Киропрактика

  • Креатор на темата Креатор на темата Slash-
  • Време на започнување Време на започнување
Пријателка беше кај него за раката, и ја шина па во гипс мораше.
Друг местејќи му кичма овој викнал од болка па го избркал.
Сигурно има и позитивни примери не викам не.
Но одличен киропрактичар при работење нема да дозволи кај пациентот да има толкави болки, нема да се однесува како тиранин :D .
Овие што ги набројав погоре од лично искуство ги препорачав дека се одлични, е сега не значи дека ако не сум слушнал лоши зборови дека и тие не се слични како Туран.

Секој со свој памет и одлука.[DOUBLEPOST=1511627816][/DOUBLEPOST]

Точно, јас само кажав лично за мене и тоа што сум видел. Сум читал негде ваљда по форумов и дека се жалат од него. Не можам да речам сигурно дека нема негативни работи кај него.:D
 
Не знам како работи човеков што кажувате знам дека мајка ми збореше да сум одел кај него кога ќе дојдам МК зашто си имам проблеми со грбот. Генерално киропрактичарите се погруби зашто така и можат да те искрцкаат... да отидете и на вистинска физиотерапевтска масажа, ако имате проблем и болка ќе ви биде и тоа грубо... е сега кај нас во МК има луѓе што се декларираат како физиотерапевти а кога ќе отидеш те галат и ништо, џабе си бил и си дал парите... е од такви да бегате.

Него да се вратам на темата.

Пред две години ептен го зезнав грбот, играјки баскет. 6 месеци неможев ништо да правам, ќеси од продавница да носам па и да спијам беше тешко. Пробав физиотерапија со масажи, теретана , што уште не и ништо не ми помогна.

Во тоа време бев скептик за киропрактичарите и тоа многу... како да остаам некој да ми го крцка вратот, којзнае што може да ми направи.. бла бла бла. По инсистирање (читај: расправање :D ) на сопругата отидов на киропрактичар. После 3 термини бев на нозе!!! И од тогаш мислењето ми се смени 180 степени и препорачувам на секој кој има проблем да посети.

Сега незнам во мкд колку се квалификувани, и тука е проблемот. На пример во НЛ се признаени, имаат своја асоцијација и обично одиш кај некој што е во таа асоцијација, па дури и здраственото осигурување може да ти ги покрие трошоците. Ама за жал ние сме многу назад за овие работи :(

Поздрав
 
Јас сум бил кај Туран и имам лошо искуство. Човекот е преварант, он нема врска со медицина и киропрактика. Ми требаше месец дена да се опоравам. Тој не верувам дека бил во Кина.
 
Познавам еден човек од Велес, што страшно добро мести изместени работи од повреди, лично мене многу пати ми помогна.
 
Screenshot_2018-07-17-23-21-32.png
Познавам еден човек од Велес, што страшно добро мести изместени работи од повреди, лично мене многу пати ми помогна.
Дали може по конкретни информации од него?
Да не е овој?
 
Не бре човекот е low profile, нема диплома во ништо ама е предобар во тоа што го работи.
Ти како го најде? Дај некој контакт или насока ако ни притреба :) инаку прав киро кога мести не боли, евентуално малку и кратко ама те припрема и ти кажува - туран и диме не се такви, бајрам од охрид беше таков ама изгледа починал бог да го прости... него имало некој опасен во Прилеп, дали некој бил таму или знае за кого станува збор?
 
Ти како го најде? Дај некој контакт или насока ако ни притреба :) инаку прав киро кога мести не боли, евентуално малку и кратко ама те припрема и ти кажува - туран и диме не се такви, бајрам од охрид беше таков ама изгледа починал бог да го прости... него имало некој опасен во Прилеп, дали некој бил таму или знае за кого станува збор?
По препорака го најдов, на еден од овде му ветив дека ќе му најдам број и еве со недели се зезам :facepalm:
 
У скопје некој добар киропрактичар има ли освен овој Туран , што читам дека не го бива ?
 
У скопје некој добар киропрактичар има ли освен овој Туран , што читам дека не го бива ?
Таир, накај Кондово живее. ‭070267201‬ му е бројот, јави се да провериш од колку саат прима луѓе.
 
Таир и у чаршија работи , обично од 9 до 11 сабајле , ама најсигурно да се јавите
 
Знаете некој што има со 'сертификат', нешто што се бави баш со киропрактика? Во странство ги има многу ама тука кај нас слабо да најдам. Не би одел кај некој така од осет да ми ебе мајката.
 
Знаете некој што има со 'сертификат', нешто што се бави баш со киропрактика? Во странство ги има многу ама тука кај нас слабо да најдам. Не би одел кај некој така од осет да ми ебе мајката.

Димитар - во Систина е главен за физиотерапии, човекот е одличен.
 
Значи едно до 4 месеци осеќам болка под десната плешка на грбот одма до рбетот како нешто да ми е изместено. Работата е дека болката не се јавува цело време туку повремено кога ќе ја наведнам главата, кога спијам на грб и сл. Да идам на лекар уште не сум решил. Па да прашам што може да е проблемот и дали може да се реши со некои вежби или со некој местач. Болката не е нешто страшно туку некое тапо тегнење и стеганње во жилите


Sent from my SM-J320FN using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom