Кое е вашето хоби ?

Супер, уначе уметник :D ? јас сум по музичката уметност ( гитара ) а да, и читам книги ти што жанр на книги преферираш ?

Не сум професионален уметник, би рекла неостварен талент, па си цртам за своја душа.
Од литературните жанрови преферирам трилери и драми.
 
Седам на компјутер, работам со програми, средувам телефони, пишувам текстови и есеи на било какви теми кои ќе ми надојдат во моментот како инспирација, гледам филмови, пешачам на долги дистанци и (везам гоблени) :pos:
 
Свирам гитара, читам книги, вежбам StreetWorkout, возам ролери, трчам :D
 
Читање и колекција на стрипови, претежно Дилан Дог.
 
Две години сум овде на Кајгана,и пред можеби две недели ја открив оваа тема.
поточно решив да го кажам моето ХОБИ - колекционерство прв пат овдека, а тоа е доста старо,можеби и над 50 години.
Но овде за ХОБИ само се рачуна,одење во кладионица,фан клуб јурумлери и трубарево, женски газиња,колекција на употребени кондоми и нешто слично.
Видете ги вашите одговори на некои теми што ги отворив за моето хоби и колекција и се ќе ви биде појасно иако многу и ги избришава,а од кои ве многу заболе и глава.
Прво почнав да собирам,уште како копиљ мали минијатурни грниња,бокалчиња и бардачина кои ми ги носеа моите од Бугарија кога одеа на бања.Се уште ги чувам.
Но сакав да имам нешто посебно само јас да го имам,бидеиќи такви видов и кај други на милињата на намештајот.Затоа почнав прво со оние мелници за Бибер исто така од Бугарија,кои се уште ги имам полн сандак и се уште ги собирам.
Но собирам и други мелници, ете во темата на Латиница од пред некој ден видете.
А во петок или сабота ќе отворам нова тема за едно мое друго ХОБИ, и...
и се молат членовите на Кајгана да не трескат глупости на истата,кои сака нека ја отвори и нека погледа кој не сака нека не отвара,како што јас ни еднаш до сега не сум отворил ниедна тема што почиња со зборовите ФАН КЛУБ ... и нема ни да отворам.
 
Од скоро време почнав да собирам шеќерчиња од оние по кафичите шо ги има. Сакам да прашам дали има уште некој со вакво хоби, и ако има да се менуваме? Ако има некој нека ми пише ПП.
 
Јас од денес почнав да собирам спортски реквизити,поточно шалови само.До сега имам 3..од ден на ден се зголемува колекцијата.
 
Јас за хоби го сметам она со што го пополнуваме нашето слободно време. Јас најчесто читам книги или висам по интернет порталите.
 
Хоби>>>> Читам книги, свирам гитара, вежбам "Street Workout" и гејмам :)
--- надополнето: 5 јануари 2014 во 16:07 ---
Хоби>>>> Читам книги, свирам гитара, вежбам "Street Workout" и гејмам :)
 
Собирам картички за надополнување на кредит од Оне, милион ги имам . Поглупо амин, ама да се дешава нешто ! :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom