Книги кои не сте успеале да ги дочитате

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
A да не е до матица работата?

Човекот инаку и за тоа опишува. Истокот. Само што најчесто поради лошата преработка може многу да се уништи во приказната. Штета што никој од тие писатели не го познаваат доволно добро македонскиот јазик за да откако ќе ја видат таа преработка, да си го повлечат договорот. Јас мислам дека треба да се казнуваат со одземање на лиценца оние кои прават лоши преработки. Го направија овие тоа со Зафон, сега и со Калед.


Овој пат не е до Матица. Барем до таму каде што стигнав немав проблем со преводот.
Многу добро знам за што пишува и не очекував нешто поинаку,ама едноставно веќе ми е здосадено од приказни за истокот.
 
Која било книга од Габриел Гарсија Маркез. Удав божји...
 
Mr. Penumbra's 24-Hour Bookstore - Robin Sloan

Изгледа имав преголеми очекувања, според описот го очекував следниот Хари Потер. Книгава е многу позната, описот на содржината ветува, ама толку не ме привлече што на повеќе од пола сфатив дека не ми е задоволство читањето и се откажав.
 
Папокот на светот од Венко Андоновски.. Тапа ми беше книгата и некаде на половина престанав да ја читам.. Но, кога ќе се сетам првиот пат кога ја читав Злосторство и казна не успеав да ја прочитам целосно, за потоа да се деси да ми стане една од омилените книги, па и да изработам проектна на таа тема за матура..
 
The 120 days of sodom од Маркиз де Сад. Затоа што ниедна книга која ти го прави ова на секоја страна:

anigif_enhanced-buzz-4638-1333054263-16.gif


anigif_enhanced-buzz-10919-1333053784-8.gif


не заслужува да биде дочитана. Болен бил човеков жими се.
 
Не сум успеал да ги дочитам
Играта на Ангелот-Карлоз Луиз Зафон
Триумфална капија-Е.М.Ремарк
Надарени 3 (пред неколку години)
Ако ангелите горат-навистина тешка и напорна книга со иглед на фактот дека јас немам врска со медицината ,книгата ми беше повеќе од неразбирлива.
 
Триумфална капија-Е.М.Ремарк

Де бре оваа е лесна и прилично релаксирачка книга, како и речиси сите на Ремарк :) Штета да не ја довршиш.
 
Книгата е лесна (барем до таму каде што стигнав ја разбрав),но тој жарн на книги не ми е баш привлечлив,имаку ја оставив пред некој ден.
 
Тепачки клуб од Чак Паленик е многу глупа книга и ја оставив после првите десетина страни. Паднати ангели од Нора Робертс ништо посебно. Се работи за една девојка која ќе биде сведок на убиство, ама многу досадо напишана, многу е монотона и речиси да нема движење на дејството. Истот важи и за Казино од Николас Пилеџи, многу бавно и досадно се движи дејството.
--- надополнето: 1 октомври 2013 во 14:08 ---
„Сенка на ветрот“ од Зафон, ја порачував од Универзитетска два пати, ја читав во читална, фатија колоквиуми ми ја земаа дека помина долго време и не ја дочитав. Се надевам ќе и дојде редот некогаш.

Обично сум трпелива и дури и да не ме привлекува книгата настојувам да ја дочитам бидејќи ме интересира завршетокот. Ми се чини дека немам други недочитани, или не ми текнува во моментов...

Ти препорачувам да ја прочиташ целата книга, а после и останатите два делови. Книгите се феноменални сите ги имам прочитано и многу бев воодушевен. :)
 
Играта на Ангелот-Карлоз Луиз Зафон


Oti pretencioznosta ubija, amiright? Od inaet ja zavrsiv.

Тепачки клуб од Чак Паленик е многу глупа книга и ја оставив после првите десетина страни.


Штом ја пишаш Тепачки клуб сигурно си ја читал преведена. Многу е лош преводот и многу се губи од контекст.
На англиски е океј. 3 пати ја имам читано ради омилениот ми филм. :D
 
Oti pretencioznosta ubija, amiright? Od inaet ja zavrsiv.

Јас ја имам прочитано книгава само што излезе,кај на англиски па уште и претешко тогаш не ја сватив,а сега до последното поглавје сум односно до третиот дел-играта на ангелот,пак не ја сваќам во целост ама ај.
 
The 120 days of sodom од Маркиз де Сад. Затоа што ниедна книга која ти го прави ова на секоја страна:

anigif_enhanced-buzz-4638-1333054263-16.gif


anigif_enhanced-buzz-10919-1333053784-8.gif


не заслужува да биде дочитана. Болен бил човеков жими се.

Садист :)
 
Oti pretencioznosta ubija, amiright? Od inaet ja zavrsiv.




Штом ја пишаш Тепачки клуб сигурно си ја читал преведена. Многу е лош преводот и многу се губи од контекст.
На англиски е океј. 3 пати ја имам читано ради омилениот ми филм. :D

Да на македонски ја читав во издание на Три и многу ми беше досадна. Инаку знам дека на англиски е Fight Club има и филм со Бред Пит и Едвард Нортон, ама го немам гледано.
--- надополнето: 1 октомври 2013 во 15:35 ---


The 120 days of sodom од Маркиз де Сад. Затоа што ниедна книга која ти го прави ова на секоја страна:

anigif_enhanced-buzz-4638-1333054263-16.gif


anigif_enhanced-buzz-10919-1333053784-8.gif


не заслужува да биде дочитана. Болен бил човеков жими се.

Има исто така и филм. Не знаев дека има книга. Еднаш почнав да го гледам и беше еден најужасните филмови во историјата на филмот. Филмот е чиста порнографија исполнета со многу садизам, убиства, силувања и многу други гадни работи.
 
Приказнава лед и оган - двапати стигнувам до втората книга и не можам никако да го завршам серијалот. Џабе фрлени пари...
 
Името на Розата од Умберто Еко. Нејзе и има дадено шанса повеќе од било која книга. Обично ако ми вергла книга првите 50-70 страни ја оставам. Оваа едно повеќе од 200 прочитав и мене процесот ми беше живо мачење со должна почит кон авторот и сите негови обожаватели. Едноставно не ми одеше со книгата, ама воопшто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom