http://setway.en.ec21.com/7_Inches_Ebook_Reader_with--5156516_5156439.html
Го имаше и тогаш Kindle во TNT маркет кај нас, само не беше 79 долари, туку држеа цена од 400 евра или тука некаде, па давањето четирипати помала сума не беше занемарливо.
А сега, мене ме интересира, дали Kindle ќe го отвори било кој pdf? Оти јас имам огромен број книги дома во електронска форма и немам ни најмала намера да купувам било каква литература од Amazon.
Разбојници секогаш ќе има, исто како што секогаш ќе има и волна за џемпери...
Јас мојот киндл го купив директно од Амазон. Сериозно, зошто би им плаќал маржа на дилетантите што го „дилаат„ производот кај нас?
Па не нарачувам кило кока, туку легален електронски уред кој Амазон преку УПС или Федекс ти го праќа кај тебе.
Колку и да доаѓаат поштарините и царинските давачки секако вреди да се земе во однос на но-нејм таблети со ЛЦД екран и батерии што држат 3 саати. Ако читаш многу, послушај го советот и купи си киндл или друг ебук ридер со е-инк екран. јас Киндл го одбрав пошто е дефинитивно поевтин од произведувачите како Сони и Нук... најмногу зошто Амазон има многу агресивна политика за Киндл, на хардверот (самиот читач) не гледа да направи голем профит... јасно им е дека профитот е после од купувањето книги.
Новиот софтвер на киндл, поточно оперативниот систем отвара ПДФ без проблеми. Алтернативните оперативни системи тоа го прават одамна.
Во секој случај ПДФ не е формат погоден за ебук читач, затоа што е врзан со физички фиксно определена големина на страна... што на тебе секако ти е јасно ако зумираш и скролаш лево десно за да можеш да читаш на ридерот.
.
Решението е софтвер наречен Calibre.
http://calibre-ebook.com/about
Со Calibre можеш да конвертираш од еден формат во друг, па и од ПДФ во ЕПУБ или МОБИ.
Од друга страна, девет десетини од сите наслови што сум ги побарал, успевам да ги најдам во МОБИ или ЕПУБ формат.
Да појаснам малку, текстот во овие формати не е врзан со физичка големина на страната. Големината на фонтовите, густината на буквите и редовите... тоа сам си го подесуваш како ти одговара. А кога ќе отвориш книга во овој формат текстот секогаш ја исполнува целата страница од екранот. Освен ако не почнува ново поглавје, кое нормално оди на нова страница.
Проблемот е со стриповите, тие секако се цртани на страници со фиксна величина, како А4 на пример. Да Calibre ќе ги конвертира и нив со тоа што ќе ги намали сликите за да ги собере на екран... ама со тоа за удобно читање ќе мора да се зумира и скролува, што е заморно.
Има софтвери што страните ги делат на пола ама тоа не е решение затоа што цртачита на стрипови често цртаа слики со различни големини на страницата и делењето на страната на половина ги сече сликите.
Заради ЛЦД екранот во боја, ајпад и другите уреди со ЛЦД екран се подобар избор за стрипови... ако истите се во боја!
Тука престануваат погодностите за читање, и почнуваат погодностите за играње игрички како што напиша коскар погоре... се зависи за што ви треба уредот.
--- надополнето: Dec 4, 2011 12:41 PM ---
Сосе шипинг, сосе се, колку би ме фатило?
Ме спопаливте со коментариве
Јас го купив пред година дена, тогаш беше накај 140$ без поштарина и царина, на крај ми испадна се на се накај 160 евра.
Генерално правило е, рачунај ги доларите како да се евра, плус/минус некои 10% и кје го добиеш крајниот трошок... зависи каков им е денот на цариниците.
Најубаво е ако имаш некој да ти донесе од САД или Европа, нема ни царина ни поштарина да платиш. Јас имав кого да замолам ама бев премногу нестрплив да чекам неколку месеци...
Можете и да се организирате повеќе луѓе па да ви испаднат трошоците многу помали кога ќе ги поделите.
Фала на тие кои го објаснија користењето на Киндл. Јас имам едно прашањe:
Дали можеш да потцртувап ствари од книгата, и ако да после дали можеш да ги најдеш?
Ова го прашувам бидејќи на факс ни најавија дека доста од материјалот ќе биде на пдф, за да не треба да принтам миљон страни би купил вакво нешто. А викате Киндл Фајр-от не е тоа тоа ради ЛЦД-то?
До сега видов повеќе Киндли па не знам кој е најубав за читање. Тач, Тој со тастатура, Фајр. Хелп?
Тебе ти треба модел со тастатура ако сакаш да пишуваш белешки но само за да потцртуваш делови и страници можеш да поминеш и со тој новиот најефтин модел. Белешките и подцртаното потоа можеш тоа да ги синхронизираш (пренесеш) во класичен компјутер или лаптоп ако имаш потреба да работиш нешто со тоа.
Киндл фајр е со ЛЦД екран во боја, добар за стрипови и... играње игрици
Ако ти е за читање книги, е-инк екран и ништо друго!
Во најмала рака текстот е многу попогоден за читање и не замара очи затоа што нема позадинско светло, одличен е за читање надвор и на сонце.
Батеријата трае од 2-3 недели до месец дена (или помалку, зависи колку читаш, екранот троши струја само кога менуваш страници).