Кои сме ние?

  • Креатор на темата Креатор на темата reddevil4ever
  • Време на започнување Време на започнување
Уште една тема на која не и беше местото онаму каде што оригинално беше отворена, тема која бара одговор на едно прашање што доста не прогонува...
 
Хех , добро е ова, кои сме ние.
За да се спознаеме кои сме ние треба секој поединечно да се запраша, кој сум јас, што барам овде сега во моментов, зошто сум дојден, дали некој ме прашал дали сакам да сум сега овде јас -јас?
Човекот минувал низ многу етапи и периоди за да денес заборави дури кој е, смешно. Е па во материјалниот свет живееме премногу и не изненадува прашањето кој сум јас, кој сме ние.
По правило,ние сме битие, наизглед сложено битие, но во суштина едноставно дури и просто битие. Секоја функција на тоа битие е совршена, за да фукционира перфектно. Со други зборови ние сме најубавата креација на Господ, најдоброто што може да постои. Жално е што понекогаш нашата совршена креација не соодветствува со постапките на истата. Хм, би можело да се рече , ние сме нај апсолутно релативната ствар што може да постои , хех ... добро е :)
 
Тука сме да си ја постигнеме нашата цел. Абе Господ не не создал нас, кој ви го кажа тоа? xD
Бај д веј, нашата цел е позната само на мал број на луѓе...
А под ние што се подразбира? Ние или нашето тело?
 
Како знаеш кој не создал а кој не, објасни? Кој ти кажа тоа? :) Секој си има своја цел, таа цел може да е доволно голема за да биде единствена и обратно. Тој мал број на луѓе ништо не знае,пример ти повеќе знаеш. :) Па ако мислиш дека твоето тело е материја без дух, тогаш веројтано тоа ќе да значи. хехехехе
:nesum:
 
Ние сме луѓето кој што живеат на една далечна планета наречена земја во млечниот систем , кој што се поразвиени од останатиот жив свет но во моменти и попримитивен и подив од нив. Ние сме луѓето ...
 
уште едно прашање, чиј одговор нема никаква реална вредност.
 
@ficdogg
комплетно се согласувам .... некои прашања не заслужуваат да бидат поставени , а уште помалце заслужуваат да се бара одговор за истите.
 
„НИЕ“ сме луѓе... тоа се знае.
а од кај сме зашо сме како сме стигнале до тука богами не познавам некој шо знае или шо би можел да знае..
 
па никој не знае да одговори тоа кои сме ние и која е нашата улога во универзумот.... Да точно е, ние сме ЛУЃЕ но тоа есамо нашето име.... и јас до неодамна се замарав со вакви прашања и постојано ме мачеше кога за нешто не можев да најдам одговор... ЗОшто постоиме и кои сме ние... пробав да живеам...без да си ги поставувам тие прашања и мислам дека животот е многу полесен така....
 
тоа со господ за мене се ноторни глупости. воопшто не верувам дека некој постои и не создал, и сега е над нас и има моќ да си игра со нашите животи, да ни ја запише судбината,да влијае на нашите одлуки и околности. јас верувам дека за секое зашто има свое затоа, и знам дека луѓето се настанати според тоа што науката ни го има откриено, и има принесено ФАКТИ за тоа од каде доаѓаме и кои сме всушност ние. значи видот животни наречен луѓе доаѓа од човеколикиот мајмун, или според некои доаѓа од така наречен вид - хоминоиди, од кој се развиле два посебни вида, човеколики мајмун и праисториски човек, од кој по пат на еволуција се развил денешниот вид на човек наречен homo sapiens sapiens.
за разлика од науката, црквата не ни принесува реални факти што ние сме во можност да ги видиме. затоа ќе поверувам дека постои господ кога ќе се појави тука, и ќе принесе факти дека тој навистина не создал нас, и дека има моќ да си игра со нашите животи.
ние сме ништо. минливи суштества, игра на природата. се раѓаме, живееме, умираме, скапуваме во гроб. и тоа е тоа. ништо поедноставно. не сме ништо повеќе од обични животни, чиј мозок се развил малце повеќе. ама тоа што сме способни да мислиме не не прави нешто различни од животните, зашто подлегнуваме на исти биолошки закони, имаме исти физиолошки потреби. ете, ние можеме да мислиме, змијата има способност со угриз да убие живо суштество, китот има способност да испушти звук што се слуша на не знам таму колку километри. секој вид има нешто специфично,така и ние. ние сме луѓе и премногу се величаме себеси, а сме всушност само еден вид животни.
 
Се додека се замарав со тоа постои, не постои, заборавив една есенцијална работа - не е мое да докажам дали постои или не. Мое е да одлучам дали сакам да верувам или не. Сега се што ме интересира мојот живот, не се замарам со филозофски прашања, има кој да ги разглаба истите, си гледам мене да ми е убаво, животот е прекраток за замарања од типот "кои сме, зошто сме тука, како сме стигнале".
 
Кои сме ние?
Зошто сме ние?
Can god microwave a burrito so hot that he himself can't eat it?

Воведниот пост како бледа копија од религија темите. Смешно е.
А од филозофски аспект, ако барате нешто за да се дефинирате, да ви даде цел и смисла, на погрешно место сте. :smir:
 
Кога умираме едноставно ја враќаме енергијата КОЈА СНЕ ЈА ПОЗАЈМИЛЕ :) до тогаш сум физичко, телесно, разумно суштество свесно за своето постоење :) Едноставно ЈАС :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom