Еве сега повторно пребарував малку на MobileRead, и вушност видов дека само Колекциите не се достапни без регистрација (и нормално купувањето книги од Амазон), но и тоа наводно лесно се решава. Значи, тогаш кога сум читала погрешно сум разбрала дека Киндл-от бара регистрација. Веројатно тоа мислење постои бидејќи Амазон најмногу заработува од продажбата на книгите, за што треба регистрација. Во тој случај, да си знам за во иднина да ги земам предвид и читачите од Амазон. Фала за мислењата!
Инаку, за пребарувањето мислев за оние работи кои ги нема во речник, не само зборови. На пример, ако читаш книга за биохемија, речникот не е доволна референца. Тогаш е стварно корисно и брзо барањето, без да морам да одам до компјутер или да користам мобилен. И не ми е постојано активен wi-fi, само кога треба.