Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Значи, ако ја нема таа личност, човек треба да престане да живее, да живурка онака без никаква цел пред себе само затоа што нема храброст да си се убие?Лејди Сатори напиша:Кога таа личност е причината поради која живеете!
Не ми се сфатливи овие фрази, без разлика колку имаат или немаат метафора и скриена смисла во својата содржина. Може да бидеш весел, расположението да ти е на ниво, личноста да ти дава пријатно чувство, да те обземаат блажени емоции, да чувствуваш срцето дека ти е полно со љубов, да бидеш среќен затоа што си сакан, но да речеш дека живееш за некого?
Се трудам да се сетам дали некогаш сум го рекла истово за некого барем како помала кога паметот повеќе лета, кога се` ти се чини совршено. Живееме пред се` заради себеси, за да постигнеме нешто што ќе не` исполнува, а меѓу другото и за да најдеме некој кој ќе е покрај нас, ќе не` сака и ќе сакаме, ќе чувствуваме заедно дека живееме.
Дали значи, ако ти се смота низ памет оваа фраза, дека си стигнал до највисоките чувства?
Надежта е директно поврзана со желбата. Додека имаш желба за нешто - ќе имаш и надеж за истото. Ништо не е сигурно. Можеби е сега сигурна надежта, но никој не може да даде гаранција дека ќе остане како таква, желбите понекогаш спласнуваат и ги снемува. Можно е кај еден од двајцата да се случи токму тоа и што останува од чекањето? Немој да велиш дека не е можно, бидејќи не знаеш што може да се случи после некое време. Потоа доаѓа разочарување и прифаќање на ситуацијата како залудно потрошено време.Лејди Сатори напиша:Но што ако надежта е сигурна и се случиле многу многу работи помеѓу вас двајца и фктот дека можете да бидете заедно и на двајцата ви е добро обработен, само знаете дека од икс причини кои нема потреба да ги објаснувам сега е лошо време нешто да се почне и + веќе имате оставено многу зад вас, секој ден се гледате, заедно сте, ама ако прерасне во нешто повеќе ќе биде уништено од страна на некој друг.И затоа треба време, треба да се почека, па дури и тоа да значат години.
И уште нешто - ако нешто е толку силно, нераскинливо, никој не може да го уништи освен двајцата (намерно или ненамерно).
Како и да е, секој си знае колку е подготвен да ризикува, а чекањето е ризик кој не дава секогаш резултати какви што сакаме.

), и покрај тоа што истата му носи крајна болка и страдање.
...Izbrkaj go od tvojata gleva, nasmevni se i pogledni naokolu!