Кеш за крнтии

  • Креатор на темата Креатор на темата BOJ@N
  • Време на започнување Време на започнување

BOJ@N

Штрумф Текнувало
Член од
30 ноември 2008
Мислења
884
Поени од реакции
489
Локација
Во блиската далечина.
DACIA ЗА ПРИРОДАТА. За секој довозен крш - 1.600 евра

Македонскиот импортер за возилата од програмата на Dacia, филијала на францускиот Renault, Аутомотив Груп, официјално соопшти дека стартува со кампањата „ Dacia за природата“, или во светот попознато како „Ќеш за крнтии“.

press460.jpg
Основна цел на оваа акција е пред се елиминирање на старите возила, или едноставно кажано автомобилскиот крш,од нашите патишта и „допирање до еколошката свест“ кај нашите граѓани. Втор момент е секако и намалувањето на емисијата на штетни гасови, што значи поздрава и почиста еколошка средина. ЕKO акцијата „Dacia за природата"„ на која носител е токму Аутомотив Груп, се остварува со поддршка на компанијата МАКСТИЛ / Дуферко, која ке ги рециклира старите автомобили и невладината организација BELLS.
kiril460.jpg

- Идејата за ваква една акција тлее подолго време, за што имавме потполна подршка од страна на нашиот принципал. Сметавме дека конечно созреаја условите за нејзина реализација. Аутомотив Груп безусловно се одлучи на ваков чекор, kако општествено одговорна компанија која се грижи за природата и нејзино зачувување, преку промовирање на оваа акција сакaјки да ги отстрани сите автомобили што се потенцијална опасност и за остaнатите учесници во сообракајот, a и се големи загадувачи на природата, истакна првиот човек на македонскиот импортер, Кирил Калеников, на средбата со новинарите, -Акцијата ќе трае шест месеци и доколку заклучиме дека има своевиден ефект би ја продолжиле, се разбира во консултации со нашиот принципал. Програмата што ја нуди Dacia , односно Аутомотив Груп, е во склад со глобалните светски принципи. Програмата во исто време гарантира справување со сите отпадни материјали и флуиди, од откупеното старо возило, на осмислен организиран начин и регулирана постапка, додаде Калеников.
ppt460.jpg

Доколку заинтересираните граѓани би се вклучиле во оваа акција не само што ќе придонесат за зачувување на околината туку ќе добијат одредени бенифиции при купувањето на ново возило од програмата на Dacia. Имено, секој оној што ќе го донесе својот стар автомобил добива бонус од 1.600 евра, односно новото возило ќе биде поефтино за оваа парична вредност. Овој бонус го добива секој, независно од вредноста на неговото старо возило. Вредно е да се напомене дека возилата кои би се понудиле според системот Крш за ново би требало да бидат регистрирани и да се сообраќаат, со што би се постигнал вистинскиот ефект.
prof460.jpg

Поддршка на акцијата дава и Машинскиот факултет од Скопје, несомнено институција која има големо внимание во оваа економска гранка во државата, а со свој став се произнесе и Проф. Миле Димитровски, кој е и воедно – Претседател на Кoмисијата за следење и примена на научните достигнувања од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
-Главни компоненти на оваа акција се да се сочуваат ресурсите преку рециклирање на производите, да се обезбеди здрава и чиста околина за живот преку помало загадување и да се намалат емисиите заради заштита од глобалното затоплување. Воедно ова е одлична можност да се направи евиденција на дел од возилата кои се вон употреба, бидејки секоја година ни „висат во воздух“ близу 20.000 автомобили кои не се регистрираат, па со ова би се вовел каков-таков ред и затоа ние, односно Лабараторијата за мотори при Машински факултет и Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата , со задоволство ја подржуваме оваа акција.
bells460.jpg

Поддршка изрази и претставникот од невладината организација 4х4х4 – BELLS. Нејзиниот претставник Елизабета Симонова - Илиевска, го изјави следново:
-Нашата невладина организација „4х4х4 Балкански Мостови Скопје“ како REA_BELLS Национален Коордниатор за Македонија, е посветена на градењето на здрава животна околина за сите. Не радува фактот кога претставниците на бизнис секторот во Република Македонија ја делат нашата цел да изградиме почисто место за живеење за сите нас, денес но уште побитна е иднината. Намалувањето на емисијата на издувните гасови од старите возила е првиот, но и највреден чекор на нашата заедничка соработка на полето на здрава животна околина. Од оваа причина цврсто стоиме зад оваа иницијатива - идеја за спојување на корисното и убавото. Утрешниот ден да биде почист за сите.
Како дел од акцијата е и невладината организација FUEL, чиј претставник изјави дека тие ќе водат грижа за отстранување на сите отпадни флуиди при рециклирање на старите автомобили, како и на дел од елементите од обоени материјали кои не се рециклираат заедно со она што треба да се „топи“ во печките на Макстил.
Вистинска акција која ја и ние поздравуваме, и во текот на нејзиното траење ќе се обидеме да дадеме свој придонес. Ваквите акции вродија со плод во Франција, Германија, Италија..., а се разбира и во нашиот регион во Хрватска и Србија. А како што надополни Калеников, избран е брендот Dacia бидејки е мошне популарен и пристапен и на овие простори како и на пазарите низ Европа каде се одвиваше акцијата Крш за ново, направи вистински бум.

извор
 
Дали ова значи дека ако ја донесам мојата канта во Дачиа , и посакам да купам Сандеро , најевтината верзија која чини 7,777 евра всушност ќе ме чини 6,100 евра ?:nesum:
 
Дали ова значи дека ако ја донесам мојата канта во Дачиа , и посакам да купам Сандеро , најевтината верзија која чини 7,777 евра всушност ќе ме чини 6,100 евра ?:nesum:

мислам дека не одма, ама за некое време ќе може
 
Добра е иницијативата меѓутоа треба да се вклучат повеќе производители односно да има повеќе модели за избор (пред се поевтини возила). Пр. Фиат може да го нуди Пунтото, нека се вклучат Пежо или Ситроен со 107ката и ц1, Хјундаи со И10, Шевролет и сл.
 
Јап, тоа е тоа. Имаат луѓето некој нивни цаки, како да продадат повеќе возила и се надевам дека кампањата ќе им биде успешна. Сепак 1600 евра попуст на возило кое што чини 7.500 евра е солидна цифра. Ако се земи дека Дачиа како бренд е горе долу поквалитетна а и возилцата се поголеми од Спарк, доаѓа еден вид на Best Buy во моментов.

Патем, Рено на моделите Меган дава до 4.000 евра попуст, но сепак станува збор за поскапи возила кај кои од 18-20.000 евра се намалува на 14-16.000 што и не е некоја сума за фалење.
 
За наши услови Сандерото е убаво количе. За да биде акцијата уште поуспешна би треабло да се овозможат пристапни и поволни кредити.
За 6000 евра ново Сандеро е примамлива понуда. Сепак ново си е ново.
 
Treba uste da se spusta a koga ke go dostigne minimumot ke znaes deka togas zastapnikot ima 10% marza.Se nadevam deka ova tempo ke prodolzi i ponatamu.
 
За наши услови Сандерото е убаво количе. За да биде акцијата уште поуспешна би треабло да се овозможат пристапни и поволни кредити.
За 6000 евра ново Сандеро е примамлива понуда. Сепак ново си е ново.

ja mislam ova se samo finti, nema skoro da bide ...pa neka plaka Dacija, nie ne proizveduvame vozila.. eve, vo Srbija moze ima neshto so Puntoto, no sigurno ne kompenzira drzavata tuku Fiat, ke se zalat drugite uvoznici za Privilegiranje na edno vozilo... pa i domasno da e... isto ko sto sekoj Tender paga na sud, se zali koj stigne..
gladna kokoska proso sonuva..
 
Кое привелигирање на едно возило, па ова не е државна кампања туку кампања на автомобилската куќа!
Нема тука ништо погрешно.:toe:
 
ja mislam ova se samo finti, nema skoro da bide ...pa neka plaka Dacija, nie ne proizveduvame vozila.. eve, vo Srbija moze ima neshto so Puntoto, no sigurno ne kompenzira drzavata tuku Fiat, ke se zalat drugite uvoznici za Privilegiranje na edno vozilo... pa i domasno da e... isto ko sto sekoj Tender paga na sud, se zali koj stigne..
gladna kokoska proso sonuva..

Функционира ова во Хрватска со години, така да зошто да не и кај нас
 
Пред само недела дена Аутомотив Груп ја најави еко-акцијата „Dacia за природата“ и се понадева на свеста на нашите граѓани
lenta460.jpg

Иако Г-динот Кирил Калеников не очекуваше повеќе од 100 возила во период од шест месеци, сепак изгледа дека македонските граѓани се еко-свесни, а знаат и да препознаат добра понуда.
Како што ексклузивно дознаваме, досега се предадени за уништување 2 возила во Охрид, 2 возила во Битола, 5 возила во Скопје и 1 во Тетово, кој секако се заменети со нови.

http://www.avtoplus.com.mk/?pid=2006
 
и јас имам една застава 850 дома, у возна состојба е, машината не е чепната.
ќе дадат 1000+ за неа?:kesa:
 
и јас имам една застава 850 дома, у возна состојба е, машината не е чепната.
ќе дадат 1000+ за неа?:kesa:

Ако е регистрирана и во возна состојба за било која кола даваат 1600 евра попуст ...
 
Ако е регистрирана и во возна состојба за било која кола даваат 1600 евра попуст ...
Тоа е условот? Возилото што ќе го однесиш да биди регистрирано и во возна состојба?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom