Најдобро е да бидеш во врска во која љубовта е возвратена-тоа е факт.Се сакате и двајцата, се почитувате...постои обострана љубов.
Пред некое време една личност ми рече дека е подобро да бидеш со некој што те сака (и покрај тоа што ти не го сакаш) отколку да бидеш со оној што го сакаш а тој не го чувствува истото.
И сега...се прашувам...дали навистина е така? Што (всушност) е подобро ?
Во првиот случај покрај тебе е особа која те сака, ти дава љубов...но ти и покрај сето тоа не успеваш да ја засакаш.
Во вториот случај покрај тебе е оној што го сакаш, му пружиш љубов...но свесна си дека не те сака-тој сепак е искрен спрема тебе.
Не сакам коментари од типот такви врски не успеваат, не треба да постојат...зашто
постојат 
и целта на темава не ми е дали успеват или не туку во која врска вие би се чувствувале подобро? Дали кога примате или давате љубов?