Гледам скоро сите металци шо се денеска на почетокот слушале рап.
Уште мал кога бев не можев органски да поднесам рап, било каков (посебно го замразив оти секогаш кога одев кај брачедите пуштаа рап, посебно Еминем и тогаш страшно се нервирав, таа музика ми иде на нерви, инаку ги поштовам раперите како луѓе ништо против, иам мн другарчиња рапери).
Турбофолкот ми остави длабоки негативни спомени и апсолутно никогаш во животот не сум можел да уживам во таа музика иако сум излегувал ко помал во кафичи кај што се пушта турбо фолк.
Дома кога и да пуштаа на радио турбо фолк веднаш го гаснев радиото и затоа сум се карал многу пати со моите. Ова беше пред едно 8-9 години. Тогаш сеуште не знаев за металот и рокот, од причини што немав никој близок да ме воведе во таа музика а и по телевизии скоро ич не пуштаа таква музика.
Првата песна што во мојот живот сум ја засакал премногу беше Preety Fly од Offsping. Брачедите ми ја имаа снимано на касета па ја слушав по милијарда пати и лудував на неа. Тоа беше пред едно 7-8 години. После еден период на стагнација. По одредено време кога стана хит America од Рамштајн случајно ја слушнав на тв и песната премн ми се допадна. Па така пред едно 4 години кај еден школски од средно пушти Слеер, Металика и Ганс ен Розис. Едноставно се вљубив во таа музика. Од тогаш активно слушам метал и рок (повеќе метал). Среќен сум што не сум се труел некогаш во животот со неквалитетна музика, и веднаш сум почнал со нешто добро.
Денеска најмногу слушам мелодичен метал, готика, треш, хеви поретко, фолк метал. А за опуштање њу ејџ, келтска, индиска, чилаут....