Колку и да се добри овие читачи (а по се изгледа дека ги бива), книгата си останува книга. Самото чувство кога читаш од книга е поприродно и оттаму поврзаноста со книгата е поголема и повеќекратна. Од друга страна сега изборот на книги кој може бесплатно да се симне е толку голем и богат и овозможува пристап до ретки, недостапни во облик на книга или мошне скапи изданија, па ова решение е најбезболно од финансиска гледна точка. А заштедува и простор
На темата. Бев до Бугарија скоро, на софискиот саем на книги. Немав многу време, но сепак побарав Kindle низ повеќе продавници каде што би можело да го има. Го немаше, но затоа имаше некои модели на e-book reader-и
Prestigio - ист таков (од истиот произведувач) начекав и во Хрватска пред некој месец. Ама тогаш се потрошив доста
, а сега не сакав да избрзам. Нешто за нив да не знае некој?
Инаку, во „преговори“ сум со роднини од САД за евентуална набавка на Kindle. Би можеле да ми го донесат, за некој месец....