Друга ми беше поентата кога го наметнав прашањето односно откако го презентирав моето контроверзно мислење: што правиме со нашата Планета односно дали истата ја заслужуваме? Намерно го презентирав во таа форма со цел да се разгори дебатата.
Со плодовите од научниот и технолошкиот прогрес, полесно се адаптираме на надворешните услови и побрзо и полесно доаѓаме до посакуваните ресурси. Еволуцијата, донекаде, може и да не изземе.
Дополнително просечниот животен век на човекот од декада во декада се зголемува. Од неколку илјади единки стигнавме до 8 милијарди луѓе. Предаторите, во форма на болестите, до одреден степен се анулирани. Природната селекција се темели или на индивидуалната глупост или колективната штета. А општеството одамна ја помина производствената форма и премина во потрошувачка.
Со децении се соочуваме со истите проблеми, без некоја посебна желба да се најде излезено решение. Опфатена е животната средина, потоа здравството како комплекс, образованието кое е во институционална криза, а продлабочени со постепени економски флуктуации и политички кризи. Наметнатите поделби (класни/социјални, политички, образовни, интелектуални, идеолошки, здравствени...) не ни дозволуваат да дојдеме во општ консенсуз, макар истиот имал и секој амандман. Дали се наоѓаме во извесна општествена декаденција?
И во тоа црнило или помалку и белило. Да, луѓето креираат и национални паркови и прифатилишта, со цел да се сочува одреден вид, независно дали истребувањето е последица на човечот или не. На галактичкиот кантар, на позитивната страна, можеме да ставиме и по некој камен, тежина на човековата намера, добрина и искреност да остави позитивен импакт зад себе. Така пример, има движечки напори, има конвенции, за подобрување на општиот стандард, така е спасен најголемиот цицач, синиот кит, кој бил на работ на исчезнивањето поради еден од најпрофитабилните бизниси во одреден историски период. Од друга страна, човекот, ја спаси пандата од истребување, пред се поради нејзината специфична репродуктивна природа (влегуваат и други фактори, како исхраната, ама ова е примарниот).
Имам и обострани примери, каде природата се обидела да истреби некој вид, но чудото на животот го спасил, пример Галапагос.
Планетата не ни припаѓа нам, иако и имаме воспоставено стварно право со реални товари. Ја делиме и со други единки, со други видови, со целокупниот жив свет. Зошто за задоволување на примитивните нагони дозволиме уништување на ова уникатно парче почва?
Почетокот на излезот од лавиринтот на општествената декаденција, ако ја има, е дијалогот, размената на мислења, а форумот е едно од најиделните места за пласирање на нашите идеи, ставови, мислења и размислувања.
