Кои правци ги поминавте пред да стигнете на она што моментално го слушате

Турбофолк,Грајндкор,Хард-рок,џез,кантри,средновековна музика,староегипетска музика и сега слушам повторно турбофолк....најдоброто секогаш останува на крај:smir:

ПС. Сите што ''Слушале'' метал па се вратиле на електронска,рап и слично фактички никогаш не слушале метал...
 
До седмо рапче(али олд скул)
После се заразив со мејден и фиер оф д дарк
Па преминав на слер,содом,оантера,катаклисам,дед(групата),чилџрн оф бодом и нешо чат пат коа ќе начекам добро.

Иначе љубител сум на некое добро рапче или некоја таква музика(неам лошо мислење за ниеден жарн)

А иначе у глобала мејден и слеер(чат пат дед и катаклисам)
 
Dragon[Sky];2235652 напиша:
Рок, па рап, па метал, па електронска, сега псај-гоа. :)
Прашање на време е кога ќе се префрлиш на реге...
Онтопик: прво слушав нешто по-дет-кор рок и метал, за сега да се префрлам на нешто по-меланхолично и класично, ми помина фазонот на цепање. :smir:
 
ко беф прво одделение гугалче докај четврто демек рап слушаф ... после слушав се шо даваат на МТВ па полека полека рокче .. па некогаш слушав и класика.. па почнаф да ги вртам плочите на татка пинк флојд, битлси, цепелин .. па полека полека нирвана и металика па ганси па ова она за денес да стасам до најмногу гранџ ... метал .. и по малку транс и тоа ...:toe:
 
Пааа..прво почнав со рапот у стилом Еминем,50 Центи...па накај 7 одд се префрлив на металот и до ден денес сум на него и никогаш нема да се откажам!
 
Гледам скоро сите металци шо се денеска на почетокот слушале рап.

Уште мал кога бев не можев органски да поднесам рап, било каков (посебно го замразив оти секогаш кога одев кај брачедите пуштаа рап, посебно Еминем и тогаш страшно се нервирав, таа музика ми иде на нерви, инаку ги поштовам раперите како луѓе ништо против, иам мн другарчиња рапери).
Турбофолкот ми остави длабоки негативни спомени и апсолутно никогаш во животот не сум можел да уживам во таа музика иако сум излегувал ко помал во кафичи кај што се пушта турбо фолк.
Дома кога и да пуштаа на радио турбо фолк веднаш го гаснев радиото и затоа сум се карал многу пати со моите. Ова беше пред едно 8-9 години. Тогаш сеуште не знаев за металот и рокот, од причини што немав никој близок да ме воведе во таа музика а и по телевизии скоро ич не пуштаа таква музика.

Првата песна што во мојот живот сум ја засакал премногу беше Preety Fly од Offsping. Брачедите ми ја имаа снимано на касета па ја слушав по милијарда пати и лудував на неа. Тоа беше пред едно 7-8 години. После еден период на стагнација. По одредено време кога стана хит America од Рамштајн случајно ја слушнав на тв и песната премн ми се допадна. Па така пред едно 4 години кај еден школски од средно пушти Слеер, Металика и Ганс ен Розис. Едноставно се вљубив во таа музика. Од тогаш активно слушам метал и рок (повеќе метал). Среќен сум што не сум се труел некогаш во животот со неквалитетна музика, и веднаш сум почнал со нешто добро.

Денеска најмногу слушам мелодичен метал, готика, треш, хеви поретко, фолк метал. А за опуштање њу ејџ, келтска, индиска, чилаут....
 
Почнав со рок и хеви метал а кога се појави елетронската музика преминав на неа!
 
Од алтернативa до рап, па сега најмногу џез и соул, иако не ги запоставувам првите два жанрови.
 
Поп како дете после на рок преминав и уште сум на тоа.Метал поретко ама и тоа..
 
Поп никогаш не слушав, едино Мадона (Frozen периодот) . После тоа нешто накај рап нешто САФ , Аго , Џака Накот (пред да стане шупак дечкото, или можда не приметував дека смрди тогаш) .
После тоа нешто рок од G'n'R преку Linkin Park , Puddle of Mud и слично па понатака и Led Zeppelin, The Pixies , Judas Priest и натака се си тераше. Натака си затерав по андрграунд така да нешто накај Fugazi, XX , Defeater и слично почнав па Black Flag , Bad Brains и слично.
Денес слушам скоро се освен турбофолк (никогаш не сум го слушаш), поп и рап. Највеќе џез во последно време.
 
САФ,Еминем.. Поп/рок.. САФ.. Рап.. па да стигнам до dnb,dubstep,psytrance,trip-hop, alternative rock и стриктно underground rap.
 
Техно, рап, гоа транс, рок и сега од се по нешто ама најмноги рок ен ролл и блуз
 
прво одамна слушав некојси турбофолк по дома, а кога одев кај бабами слушав Beatles и Whitesnake. После слушав Рибља чорба, па фатиф на рап, некој попрок и ондак трнав на старото добро техно поготово со Scooter, почнав транс баш со тиесто и одтогаш почнав да слушам и псај и гоа и днб и дабстеп и метал и шо не :)
 
лепа брена,екс ју рок-бело дугме, рибља чорба, па од средно почнав со хеви метал, мејден, џудас, па креатор слеер, eeee после кога ги слушнав првпат Дет се отвори сосема друг свет во музиката за мене.....и од тогаш си слушам дет метал
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom