Клише реченици кои сите ги мразиме

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е повеќе сељачка фора отколку клише реченица ама нека стои...

Кога ќе прашаат некој „Што правиш?“ а овој ќе одговори „На никој ништо и пак за се’ сум крив“.
Прв пат го слушам ова а ретко се случува тоа на темава.Во Кочани да не се употребува само?
 
Најиритантен одговор по мене: ... Ќе видиме. или пак Какво ќе биде времето? Епа или ќе врне или нема...
 
Прв пат го слушам ова а ретко се случува тоа на темава.Во Кочани да не се употребува само?

Кај нас сум го чул од повеќе луѓе и тоа повозрасни. Ваквите фори мене ме вадат од такт. Ни се смешни ни се интересни.
 
Кај нас сум го чул од повеќе луѓе и тоа повозрасни. Ваквите фори мене ме вадат од такт. Ни се смешни ни се интересни.
Да да така е само што не сум ја слушнал досега.
 
Реченица како реченица шо ме вадит од такт е "Абе не му ја мисли"...особено ко ќе ти е тешко или мачно и ти ја речит некој.

А вака, како ситуација ко ќе си во ВЦ и пробат да влезит некој домашен, и ти викаш "Јас сум", а тoј/таа прашвит " шо прајш? ". лелелеле е тука веќе крај...
 
„Знаев дека оваа утакмица ќе ме заебит“...

Тоа е на некој што ќе го заеби еден натпревар на ливче в кладилница...

Пример завчера играа Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити. Некој го има уплатено двојка. Ами да знаел дека ќе го заебит кец ќе го играл...
 
Ќе биде,не се сеќирајте,не му е дошол лудиот час! (Се мисли на некој стар ерѓен кој не се оженил иако има 40+
Абе да ви ибам мамлазите,ако на некој на 40+ не му треба сопруга и деца,и не му текнува да формира семејство,нема ни да формира(секоја чест на ретките исклучоци)
 
Истиот муабет е и за Беќари/Ергени којшто се родени во периодот од 1963-1970 година...

Добро бе луѓе која жена ќе земе таква личност што е родена во тој период??? Освен ако типот е милионер, полу милионер, или евентуално четврт милионер??
 
Баш така,ама штосот е во тоа што 95% од ваквите беќари се нулта милионери,т.е. нивните родители сеуште ги издржуваат(своевидни паразити) и некои немаат ни ден работен стаж! Епа која ќе си земе таков за сопруг нека му ја мисли
 
Ќе биде,не се сеќирајте,не му е дошол лудиот час! (Се мисли на некој стар ерѓен кој не се оженил иако има 40+
Абе да ви ибам мамлазите,ако на некој на 40+ не му треба сопруга и деца,и не му текнува да формира семејство,нема ни да формира(секоја чест на ретките исклучоци)

Јас не знам што онаа Лила кобила од Се или нешто се глупира, на луѓето во емисијата им дроби што биле некоие ергени, конкретно сега има лик од 44 години и постојано и таа и другите играчи му мрчат што не е во брак.
Баш е Лила пример за некого.
 
Лила е криминалка која глуми поштена жена која сама си го заработува лебот,се виде убаво во аферата Рекет колку е умешана у криминалите на сдсовци,да беше ова саглам држава веројатно директно у чорка ќе одеше ама вака веројатно се има испрцано со некој главен за без пари за да спаси г'з де,хехе
 
Најиритантен одговор по мене: ... Ќе видиме. или пак Какво ќе биде времето? Епа или ќе врне или нема...
Ме потсети на еден момент од минатото, како копиљ искачам од дома со веспа и сретнувам еден постар чичко. Го прашувам дали ќе почне да врне за скоро... добив одговор - или ќе врне или нема. Јас тргнав со моторчето и после пола саат ме фаќа дожд абе не знаеш, потоп. Ми стигна СМС од чичкото- Ќе врне. :)
 
„Кога ќе се мажиш/раѓаш деца, време ти е, хехе?“ И тоа на погреби од сите можни настани. Имаше една зезанција во контекст на тоа: „ако уште еднаш ме прашаш кога следно ќе се мажам, јас шеретски ќе те потчукнам по рамо и ќе те прашам кога тебе следно ќе ти дојдеме на погреб, време ти е?“
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom