Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Добра информација, фала за линкот.

Друго за киндл што не напишав е ергономијата за користење. Копчињата за вртење на страници се исклучително добро поставени а ги има и на лева и на десна страна, што значи максимална удобност без разлика во која рака моментално го држите уредот (важно за долготрајни читања и чести менувања на рацете)

Погледни ги сликивe доле и спореди ги со Vizplex-от погоре.
big-viewer-3G-01-lrg._V188698726_.jpg
photo_pdf2._V188698959_.gif

Ова 3ката или 4ката беше?
 
3ka или попознат сега како Kindle Keyboard.
 
Со kindle и со таблетите полека нема веќе на хартија да ги прават книгиве.Ама сепак хартија си е хартија,некако човек се поврзува со книгата а со ова некако вештачко ми е.Може сум во грешка до сега немам пробано вака да читам :D
 
И јас сакам книги од хартија.

Ама кога ќе видиш кои наслови се преведуваат кај нас, како (често криминално лошо) се преведува и цените на домашните и увозните книги... ќе увидиш дека купување на електронски читач е и те како паметна и исплатлива одлука. Посебно сега кога цените на квалитетни модели паднаа под цените на просечен мобилен телефон.

Инаку навикнувањето е многу брзо а искуството (во мојот случај) многу позитивно.
Киндл не е потежок од просечна книга, големината на екранот е колку просечна книга во џебен формат, читливоста е одлична на секакво осветлување на кое нормално се чита класична книга (затоа што има е-инк екран, а ова е иначе главната слабост на LCD уредите како Ајпад, покрај неспоредливо пократкото траење на батериите).
Собери го ова со фактот дека внатре собира барем 4.000 наслови... и јасно е каде е иднината. Тоа на страна, одредени омилени наслови секако ќе се најдат на полиците во облик на класична книга.
 
Со kindle и со таблетите полека нема веќе на хартија да ги прават книгиве.Ама сепак хартија си е хартија,некако човек се поврзува со книгата а со ова некако вештачко ми е.Може сум во грешка до сега немам пробано вака да читам :D

Колку и да се добри овие читачи (а по се изгледа дека ги бива), книгата си останува книга. Самото чувство кога читаш од книга е поприродно и оттаму поврзаноста со книгата е поголема и повеќекратна. Од друга страна сега изборот на книги кој може бесплатно да се симне е толку голем и богат и овозможува пристап до ретки, недостапни во облик на книга или мошне скапи изданија, па ова решение е најбезболно од финансиска гледна точка. А заштедува и простор :)

На темата. Бев до Бугарија скоро, на софискиот саем на книги. Немав многу време, но сепак побарав Kindle низ повеќе продавници каде што би можело да го има. Го немаше, но затоа имаше некои модели на e-book reader-и Prestigio - ист таков (од истиот произведувач) начекав и во Хрватска пред некој месец. Ама тогаш се потрошив доста :), а сега не сакав да избрзам. Нешто за нив да не знае некој?
Инаку, во „преговори“ сум со роднини од САД за евентуална набавка на Kindle. Би можеле да ми го донесат, за некој месец....
 
Епа дај и јас да нарачам преку тебе. Т.е. да ти го купам, во Бугарија се 250 евра...така да ако си ми поефтин ќе купам од тебе. :D
 
Ако имаш начин да ти го донесат читачот од САД, тоа секако е најдобрата варијанта од сите... макар и да треба да почекаш некој месец. Моделот без тастатура од $79 e секако најисплатлив... освен ако навистина не ти треба запишување на белешки. Јас скоро и да не ја користам тастатурата, тој модел го земав зошто тоа тогаш беше основниот најевтин модел.

Ако роднината од САД сака и да заработи некој долар, а има можност да донесе некое парче повеќе, јас сум спремен да платам 30$ екстра за носењето. Иако веќе имам киндл, сакам да земам еден за девојка ми. Верувам дека и други заинтересирани има тука. ;)

За тој Prestigio не сум слушнал ниту читал, а пред да се одлучам каков читач да земам, детално истражував на нет.
Најблиски конкуренти на Kindle се Nook нa Barnes & Noble, читачите од Sony и некои други како Kobo. Но верувај ми дека Киндл е најдобрата можна зделка, велат дека Амазон оди со никаква или сосема мала заработка на самиот читач... затоа што си знаат они дека главните пари се прават на книгите а не на хардверот. А ако го купиш киндл и купуваш електронски книги, секако добар дел ќе ги купиш од Амазон. Бежично од самиот киндл, книги можеш да купиш само од Амазон, другите опции се купување на книги од други електорнски книжарници па уплоад во киндл... нешто што типичниот (мрзлив) корисник вообичаено нема да го одбере.
Ова е генерално за типичниот западен корисник, ние со нашиот стандард секако дека ќе симнуваме пиратска (и бесплатна) литература.
 
Епа дај и јас да нарачам преку тебе. Т.е. да ти го купам, во Бугарија се 250 евра...така да ако си ми поефтин ќе купам од тебе. :D
Ако имаш начин да ти го донесат читачот од САД, тоа секако е најдобрата варијанта од сите... макар и да треба да почекаш некој месец. Моделот без тастатура од $79 e секако најисплатлив... освен ако навистина не ти треба запишување на белешки. Јас скоро и да не ја користам тастатурата, тој модел го земав зошто тоа тогаш беше основниот најевтин модел.
Ако роднината од САД сака и да заработи некој долар, а има можност да донесе некое парче повеќе, јас сум спремен да платам 30$ екстра за носењето. Иако веќе имам киндл, сакам да земам еден за девојка ми. Верувам дека и други заинтересирани има тука. ;)

Чекајте да видиме што ќе испадне од работава. Се уште има многу ако и можеби во муабетов. Ако купат, ќе го пратат по некој друг (треба да начекаат таков), нема да ми го донесат лично. Тоа малку ја комплицира работата.
Ќе почекам, ќе разберам детално што-како и ќе информирам ако треба.
Дотогаш, ова го најдов кај Бугарите - не е 250 евра, туку 260-280 лева (130-140 евра)
http://www.reader.bg/news/item/457-...kindles-to-mark-the-forthcoming-holidays.html
Ако не ми тргне горната опција, ќе пробам со нарачка од таму, или ќе барам друго решение.
 
Мислам ќе ви послужи сликава
pSBIt.jpg

Легенда:
3G покриеност (брзо)
edge/gprs покриеност (споро)
 
Добро е да се знае, ама да повторам... сите други функции освен читањето кај овие уреди се од споредна важност. Во денешно време техниката е толку евтина да ако имаш важна потреба од интернет конекција истата секако ќе ја обезбедиш со лаптоп и 3Г модем, кои во денешно време се сосема достапни на некој кој има потреба од нив.

Прва и основна предност на киндл е секако неговата основна функција... квалитетот на искуството со читањето книги.

Ќе почекам, ќе разберам детално што-како и ќе информирам ако треба.
Секако, предлогот беше чисто од предпоставката дека пријателот/роднината може да најде некаков економски интерес за себе а во исто време да помогне на други.

Јас мојот примерок го набавив дирекно од Амазон затоа што бев нестрплив, да не се брзав до сега секако ќе најдев оваков начин да ми го донесат. Затоа за вториот киндл стрпливо си чекам прилика.
--- надополнето: 14 декември 2011 во 02:22 ---
На темата. Бев до Бугарија скоро, на софискиот саем на книги. Немав многу време, но сепак побарав Kindle низ повеќе продавници каде што би можело да го има. Го немаше, но затоа имаше некои модели на e-book reader-и Prestigio - ист таков (од истиот произведувач) начекав и во Хрватска пред некој месец. Ама тогаш се потрошив доста :), а сега не сакав да избрзам. Нешто за нив да не знае некој?
Препораката за Киндл секако стои, ама еве нешто информации и за Престиџио... случајно видов денес додека прелистував стар број од СК.

http://www.sk.rs/2011/02/sktd10.html

Исто и
http://www.sk.rs/2010/10/sktd08.html
http://www.sk.rs/2010/09/sktd06.html

Таму има и едноставно објаснување за принципот на работа на Е-инк екраните:
sktd06a.velika.jpg
 
Колку и да се добри овие читачи (а по се изгледа дека ги бива), книгата си останува книга. Самото чувство кога читаш од книга е поприродно и оттаму поврзаноста со книгата е поголема и повеќекратна. Од друга страна сега изборот на книги кој може бесплатно да се симне е толку голем и богат и овозможува пристап до ретки, недостапни во облик на книга или мошне скапи изданија, па ова решение е најбезболно од финансиска гледна точка. А заштедува и простор :)

На темата. Бев до Бугарија скоро, на софискиот саем на книги. Немав многу време, но сепак побарав Kindle низ повеќе продавници каде што би можело да го има. Го немаше, но затоа имаше некои модели на e-book reader-и Prestigio - ист таков (од истиот произведувач) начекав и во Хрватска пред некој месец. Ама тогаш се потрошив доста :), а сега не сакав да избрзам. Нешто за нив да не знае некој?
Инаку, во „преговори“ сум со роднини од САД за евентуална набавка на Kindle. Би можеле да ми го донесат, за некој месец....

Епа дај и јас да нарачам преку тебе. Т.е. да ти го купам, во Бугарија се 250 евра...така да ако си ми поефтин ќе купам од тебе. :D
Леле може и јас?
--- надополнето: 14 декември 2011 во 10:43 ---

А еднаш од кога ќе ја ставиш книгата на киндлот немаш потреба од интернет нели?
И има за усб? Пошто јас на компјутер си имам прилично книги па да си ги префрлам.
 
Е извини јас пред тебе си порачав :D
 
Електронски читач. Верувам дека сите знаете што е тоа.
Баш ме занима дали некој од вас користел?

Наречејте ме старомоден, но поубав начин на читање од оној стандардниот нема. Ако не си ја фатиш книгата в раце, вртејки лист по лист, гледајки во печатени букви на хартија, тогаш ништо од читањето. Плус, едно е дома да си имаш еден куп книги на полица, отколку еден куп фајлови на ПЦ или е-читач. Ама ете технологијата оди напред, некои луѓе одлучуваат да ја следат, а некои и се противат и си терат по старо. :)
 
А еднаш од кога ќе ја ставиш книгата на киндлот немаш потреба од интернет нели?
И има за усб? Пошто јас на компјутер си имам прилично книги па да си ги префрлам.

Немаш воопшто потреба од интернет, книгите може да си ги префрлиш преку УСБ од на компјутер и да си уживаш во читањето. :)

(Има и други понапредни опции преку програмата calibre, ама за тоа треба малку advanced познавање на компјутер.)
 
Наречејте ме старомоден, но поубав начин на читање од оној стандардниот нема. Ако не си ја фатиш книгата в раце, вртејки лист по лист, гледајки во печатени букви на хартија, тогаш ништо од читањето. Плус, едно е дома да си имаш еден куп книги на полица, отколку еден куп фајлови на ПЦ или е-читач. Ама ете технологијата оди напред, некои луѓе одлучуваат да ја следат, а некои и се противат и си терат по старо. :)
Кога збориме за македонската состојба, горното е само делумно точно.

Додека се согласувам со задоволството на читање од печатена книга и убавината на полните полици, реалноста е дека во Македонија ги нема барем три четвртини од книгите кои би сакал да ги прочитам следни. Тие што ги има се најчесто со ужасен превод, обиди се да најдеш во оригинал некои од омилените книги па види и сам што направиле со преводот (нормално, ако го знаеш јазикот на авторот).

Поентата на муабетот ми е дека, ако можам да бирам дали да читам нешто на електронски читач... или вооппшто да не го читам за да чекам некоја од издавачките куќи кај нас да се смилува да направи (лош) превод, тогаш за мене изборот е јасен.

Морам да кажам дека додека не пробате да прочитате нешто од квалитетен електронски читач како што е киндл, не знаете точно за што зборувате. Позајмете читач на неколку часа од пријател па вратете се и напишете што мислите тогаш...:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom