Книги кои би ги препорачале

  • Креатор на темата Креатор на темата JeCILaDy
  • Време на започнување Време на започнување
Што знам, едино да провериш во Табернакул. По другиве книжарници ептен тешко. Знам многу беше барана во Србија едно време па дури имаше 3-4 изданија. На интернет се мота некоја пдф верзија, ама не е скенирана туку пишувана. Ми изгледа дека е прилично лошо напишана и осакатена. Ако сакаш можам да ти ја пратам чисто да добиеш идеја за што се работи.



Успон Европе е повеќе како класична историја. Не навлегува толку во социолошки и антрополошки расправи. Мене ми е допаѓа бидејќи освен политичка историја, авторот зборува и за секојдневниот живот во Европа, религијата и обичаите на луѓето, појавата на банкарството, напредокот во војната стратегија и оружјето, дипломатијата, развојот на културата и филозофијата и др теми. Освен за Западна Европа има и неколку глави посветени на Русија и Османското царство. Поради што Западот, а по Петар Велики и Русија започнуваат да се издигаат во нагорна линија, а како во Османската Империја триумфира верскиот фанатизам и неуспева да се прилагоди на новите општествени промени што резултира со нејзиниот постепен пад.
Не е проблем да ја најдам во Србија, имам луѓе таму. Финтата е дали кај нас ја има распространето. И јас помислив на Табернакул. Фала за информацијава:)
 
„Толкување на убиството“ - Џед Рубенфелд

Како ликови ги среќавате Фројд и Јунг кои во 19 век одат заеднички во Њујорк со уште неколку доктори, тоа е периодот кога психологијата го има својот прогрес. Во исто време се случува убиство во чие разрешување и тие стануваат некако замешани. Длабока психолошка анализа за навидум обичните постапки на ликовите. Ја препорачувам за сите што обожаваат психологија, криминалистика и добар трилер.
 
Скакулци-Петре М. Андреевски
Клетници-Виктор Иго
Девојката во боја на Зумбул-Сузан Вриланд
На запад ништо ново-Ерих Марија Ремарк
Браќа Карамазови-Фјодор М. Достоевски
Големата вода-Живко Чинго
Палатата на соништата-Исмаил Кадаре
Кодот на Да Винчи-Ден Браун
Пиреј-Петре М. Андреевски
Вештица-Венко Андоновски
Најголемиот трговец на светот-Ог Мандино
Белата долина-Симон Дракул
Чичко Горио-Оноре де Балзак
И бол и бес-Славко Јаневски
Шепнувачот-Донато Каризи

Еве од мене нешто :)
 
Едно време читах една таква кинга шо се вика The Idea of Europe шо ја разработува таа тематика. Нешто како колекција од 15 есеи од различни автори соберени на куп од Anthony Pagden. Па баш ми ќе ми биде интересно да видам дали тука имат нешто слично овие две книги.

пс. Кој ја сака, може да ја наредеме работата да ја ставам негде на интернет. На англиски е.

Луки а ја имаш читано „Замислувајќи го Балканот“ од Марија Тодорова? Авторката зборува за прецепцијата на западната цивилизација кон Балканот низ историјата.Чепка и некои тема како создавањето на нациите на Балканот и Европа, филхеленизмот и сочувството или пак презирот кон балканските народи, европската идеја и нејзиниот одраз на Балканот. :)
 
Секако е клише да се препорачуваат дела на познати, славни автори. Сепак би ги препорачал драмите на Шекспир. Неговите трагедии, комедии, па и историски драми се беспрекорни, повеќеслојни, забавни и динамични.
Хамлет, принцот дански е првата драма што сум ја читал од него, па затоа и прва ја препорачувам. Моралните и животните дилеми на Хамлет, сложеноста не неговиот лик, како и на останатите лица во драмата, претставени преку богатиот јазик на авторот се нешто што не би требало да се пропушти, посебно ако сте по читањето.
Инаку, главниот заплет и тамата и денес се популарни и има свои бројни варијации не само во книжевноста, туку и во другите уметности. Тука не заостануваат ни филмот, а богами ни шпанските серии. Тоа сепак, не ја намалува вредноста на делото.
 
Јас би ја препорачал Куцкамен од Хулио Кортасар. Како некој мал вовед би напишал дека Кортасар претставува дел од латиноамериканскиот бум што настанува втората половина на 20тиот век, заедно со : Маркес, Борхес, Карлос Фуентес, Ернесто Сабато, Марио Варгас Љоса... Тој латиноамерикански бум се карактеризира со еден жанр кој во тој период ( не можам да кажам дека и понатаму ) бил карактеристичен за нив, односно магичниот реализам. Магичниот реализам претставува жанр кој ги испреплетува реалното и нереалното ( знам дека звучи клише, неоригинално но начинот на кој тие го прават тоа не би можел вака сосем на кратко да го образложлам, а и не сметам дека ги имам соодветните познавања ). За мене, овие латино американски писатели се едни од последните книжевни гении.
Малку за книгата Куцкамен. Секогаш ми е тешко да зборувам за неа конкретно, затоа што секогаш кога повторно ќе ја отворам да ја читам ( ја имам прочитано целосно два пати, но 3-4 пати ја имам почнувано, но не завршено ) ја доживувам малку поинаку од претходниот пат. Структурно е напишана интересно, првите 56 поглавја се со ред поставени, но после тоа го руши редот со тоа што наредните поглавја ги меша со претходните и ја руши линеарната структура на текстот преку еден вид игра. Во книгата се зборува за едно барање, односно во една пригода Ермис Лафазановски ( сигурно и други ) дека првата страница честопати е определувачка за романот, често и првата реченица. Па, од тоа може да се заклучи дека Куцкамен е книга за потрагата, за случајното и за интелектуалците во Париз ( Кортасар долго време живеел таму, каде што работел како преведувач за Unesco ). Има доста референци кон сликари, џезери, блузери, поети па е интересно кога се открива и се запознава човек со сите тие споменати уметници. Кортасар бил голем љубител на музиката, односно џезот па доста голема улога игра во неговото творештво, романот е замислен како што знам како џез композиција. Пишувал текстови за танго изведувачи.
 
Би ги препорачала сите книги од Пауло Коелјо, еве и некои други

1. Вероника реши да умре -Пауло Коелјо
2.Моќта на подсвеста - (заборавив од кој автор)
3.Крај реката Педра седев и плачев -пауло Коелјо
4.Папата Јована - Дона Вулфолк Крос
5. Петтемина што ѓи среќаваш во рајот - Мич Елбом
6. Мемоарите на една гејша
:tapp:

-----------------------------------------------------------------------------
У врска со насловот на темата:
"името на розата" - Умберто Еко
"за кого бијат камбаните" - Хемингвеј
.........................љубов!
 
Ја има во ТРИ Педесет нијанси на сиво, и ако ја има колу е цената?
*а знам дека имаше промоција со сите три дела од 50 нијанси, беше околу 1500, незнам дали уште трае тоа.
 
Ја има во ТРИ Педесет нијанси на сиво, и ако ја има колу е цената?
*а знам дека имаше промоција со сите три дела од 50 нијанси, беше околу 1500, незнам дали уште трае тоа.

Абе не ти се исплаќа да ја купиш книгава. Симни си програмче за читање книги на мобилен. Лесна книга е, стилот на пишување е секојдневен (чак што више истите зборови ги има на секоја страница), одма ќе ја прочиташ.
 
Гледам дека поезијата како и секаде, е отргната на страна па јас би препорачал поезија од Борхес. Било која збирка доколку можете да ја најдете, земете ја. Останува во сенка на неговото прозно творештво по кое е далеку попознат. Неговата поезија скроз се разликува од поетиката на неговата проза. Ако е познато дека расказите му се херметични, доста теориски, на граница помеѓу есеј и уметничка проза, поезијата му е да речеме поотворена за читање. Секако, се наоѓа тука и таму рефлексија од неговата поетика за творење, неговите најважни начела но е далеку поопиплива.
 
"Јас те сакам повеќе" - Лиса Гарднер
Еден од најдобрите мистерија-трилери,се е совршено напишано,а и приказната е толку емотивна,што мислам никого не остава рамнодушен!
Препорака! :)
 
Идентитет од Милан Кундера. Присуството како и отсуството на личноста која мислиме дека не` дефинира нас. Одлична книга која опишува за тоа колку човекот има превртлив идентитет, поготово откако ќе почувствува поволен ветер во веќе одамна замреното море на својот личен идентитет.
 
"Јас те сакам повеќе" - Лиса Гарднер
Еден од најдобрите мистерија-трилери,се е совршено напишано,а и приказната е толку емотивна,што мислам никого не остава рамнодушен!
Препорака! :)

Факт! ЈА ја читав на англиски. ЈА има кај нас преведеено?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom