Кое е твоето контроверзно мислење? (Читај воведно мислење)

Интелигентни сме, креативни, иновативни, солидарни, пожртвувани, хумани, имаме потенцијал да учиме од грешките. Не сме сите лоши. Слатки сме.
..... But take away their creature comforts, deprive them of food, sleep, sonic showers, put their lives in jeopardy over an extended period of time and those same friendly, intelligent, wonderful people... will become as nasty and as violent as the most bloodthirsty Klingon....

Quark, Star Trek DS9
 
Дечки, јас темава ја сфаќам на тој начин што ако некој пише некое контроверзно мислење, тоа го прави за да поттикне дискусија, а не мора секогаш да значи дека 100% го поддржува тој став. Не морате одма со ad hominem напади или било какви определби за личноста - се согласувате, пишете зошто, не се согласувате - пишете зошто. Ако ве повреди лично мислењето, пријавете го. Не бидете снегулки.
 
Јас никако не можам да ги разберам луѓето што имаат аквариум дома. ?
Затворени рибчиња да ми прават задоволство ?
Или папагал во кафез.
Никогаш не можам да си објаснам.
Просто е, длабоко у нив знаат дека се и они у кафез и единствена сатисфакција им е ако и они имаат нешто у посед такво. Исто било порано и у војска...те дупеле како гуштер па ти џомба ќе заебаваш после други гуштери....тоа е тој синдром.
 
Тука си во право ама на вакви невини суштества ??...и како рибичките, папагалите би можеле да возвратат за да има некаков "природен баланс".
 
тоа е професијата на човекот, да биде освојувач и да доминира на оваа планета а и во универзумот наскоро. Ескплоатација и економија градење. Некои мизантропи загрижени за цвеќињата, кртовите, љангарите и слично нема да го запрат тоа.
 
На темата: јас потполно не се согласувам со Дамби. И сум на исто мислење со @Византиецот и @Io Sono Interista тука. Еве една од точките - од една страна, да - човештвото можеби придонесло да бидат истребени некои животински и растителни видови, но од друга страна, колку такви има спасено од изумирање? Само од 1993 навака, една научна студија вели дека во резерватите за конзервација на некои видови ширум светот, 48 вида од кои повеќето цицачи се спасени од човекот од тотално истребување. Дополнително, мислам дека таа бројка е многу поголема со оние видови каде човекот индиректно влијаел во нивното зачувување.
 
Слатки сме, ама исто и прасињата ни се слатки кога ги гледаме пред колење. Прашање е дали сите убави работи кај нас не се под сенка на лицемерноста?
Нешто мора да се јаде за да преживееме, а човекот е природно месојад. И да, и прасињата се слатки, ама и тие убиваат други животни за храна. Не е оправдување за сите грешки, но покажува дека месојадството е дел од природата, а свеста и етиката ни даваат шанса да го правиме тоа со помалку штета.

Јас никако не можам да ги разберам луѓето што имаат аквариум дома. ?
Затворени рибчиња да ми прават задоволство ?
Или папагал во кафез.
Никогаш не можам да си објаснам.
И јас не можам да сфатам зошто луѓето чуваат риби во аквариуми и птици во кафез. Cringe.

..... But take away their creature comforts, deprive them of food, sleep, sonic showers, put their lives in jeopardy over an extended period of time and those same friendly, intelligent, wonderful people... will become as nasty and as violent as the most bloodthirsty Klingon....

Quark, Star Trek DS9
Да, токму тоа е поентата, човекот е сложено битие. Во мирни и удобни услови можеме да бидеме слатки, интелигентни и хумани, ама ако сме ставени во екстремни услови, сите наши најтемни страни можат да излезат на виделина. Ама така е со сите живи суштества.
 
Нешто мора да се јаде за да преживееме, а човекот е природно месојад. И да, и прасињата се слатки, ама и тие убиваат други животни за храна. Не е оправдување за сите грешки, но покажува дека месојадството е дел од природата, а свеста и етиката ни даваат шанса да го правиме тоа со помалку штета.
Како со помалку штета?
Со тоа што нема да гледаме у кои услови се чува и убива и со тоа што друг ќе го убие за нас?
Ова 1767083752730.png
за да стигне на маса мора да се заколе животно
1767083814940.png
:toe:
 
Еве и друг податок - на листата загрозени видови има 17 046 птици и цицачи. Од нив 81 се критично загрозени. Со означувањето на истите како такви од страна на човекот, и неговите интервенции, исто така директно или индиректно тој учествува во нивно зачувување. Конкретно за еден вид, во Порто Рико постоел некој малечок зелен папагал од кој имало само 13 живи единки во 1975. Дел од нив биле заловени и пренесени во некој национален парк на Карибите каде видот уште постои и размножува. Оригиналната група единки кои останале во природата, до 2017 година е комплетно збришана од лицето на земјата во 2017, заради урагани. Значи да не бил човекот да интервенира, тој вид сега немаше да постои, а истиот се уште опстојува, иако на друго место.
 
На темата: јас потполно не се согласувам со Дамби. И сум на исто мислење со @Византиецот и @Io Sono Interista тука. Еве една од точките - од една страна, да - човештвото можеби придонесло да бидат истребени некои животински и растителни видови, но од друга страна, колку такви има спасено од изумирање? Само од 1993 навака, една научна студија вели дека во резерватите за конзервација на некои видови ширум светот, 48 вида од кои повеќето цицачи се спасени од човекот од тотално истребување. Дополнително, мислам дека таа бројка е многу поголема со оние видови каде човекот индиректно влијаел во нивното зачувување.
Со уништување на природата што ја прави човекот се губат и видовите на растенија и животни.
Така да уделот на човекот врз нивно зачувување е како капка вода од цел океан.
 
Како со помалку штета?
Со тоа што нема да гледаме у кои услови се чува и убива и со тоа што друг ќе го убие за нас?
Не знам дали ме разбираш. Ништо не ја менува биолошката реалност дека месото е дел од нашата природа и дека ние како месојади историски го консумираме. Истото важи и за животните, еве дека го зема прасето за пример, и оно е омнивор и ќе убие други животни за да преживее.
 
Јас никако не можам да ги разберам луѓето што имаат аквариум дома. ?
Затворени рибчиња да ми прават задоволство ?
Или папагал во кафез.
Никогаш не можам да си објаснам.
Како дете земав папагал со една замислена цел: да го научам да збори. И секој ден, со крекерот во рака, со папагалски глас стојам до него и рецитирам "Рики сака крекер, Рики сака крекер..."

Во таа приказна има неколку трагични моменти. Прво, папагалот не се викаше Рики. Второ, "Рики" никад не проба крекер, јадеше само просо. Трето, таа раса папагали не знае да збори.

Тие се животинчиња кои најчесто се земаат за децата со цел да стекнат некакви навики, некаква одговорност. :)
 
Тие се животинчиња кои најчесто се земаат за децата со цел да стекнат некакви навики, некаква одговорност
Постојат милион начини за да се стекне одговорност а не со папагал во кафез ?
Таа теза нема ништо разумно, свесно, совесно, духовно, емотивно - не држи.
 
Постојат милион начини за да се стекне одговорност а не со папагал во кафез ?
Таа теза нема ништо разумно, свесно, совесно, духовно, емотивно - не држи.
Се согласувам, само ја кажав причината зошто, најчесто, се земаат овие животни. Инаку не ти даваат никаква сатисфакција, сем да си разговараш со Рики, ако го научиш да збори.

Инаку папагалите имаат голем потенцијал, пример Алекс.

Чував и рипки, ама тоа е повеќе приказна за ДК. :D
 
Секој со своето. Целта е дискусија...(y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom