- Член од
- 30 септември 2008
- Мислења
- 91
- Поени од реакции
- 3
![]()
Кирил Џајковски ја дополни листата на успешни настапи со двочасовната свирка на белградското Ушќе. На шестиот пиво-фест во главниот град на Србија Кирил настапи на третата вечер. Според телевизијата Метрополис, настапот на Кирил е најуспешниот и најквалитетен настап во историјата на Beer Fest.
Белградскиот пиво-фест кој се одржа од 20. до 24. август на специјално адаптираниот простор во областа Ушќе, анимираше близу милион луѓе од Србија, но и од поширокиот регион. Мегаломанската манифестација беше беспрекорно организирана, бесплатна и со најразлични забавни понуди. Близу 50 брендови од пивската индустрија се претставија со разни понуди, кампањи и секакви анимирачки решенија. Посетителите се забавуваа на различни начини, а главниот погон, секако беше музичката програма.
![]()
Во четирите дена можеа да се чујат различни артисти, групи, диџеи... Неколку трибјут бендови се претставија на стоилјадната публика. Учество земаа и групите: Филм, Тајм и Дадо Топиќ, Дарквуд Даб, КУД Идијоти, Атомско склониште и многу други.
Како дел од најатрактивната програма на спектакуларната фестивалска бина се појави и Кирил Џајковски со својата веќе уиграна формација. Над сто и педесет илјади кренати раце го пречека нашиот најизвезуван артист сезонава. Кирил вети дека повторно ќе се сретне со загреаната белградска публика и им се заблагодари за одличната атмосфера.
Ова е 8-ми настап на Кирил за помалку од 5 месеци. Најпосетениот концерт на Кирил сезонава само го потврдува статусот на алхемичарот на македонскиот бит и беспрекорната продукциска изведба. Следува фестивалот Стари дани во Врање, а потоа Загреб, каде што Кирил ќе ги најави Kaiser Chiefs.
Ова е уште еден доказ дека Кирил е најдоброто нешто што го дала Македонија после Тоше.
Па искрено добар беше, ама не е тоа тоа што тој како изведувач и пред се автор може да го даде. Стана крајно комерцијален во последено време, што не значи и дека е подобар...
Бев на Белградскиот пиво-фест, ЛИЧНО можам да посведочам за атмосферата, а не преку следење на било какви медиуми.
Да сумирам:
Добар беше, луѓето се журкаа(не дека не, и јас се журкав), ама умеел тој и подобра музика да создава.
И доста гњавев јас, кој не верува, нека ми се обрати! Имам докази!

