги стави сите останати во кош. Видете хет-трик и обрнете внимание на последниот гол. Најпотценет играч, класа за сите други.

 
Споредувате шутеви т.е. ги ставате на највисоко ниво а истите се многу полесни за изведување него дриблинг низ цела одбрана од типот на Марадона вс Англија или Роналдо вс Компостела...

или на пример акции од 25-30 пасови како голот на камбиасо против србија!...(е тоа е најтешко нешто)
 

Кој центаршут човече!!! Топката му ја седна на нога... а ракетата шо ја упати Робен мислам дека го помоча Ван Дер Саар!!! Ѓаволите ќе плачат еден век кога ќе го гледаат овој гол!
 
Можеби не е најдобар, но дефинитивно еден од најубавите што ги имам видено. Сила, елеганција, техника и убавина сплотено во еден шут, и се добива ова:

 
И јас сум за голот на Роналдо против Компостела, тој тип на голови како Марадона со Англија или Меси (не знам против кој беше) ми се најубави, тоа е сонот, крајната цел, играч што поминува повеќе од пола терен низ 5-6 противнички фудбалери и постигнува гол. Но се тоа беше постирано, а овој гол дефинитивно фали во колекцијава:

 

Еве еден од оние што вклучуваат дриблинзи на фудбалери, плус меч со Арсенал плус мајсторија на Гигс од повеќе од половина терен :)
 

Сите 40 затоа што секој си има своја приказна... :)


Еден од клучните голови на магионичарот Garcia кон патот до титулата во CL
 
Зар може да не сте ја ставиле оваа голчина..
 
:pos: Сакаше да нафрли типот, очигледно беше и тогаш (во живо) и сега.

1. Јас не гледам да ја допре некој топката (0:54 од видеото);

2. Види овде и овде кој е запишан како стрелец. :toe:
 
1. Јас не гледам да ја допре некој топката (0:54 од видеото);

2. Види овде и овде кој е запишан како стрелец. :toe:

Нигде не реков дека ја допрел некој, туку центаршутот беше непрецизен... и заврши во гол (за негова огромна среќа)
Примети како набрзина погледнува кај се неговите играчи, и од вртење ја упатува топката во шеснаесетникот.

П.С. Иако да бидам искрен мислам дека Лампард имаше изјавено негде дека намерен му бил шутот. (во што се сомневам :) )
Како и да е, било да е намерно или не, убаво голче.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom