Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Владетелот - Макјавели
Така беседеше Заратусра - Ниче
Кога Ниче плачеше
Старецот и морето - Хемингвеј
 
Ловци на глави,од Ју Несбе.

Стилот на Несбе е истовремено толку едноставен но сепак заразен и едноставно не можете а да не паднете на шармот и магијата на овој норвешки писател.Ова е прв роман што моментално го читам од него,вчера го почнав и буквално ме завари за книгата цел ден,баш од тие книги кои не ве заситуваат и сакате барем уште едно поглавје да прочитате пред да ве кутне сонот.Ме фасцинира и неговата по малку иронична смисла за хумор.

Накратко,Роџер работи во агенција за вработување во Норвешка и негова задача е да ги селектира кандидатите за најпрестижните работни места во фирмите низ земјата.Безумно е заљубен во својата преубава жена Дијана,а тој е свесен дека е надвор од нејзината лига и прави се само за да ја задржи покрај себе,дури тој станува крадец на уметнички дела за да може да ја купи љубовта на сопругата и да и компензира тоа што тој не сака да помисли да имаат дете.Целиот заплет настанува кога жена му го запознава со Клас Греве,идеален кандидат за директорското место во една фирма за производство на ГПС опрема.

Арно пишале за Несбе,ако не знаете кој е тој,крајно време е да се опаметите:)
 
Ај препорачајте ми психолошки,филозовски дела што ви оставиле впечаток,фала:)
 
Ај препорачајте ми психолошки,филозовски дела што ви оставиле впечаток,фала:)
Моќта на потсвеста ( многу позната книга) :)
 
Ја имам прочитано ми се допадна,нешто друго не од марфи?
Братот - Димитар Башевски
Најголемата лекција во животот - Елбом Мич :)
 
Предлог за книга, нешто слично или ако на некој му се допаднала Алхемичарот(иако не мора ова да биде водич), за подарок ми е. И каде има подобри преводи и/или поевтини изданија, може и неколку да земам.
 
Дали може да ми препорачате книга со која би ги зголемил вештините за преговарање?
 
Ако сте фанови на крос-жанр ви ја препорачувам Ребека од Дафне ди Морие- психолошки трилер/ криминална мистерија/ готика.
 
Неколку дела чија вредност е неспорна, но не се многу читани, барем не од поширокиот читателски круг:
Историјата од Херодот
Дафнид и Хлоја од Лонго
Метаморфози (Златното магаре) од Апулеј
Германија од Такит
Дванаесетте римски цареви од Светониј
Биографиите од Плутарх
Заеднички им се повеќе работи. Сите се создадени во време кое го нарекуваме античко. Сите, повеќе или помалку го опишуваат тогашниот начин на живот и начин на размислување, тогашните вредности, предрасуди, верувања и обичаи. Убаво е, барем за миг, и на хартија, човек да се изгуби во едно подалечно минато, и да разбере дека одредени работи, независно од тоа колку е продлабочен временскиот јаз, не се менуваат. На пример, еден од гореспоменатите автори кога фали нечија моралност и непромискуиетност ќе рече дека не се потклекнало на начинот на живот кој другите го оправдувале како современ (модерен).
Се разбира списокот горе е краток, а делата во него се различни и по род и по квалитет. Некои се истории, некои романи, но сите се на свој начин интересни и заслужуваат внимание.
Можеби потешко се наоѓаат, но не се толку ретки. Препорачувам :)
 
Извини, обично не сакам да бидам ситничар, но мислам дека ти се испушти една грешка. Метаморфози и Златното магаре се различни дела. Метаморфози е еп од Овидиј, а за Златното магаре е како што пиша. Метаморфози е прекрасен еп, ако не и единствениот досега за кој јас лично можам да го кажам тоа ( зборувам нели од лично доживување ). Крајно го препорачувам на луѓето што сакаат да ја истражат и доживеат книжевноста на едно малку повисоко ниво од просечното.
 
Не, не ми се испуштила грешка :) Се случува две, или повеќе дела да носат ист назив. Така е и со Метаморфозите на Апулеј од Мадавра (Мадаура). Од она што ми е познато, всушност, вистинското име на „Златното магаре“ е „Метаморфози“. Другиот наслов е додаден подоцна, за да се прави разлика од епот на Овидиј.
http://www.jnanam.net/golden-ass/
http://inside.fdu.edu/fdupress/03100202.html
Не ги спомнав Илијадата и Одисејата, Метаморфозите на Овидиј или Епот за Гилгамеш (и други) оти ценам дека се колку толку познати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom