Клише реченици кои сите ги мразиме

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
... убав помин, имајте прекрасен ден!
( а тоа фрка коронавирус,редуцираност, дежурства) :facepalm:
 
Изразот сумљиво.
Не сум го сретнал у скопски јазик, а ипак го употребуваат. Мислам дека е од понова дата, пошто прв пут у живот овде на форумов видов некој да го употребуе.
Знам за сумњиво (еден од многуте србизми кои ги има у скопски јазик), знам и за литературното сомнително, али овој амалгам не го знаев до скоро.
 
Види го манијак.

*Женско, откако ќе ѝ пријдеш нај културно.
 
ЕЕЕ каде заврши факултет
На приватен
Ништо незнаеш,таму само плаќате,не ве учат ништо таму
 
Кога ќе ти каже некој стар колку години направил денес:

63, во шеесчетврта веќе влегов...

Значи истиот ден да му се роди внук и да кажи денес ми се роди внук во прва година влезе...
 
X se samo fakti.

Hint: X ne e fakt, samo ja koristi taa recenica da zvuci poseriozno.
 
Изразот сумљиво.
Не сум го сретнал у скопски јазик, а ипак го употребуваат. Мислам дека е од понова дата, пошто прв пут у живот овде на форумов видов некој да го употребуе.
Знам за сумњиво (еден од многуте србизми кои ги има у скопски јазик), знам и за литературното сомнително, али овој амалгам не го знаев до скоро.

Го користат подолго време, претежно помладите на кои српскиот им е туѓ, и можеби погрешно го „презеле“ од постарите генерации. Постар е изразот толмачи (толкува + тумачи = толмачи) кој неретко го има слушано во делови од југозападна Македонија.

Инаку за тамава, ќе те прашаат што студираш, ќе им одговориш и ќе ти кажат: ако, ако, да се студира нешто. Главно така одговараат луѓе (повеќето постари), кои не завршиле ништо, а во чиј свет има место само за правен, економски и евентуално, машински факултет.
 
Во последно време откако трае корона кризата:

„Кај си бе, не можам да те познаам вака со маска“...
 
Кога ќе се расправаш со некој за нешто и ќе ти рече докажано е дека... и неговото мислење демек докажано било и точно. Кој докажал, како докажал, како дозна ти дека е докажано, кај има објавено? Еден куп такви ги има. Ќе им речеш обична работа и одма, а не докажано е дека не е така.... Докажано е жими Васка.
 
Тоа е, има многумина што се прават некакви си правници и експерти и мора секогаш само нивното кажано
" мислење " да било исклучиво исправно и веродостојно.
Од таквите јас практикувам што подалеку на дистанца во животот и со таквите само краток муабет и тоа ако ги баш сретнам низ пат, низ улица.....

Е проблемот е што и моите дома знаат да бидат такви " експерти и правници " за банални работи ( сега за сега морам со нив да живеам и да ги трпам), пример стариот мој ми мрчи што одвреме- навреме употребувам за забите хидроген 3% за плакнење на уста, и тоа понекогаш го користам хидрогенот, на 4-5 денови еднаш го користам. Ама стариот дома е експерт и ми мрчи за хидрогенот а тоа што тој е пушач и дневно внесува кутија цигари никотин и останати смрадови од цигарите тоа никому ништо, цигарите не се штетни за здравјето за стариот.

Нормално што на некој од мојата околина и кога ќе му кажам пример за ова, сите си молчат, си тераат сеир само.
 
Чим сум со тебе гајле немам, исто како сам да сум...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom