Киднапиран градоначалникот на Охрид?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Киднапиран градоначалникот на Охрид?!


Во охридската полиција денеска е пријавено киднапирање на охридскиот градоначалник и неговиот личен возач.
Супер радио дознава дека киднапирањето се случило во текот на месец декември но од засега непознати причини случајот е пријавен дури денес.
Според извори на Супер радио охридскиот градоначалник Александар Петрески и неговиот личен шофер биле киднапирани од две лица од Охрид по кои СВР Охрид трага во моментов.
Истрагата е во тек а се шпекулира дека се работи за нерасчистени должничко доверителни сметки.
steta
:uvo:
kako moze ova e sram za makedonskata demokratija

Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 28.01.2009 16:23:48

steta za makedonskata demokratija
 
Имаше мислам НЛО во тоа време над Галичица еве и слика...

italy-ufo-2.jpg


Се ближи 2012 година...:ija:
 
Фантом му е роднина од форумов...најубаво тој да се изјасни. Ама сепак моја претпоставка е дека е патка..

Градоначалникот на Охрид не бил киднапиран, и не бил пријавен како киднапиран од фамилијата или од пријателите. Ако го пријавил некој граѓанин како киднапиран, или им снемало материјал на медиумите за трач рубриките, е друго дваесет.

Значи, повторувам, нe бил киднапиран никогаш.
 
Значи, повторувам, нe бил киднапиран никогаш.

Лошо го сфатиле муабетов појќето.

Јас од одма помислив да не бил однесен "на прошетка", на полсат муабет...пошо технички гледано, и то е киднапирање.

А дек бил, можда го пријавиле тие шо го шетнале, за да го потсетет на нешто.


CSI фантазија прам, нишчо појќе :)
Драго ми е дека е Alive and kickin'.
 
A vide nekoj dali bil seksan ili ne?Samo ginekoloski pregled moze da gi potvrdi nasite somnevanja?! :pos2:

за градоначелник или градоначелничка се работи.

сега ме подазмисли која гранка од медицината е надлежна за делот околу чмарот и самиот чмар.
 
Градоначалникот на Охрид не бил киднапиран, и не бил пријавен како киднапиран од фамилијата или од пријателите. Ако го пријавил некој граѓанин како киднапиран, или им снемало материјал на медиумите за трач рубриките, е друго дваесет.

Значи, повторувам, нe бил киднапиран никогаш.

Ама сепак имало нешто друго :smir:
Од Петрески и неговиот возач биле изнудени 15.000 евра!

СВР Oхрид попладнево на прес конференција обелодени детали за случајот со упатените закани кон градоначалникот на Охрид Александар Петрески неговиот возач. Во интерес на објективно информирање на јавноста ви го пренесуваме официјалното соопштение на СВР Охрид:

„Вчера, доцна попладне, од страна на возачот на Градоначалникот на Охрид, во СВР Охрид беше пријавено дека тој и градоначалникот на 21-ви декември минатата година, околу 22.30 часот, пред дворот од куќата на градоначалникот биле грабнати од страна на две лица од Охрид на возраст од 32 и 34 години.

Иако, во својот исказ пред полицијата ниту градоначалникот(кој беше дополнително повикан), ниту неговиот личен возач не посочиле зошто со едномесечно задоцнување го пријавуваат случајот, двајцата осомничени уште синоќа беа лишени во слобода и во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред Истражен судија. По целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за „Грабнување“ на кое се уште се работи, односно се утврдува дали е сторено поради изнуда или нерасчистени должничко-доверителски односи.

Според пријавата, грабнувањето било извршено откако претходно еден од осомничените побарал од градоначалникот да му исплати 15000 евра. Бидејќи не ги добил парите, истиот се упатил кон неговиот дом и кога повторно бил одбиен, извадил пиштол со кој што го удрил возачот, во моментот кога од него бил спречен да тргне кон градоначалникот. Откако возачот паднал на земја, градоначалникот и осомничените влегле во возилото со намера да го однесат во болница, но под закана со огнено оружје, осомничените ги пренеле на периферијата на Охрид, каде заканувајќи им се по животите испукале во воздух, барајќи да им бидат дадени парите. Вечерта, како што е пријавено возачот им дал 5000 евра, а следниот ден истото го сторил и градоначалникот.

Околу мотивот, односно дали станува збор за изнуда или нерасчистени должничко-доверителски односи и другите детали, сомничените во полициската истрага се бранат со молчење, а нема дополнително појаснување и за причините поради кои градоначалникот и неговиот возач ги исплатиле бараните пари, како и мотивите поради кои оштетените досега не дошле да го пријават случајот“, се наведува во соопштението на СВР Охрид.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom