Па и нема многу да се луксузирам. Ќе си купам едно убаво станче, тука, во Скопје, по можност во Аеродром, мојата тековна населба, која за ништо не би ја променил. Ако може би си купил всушност два стана еден над друг и ќе ги спојам со скали, многу сакам да имам во домот скали, еден камин и шанк. Највеќе ми значат малите работи (не дека тоа се мали работи, но во споредба со оние кои можеш да си ги дозволиш кога би бил милионер...). И нормално, „дупката“ ќе си ја уредам по мој вкус, верувам дека ќе и посветам многу време, јас сум невиден перфекционист. Би дал и некој денар за добра облека, мојот фетиш број 2. Многу ми е поважно она што го имам да е убаво, со вкус, отколку сето тоа да делува луксузно и скапо, не сум материјалиста. Останатите пари нека стојат во банка и нека ми доаѓа камата, или пак би ги вложил во некоја паметна бизнис инвестиција.