Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Не навлегувам во шпекулации зашто се откажал, но иако мој избор не беше Керим, ниту би гласала за него, сепак сметам дека беше добар кандидат за претседател и дека со неговата кандидатура, изборите во Македонија ќе беа добиеја на квалитет, ќе беа поконкуретни и ќе беше вистинска борба измеѓу Иванов и Керим.
Сметам дека опозицијата мора да се собере, затоа што волку слаба опозиција не одговара за демократските општества, каде што опозицијата треба да биде сенката на позицијата, односно на власта.
А и нормално дека ќе се откаже човекот, како прво си играа со неговото име, збореа дека ќе биде заеднички кандидат, ваков кандидат, онаков кандидат, а на никој да му текне да зборува со него, ниту пак имаше изјава од него до пред некое време.
Сега со откажувањето на Керим, горе доле мислам дека е јасно што ќе се случи. Љубе во никој случај не е кадарен за претседател, Слаѓана Тасева уште помалку. СДСМ немаат некој голем избор, освен евентуално Нано Ружин, кој беше и претходно споменуван, ама реално мислам дека нема шанси...
Ко што би рекле северните соседи :Живи били, па видели.