Рочести 14.5 -
Ѕвезда гостува на нивниот Б тим ФМП, утакмица што 100000% ќе ја добијат. Рочести има благ пад на формата што е и нормално, а на оваа граница се исплати да се игра минус првично ради фактот што нема потреба да форсира и да се троши против АБА лигашиве, туку фокусот му е во Евролига, така да очекувам и скратена минутажа на таа сметка. Посебно сега кога Енис игра одлично, Давидовац игра над неговите способности, денес се враќа и Фелдеин и очекувам да добие некоја минута за да фати ритам за евролигашкава утакмица што им следи. ФМП дополнително осакатен без Оџо, Раданов и Лазаревич, три играчи што играат во прва петорка. Сите параметри укажуваат на минус, Моцарт веќе го намалиле на 1.70, така да Евротип. Аналогно на горе напишаново, може да се игра и плус на Енис 9.5 и Давидовац 6.5, од кај ФМП Ненадич би требало да префрли 8.5 како единствено решение на позиција 3.
Задар-Цибона лабава утакмица, очекувам шутирање од сите страни без срамење, за двете екипи одбрана е непознат поим, Брзоја на 5.5 ми се свиѓа дека очекувам утакмица со преку 165 поена, а смешна граница за играч што игра 20 минути и има повеќе слобода откако си отиде Бостич. Две слободни, контра и уште еден кош да убаци само. Исто Ратковица од Цибона ми се свиѓа на 9.5, добра форма и заедно со Жорич главни играчи во екипава, има минутажа и слобода, не гледам зашто не би одел овер.
Од ЦСКА- Химки, Чачо Родригез на 13.5 ми е одличен пик, во опасен ритам е брадатиот, трпа тројки ко ненормален. ЦСКА го убрза ритамот последниве натпревари, очекувам и денес да биде ран енд ган, посебно со индијанциве Химки. Не дека немаат дефанзивци да го успорат и тоа е малце ризично, ама формата ми дава надеж плус поголемиот фокус на де Коло. Исто 6.5 на Отело Хантер е исплатлива варијанта за играње, исто одлична форма а Химки нема ниедна класична петка да му парира, добива 20-25 минути во последно време и користи целосно, на границава го играм сигурно.