Керим не се кандидира за претседател

  • Креатор на темата Креатор на темата Borderline
  • Време на започнување Време на започнување
Не навлегувам во шпекулации зашто се откажал, но иако мој избор не беше Керим, ниту би гласала за него, сепак сметам дека беше добар кандидат за претседател и дека со неговата кандидатура, изборите во Македонија ќе беа добиеја на квалитет, ќе беа поконкуретни и ќе беше вистинска борба измеѓу Иванов и Керим.
Сметам дека опозицијата мора да се собере, затоа што волку слаба опозиција не одговара за демократските општества, каде што опозицијата треба да биде сенката на позицијата, односно на власта.
А и нормално дека ќе се откаже човекот, како прво си играа со неговото име, збореа дека ќе биде заеднички кандидат, ваков кандидат, онаков кандидат, а на никој да му текне да зборува со него, ниту пак имаше изјава од него до пред некое време.
Сега со откажувањето на Керим, горе доле мислам дека е јасно што ќе се случи. Љубе во никој случај не е кадарен за претседател, Слаѓана Тасева уште помалку. СДСМ немаат некој голем избор, освен евентуално Нано Ружин, кој беше и претходно споменуван, ама реално мислам дека нема шанси...

Ко што би рекле северните соседи :Живи били, па видели.
 
Може мало образложение зошто е Тасева некадарна ?
 
Па не би рекол дека е така после последната анкета на Форум направена викендов:

kerim-vodstvo.jpg

Не знам како е правена анкетата, но ајде да ја разгледаме поблиску.

Како прво, ако ги собереме сите проценти, излегуваат 92. Останатите 8% е можно да се „не сум сигурен“, но и тоа би било чудно, затоа што обично има многу повеќе неодлучени толку рано во кампањата.

Како второ, тешко ми е да поверувам дека единствениот албански кандидат има само 12%.

Како трето, дури и да сме сигурни дека Керим е во предност (пореди поделеноста на гласачкото тело на ВМРО), некако не ми се верува дека предноста е поголема од заедничкиот резултат на Иванов и Бошковски. Ако на предноста на Керим ги додадеме и процентите од другите „левичарски“ кандидати добиваме 44% за левицата спрема 32% на десницата. Знам дека Керим сакаше да се престави како неутрален кандидат и најверојатно ќе привлечеше доста од неодлучените, но сепак неговото главно гласачко тело е левицата (која иако е толку слаба во моментот испаѓа дека може да освои најмалку 60% од македонскиот блок и скоро 50% од целокупниот број на гласови). Како што реков, некако ми е чудна анкетава.

И за крај, малку доцнам со постот затоа што Керим испадна од трката. :)
 
Па нормално дека не се кандидира.
Он бил,е и ќе биде кариерист.
И има учители кои што се у топ 100 у свет.
И после една проста пресметка за тоа какви му се шансите да стане претседател у Македонија на дпбне и какви ингиренции и права би добил со прифаќањето на една таква функција,како и највероватниот `карактер` на изборите што следат...
типот сконта дека не му треба таква ставка у неговото CV.
 
штета што се повлече :cry:
 
Дипломатско, а не хазардерско решение, не е глуп да се бања во ладна вода наместо некој „докажан“ и перспективен (благонадежен што би рекол Zevsus) kадар на СДСМ. На крај на краиштата, не им ја надроби Керим попарата на есдеесовци за тој да ја срка:toe:
 
Еееее преку тасета од овакви патетики. ВМРО-ДПМНЕ има РЕЈТИНГ. Тој рејтинг ќе го материјализира и точка. Тоа е политика. Политиката не е плачење на прес конференција. Керим бујрум нека каже за неговата вмешаност со тајните служби, па онда може напред да гледаме.
 
Па нормално дека не се кандидира.
Он бил,е и ќе биде кариерист.
И има учители кои што се у топ 100 у свет.
И после една проста пресметка за тоа какви му се шансите да стане претседател у Македонија на дпбне и какви ингиренции и права би добил со прифаќањето на една таква функција,како и највероватниот `карактер` на изборите што следат...
типот сконта дека не му треба таква ставка у неговото CV.

Токму затоа и не ми се допаѓаше многу многу за да би го гласал за позиција на претседател на Македонија, уште кога првите идеи беа пуштени за да го имаме за претседател, уште од времето кога освен љубе и него никој друг не беше претпоставуван како кандидат.
 
Еееее преку тасета од овакви патетики. ВМРО-ДПМНЕ има РЕЈТИНГ. Тој рејтинг ќе го материјализира и точка. Тоа е политика. Политиката не е плачење на прес конференција. Керим бујрум нека каже за неговата вмешаност со тајните служби, па онда може напред да гледаме.

Господинот Керим..откако не слушна(л) никаков абер од тие кои се сега на власт во државата....разбра(л) дека (конечно нели) стапнал на „трула„ штица..со тоа што ете му „дозволил„ на Зајко КУКУрајковски (без да го праша-ат) да го впише како свој (натпартиски разбира се) кандидат...
:salut:
 
Доколку се кандидираше сигурно ќе добиеше доста гласови, со оглед на неговата политичка биографија без оглед на тоа од која партија ќе беше поддржан. Како и да е мислам дека во наредниов период ингеренциите на претседателот ќе бидат значително намалени така да не прави преголема разлика кој и да победи.
 
Реалноста е секојпат поинаква одошто си мислат кандидатите..
Така да треба ..едноставно да се почека на изборот на гласачите..тоа е нивно право но и обврска..
И каков и да (си) изберат..таков и ќе го (секидневно) гледаат на ТВ екраните..
:tapp:
 
Најпаметна идеа, сепак после сите овие муабети и препирки овде, претежно нати го дајми го, ВМРО и СДСМ, е да си излеземе сите на гласање и да ги обрнеме гласоите наопаку, па тие што ќе ги бројат да им се сврте во умот од броење.
Гласајте бе едноставно за човекот кој според вас е идеален, кој знае да зборува, кој има потенцијали за дипломат и кој делува искрено и во корист на нашата Татковина.
Заборавете ги веќе еднаш вашите членства и обврски спрема некои партии и организации. Не ни е добра иднината ако не размислуваме со своја глава.
Да докажеме вака дека знаеме и можеме да го добиеме она што го сакаме.
Ја негувате вашата зависност од некоја партија и потоа се прашувате зошто таа партија ве злоупотребува и манипулира со вас. Бидете малку попаметни!
 
Ебаго де,не сме толку будали да бидеме малку попаметни.:pos2:
 
Гласајте бе едноставно за човекот кој според вас е идеален, кој знае да зборува, кој има потенцијали за дипломат и кој делува искрено и во корист на нашата Татковина.
Заборавете ги веќе еднаш вашите членства и обврски спрема некои партии и организации. Не ни е добра иднината ако не размислуваме со своја глава.
Се сложувам со ова, ама мислиш дека некој од кандидативе го има ова? Народот го сака Љубе, ама реални да бидеме далеку е од некој говорник и дипломат, а да не збориме за тоа како ќе изгледа во странство како поранешен затвореник (безразлика што беше ослободен). Иванов може е добар и се, ама првпат го гледам и од кај да знам што човек е? Фрчко ако го кандидираат не заслужува ни да го коментирам. Останатите ситни риби секако немаат шанса и што останува?
 
Останува Ѓорѓија Атанасоски,на свој ризик,со јака вољја,и да загинеш па ќе се спасиш.Барем сам ќе си ја плати кампањата,нема да краде од народов.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom