BOJ@N
Штрумф Текнувало
DACIA ЗА ПРИРОДАТА. За секој довозен крш - 1.600 евра
Македонскиот импортер за возилата од програмата на Dacia, филијала на францускиот Renault, Аутомотив Груп, официјално соопшти дека стартува со кампањата „ Dacia за природата“, или во светот попознато како „Ќеш за крнтии“.
Основна цел на оваа акција е пред се елиминирање на старите возила, или едноставно кажано автомобилскиот крш,од нашите патишта и „допирање до еколошката свест“ кај нашите граѓани. Втор момент е секако и намалувањето на емисијата на штетни гасови, што значи поздрава и почиста еколошка средина. ЕKO акцијата „Dacia за природата"„ на која носител е токму Аутомотив Груп, се остварува со поддршка на компанијата МАКСТИЛ / Дуферко, која ке ги рециклира старите автомобили и невладината организација BELLS.
- Идејата за ваква една акција тлее подолго време, за што имавме потполна подршка од страна на нашиот принципал. Сметавме дека конечно созреаја условите за нејзина реализација. Аутомотив Груп безусловно се одлучи на ваков чекор, kако општествено одговорна компанија која се грижи за природата и нејзино зачувување, преку промовирање на оваа акција сакaјки да ги отстрани сите автомобили што се потенцијална опасност и за остaнатите учесници во сообракајот, a и се големи загадувачи на природата, истакна првиот човек на македонскиот импортер, Кирил Калеников, на средбата со новинарите, -Акцијата ќе трае шест месеци и доколку заклучиме дека има своевиден ефект би ја продолжиле, се разбира во консултации со нашиот принципал. Програмата што ја нуди Dacia , односно Аутомотив Груп, е во склад со глобалните светски принципи. Програмата во исто време гарантира справување со сите отпадни материјали и флуиди, од откупеното старо возило, на осмислен организиран начин и регулирана постапка, додаде Калеников.
Доколку заинтересираните граѓани би се вклучиле во оваа акција не само што ќе придонесат за зачувување на околината туку ќе добијат одредени бенифиции при купувањето на ново возило од програмата на Dacia. Имено, секој оној што ќе го донесе својот стар автомобил добива бонус од 1.600 евра, односно новото возило ќе биде поефтино за оваа парична вредност. Овој бонус го добива секој, независно од вредноста на неговото старо возило. Вредно е да се напомене дека возилата кои би се понудиле според системот Крш за ново би требало да бидат регистрирани и да се сообраќаат, со што би се постигнал вистинскиот ефект.
Поддршка на акцијата дава и Машинскиот факултет од Скопје, несомнено институција која има големо внимание во оваа економска гранка во државата, а со свој став се произнесе и Проф. Миле Димитровски, кој е и воедно – Претседател на Кoмисијата за следење и примена на научните достигнувања од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
-Главни компоненти на оваа акција се да се сочуваат ресурсите преку рециклирање на производите, да се обезбеди здрава и чиста околина за живот преку помало загадување и да се намалат емисиите заради заштита од глобалното затоплување. Воедно ова е одлична можност да се направи евиденција на дел од возилата кои се вон употреба, бидејки секоја година ни „висат во воздух“ близу 20.000 автомобили кои не се регистрираат, па со ова би се вовел каков-таков ред и затоа ние, односно Лабараторијата за мотори при Машински факултет и Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата , со задоволство ја подржуваме оваа акција.
Поддршка изрази и претставникот од невладината организација 4х4х4 – BELLS. Нејзиниот претставник Елизабета Симонова - Илиевска, го изјави следново:
-Нашата невладина организација „4х4х4 Балкански Мостови Скопје“ како REA_BELLS Национален Коордниатор за Македонија, е посветена на градењето на здрава животна околина за сите. Не радува фактот кога претставниците на бизнис секторот во Република Македонија ја делат нашата цел да изградиме почисто место за живеење за сите нас, денес но уште побитна е иднината. Намалувањето на емисијата на издувните гасови од старите возила е првиот, но и највреден чекор на нашата заедничка соработка на полето на здрава животна околина. Од оваа причина цврсто стоиме зад оваа иницијатива - идеја за спојување на корисното и убавото. Утрешниот ден да биде почист за сите.
Како дел од акцијата е и невладината организација FUEL, чиј претставник изјави дека тие ќе водат грижа за отстранување на сите отпадни флуиди при рециклирање на старите автомобили, како и на дел од елементите од обоени материјали кои не се рециклираат заедно со она што треба да се „топи“ во печките на Макстил.
Вистинска акција која ја и ние поздравуваме, и во текот на нејзиното траење ќе се обидеме да дадеме свој придонес. Ваквите акции вродија со плод во Франција, Германија, Италија..., а се разбира и во нашиот регион во Хрватска и Србија. А како што надополни Калеников, избран е брендот Dacia бидејки е мошне популарен и пристапен и на овие простори како и на пазарите низ Европа каде се одвиваше акцијата Крш за ново, направи вистински бум.
извор